Author: Marta Pesevska

Шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија, потврди денеска генетското вештачење спроведено од руските истражни органи. На крајот од „генетското вештачење“ било утврдено дека идентитетот на десетте жртви чии тела биле пронајдени по урнувањето на авионот „одговараат на списокот“ на патниците и членовите на екипажот на авионот, меѓу кои бил и Пригожин, се наведува во соопштението на Истражната комисија. Истражителите на 25 август објавија дека ги пронашле и црните кутии со податоци за летот на авионот што се урна на 23 август. Извор: МИА

Read More

Прес-конференција, Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ Почитувани, Продолжувањето на нашиот европски пат обезбедува стабилна и сигурна иднина за граѓаните и државата, но и отвора огромни можности за развој и унапредување на земјоделството и големи придобивки за земјоделците. Со приемот во ЕУ ни се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи, на кој македонските земјоделци ќе може да ги понудат и пласираат своите производи. Европската Унија преку мерките од ИПАРД 3 програмата досега, има издвоено вкупно 217 милиони евра за директна поддршка на нашите земјоделски производители. Со пристапот на Македонија во Европската Унија,…

Read More

Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва на Мостот на поезијата свечено ќе се затвори 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. На настанот кој треба да започне во 20:30 часот ќе им бидат врачени награди на годинашниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски. На фестивалот настапуваат странски и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација. Во рамки на програмата во…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Република Словенија по повод учеството на Бледскиот стратешки форум, оствари средби со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Северна Македонија во градот Копер. На средбата беше истакната заложбата на Владата да негува врски со иселениците во Словенија со што придонесува за взаемно одржување на традицијата и културата што е заедничко за сите без разлика каде живеат. Соговорниците разменија мислења за важноста од воспоставување на добри бизнис практики како и развојни проекти меѓу Словенија и Северна Македонија. Премиерот Ковачевски посочи дека нашата дијаспора во Словенија преку своите бројни успеси остварени…

Read More

Бриселската полиција во текот на вчерашниот ден спроведе масовна акција за справување со криминалот и илегалната трговија со наркотици на Централната железничка станица во Брисел, при што се приведени над 30 лица, објави весникот „Соар“. Во акцијата учествуваа околу 200 полицајци и службеници на имигрантската служба, кои вршеа контроли на присутните на станицата. Според извештаите на локалните медиуми, покрај приведените осомничени криминалци од страна полицијата, дел од затекнатите лица на станицата се предени на имигрантската служба, а дел, пред се бездомници, се упатени во социјалните служби. По полициската акција на терен излегоа екипи на комуналните претпријатија од општините Сен Жил…

Read More

Украинската противвоздушна одбрана го одбива рускиот воздушен напад на периферијата на Киев, кој започна рано утринава, јавија светските агенции, повикувајќи се на воената администрација на украинската престолнина. Извор сведочеше за агенциите дека слушнал звук од експлозии. Воздушна тревога е активирана низ цела Украина во 5 часот изутринава. Извор: МИА

Read More

ДЕСТАН ЈОНУЗИ Христијан Мицкоски, преку својот лажен патриотизам се обидува да убеди илјадници наши сограѓани, соседи Македонци, но и Албанци, нација на која ѝ припаѓам, дека внесувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот е штетно за државата, како и за националните интереси на македонскиот народ. Извини, бе, бате Мицкоски! Веќе е јасно дека си играш со „оган“, манипулирајќи со идентитетот, културните и националните чувства. Од почетокот на расправата за уставните измени неколку пати ги менуваше ставовите. Извесен период не беше против вклучување на Бугарите во Уставот, но сакаше измените да се направат по моделот на хрватскиот Устав, потоа се договори…

Read More

Украина и Канада започнаа преговори за безбедносни гаранции, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Почнавме преговори со Канада за билатерален документ за безбедносни гаранции. Претходно почнавме со САД и Велика Британија. Тоа ќе и даде на Украина многу повеќе можности“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање, пренесува Укринформ. Тој исто така истакна дека повеќе од 20 земји веќе се приклучија на декларацијата на Г7 за безбедносни гаранции за Украина.

Read More

Едно лице загина, а 46 се повредени во две експлозии што се случија вчера на бензинска пумпа во Креведија, Романија, во близина на главниот град Букурешт. Во првата експлозија пожарот се проширил на две цистерни и блиска куќа. Наредена е евакуација на луѓе во радиус од 300 метри, а движењето на моторните возила е прекинато, информира романскиот Генерален инспекторат за вонредни ситуации (ИГСУ). На местото на настанот пристигнале 25 возила на противпожарната служба за гаснење на пожарот. Осум лица се интубирани откако се здобиле со тешки изгореници, соопшти Министерството за здравство. Во втората експлозија на бензинската пумпа LPG се повредени…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум, кој годинава е на тема „Солидарност за глобална безбедност“. Во рамки на Бледскиот стратешки форум, премиерот Ковачевски ќе учествува на работна вечера на покана и во организација на премиерот на Република Словенија, Роберт Голоб. Ковачевски, на Бледскиот Стратешки Форум, исто така е еден од говорниците на лидерскиот панел што ќе се одржи утре веднаш по отворањето на Форумот. На панелот ќе учествуваат и свои обраќања ќе имаат претседателот на европскиот совет, Шарл Мишел и премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на…

Read More

„Ако ја видите денешната прес конференција на претставникот на САД тој јасно кажува дека партнери на САД се тие кои што се за НАТО интеграции, ЕУ интеграции и за владеењето на право. Она што ние го делиме како вредности во владината коалиција и политички партии и лидерите на политичките партии во оваа коалиција“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „10 минути“ на ТВ21. Тој додаде дека некои од партиите во владината коалиција имаат полиберална визија за економијата, некои имаат поконзервативна, некои посоцијална, но сврзно ткиво се НАТО интеграцијата и евроинтеграцијата. „Секогаш нашата држава ја воделе две јасни цели во поглед на…

Read More

Драмски театар со претставата „Мојот маж“ во среда на 30 август гостува во Хрватска. На Бриони во организација на Театарот Улисис се одржува летното издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Гостувањето на членките од Регионалната унија на театри се реализира со изведба на претстави во рамките на фестивалската програма на театарско-музички проект на тимот на познатиот актер Раде Шербеџија, уметничката директорка Ленка Удовички и директорот Душко Љуштина. На фестивалот настапуваат познати теататски куќи и музичари од десетина земји. Претставата „Мојот маж“ е колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторски монолози. Режисер е Нела Витошевиќ, драматург е Викторија Рангелова-Петровска. Драматизацијата…

Read More