Author: Marta Pesevska

Пронајден е вториот дел од авионот „Ембраер“ во кој завчера вечер загина лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Локацијата на која е пронајден вториот дел од авионот може да биде многу важна за истрагата за причината за авионската несреќа во која загина Пригожин. Руските медиуми објавија и видео од вториот дел од авионот на Пригожин, кој се состои од крила и опрема за слетување, на кои нема траги од делување на противвоздушна одбрана. Извор: МИА

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во своја објава на Фејсбук напиша: Со прогресивни политики и одлуки може да се реформира и интегрира регионот во ЕУ. Ни треба развоен план, европски план што ќе го направи побрзо и поопипливо пристапувањето во ЕУ, бидејќи немаме бескрајно време на располагање да донесеме големи одлуки, порачав на панелот на Корчуланска школа, на тема „Ублажување на долгорочното влијание на балканската криза и постоечките предизвици – прогресивна перспектива“. Факт е дека долго време сме биле во чекалната, без некоја реална шанса за членство во ЕУ како што ја имаме денес, но исто така треба да…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан со кого разговараше за договорот за извоз на жито преку Црното Море. „Разговаравме за многу важни прашања. Украинска формула за мир, подготовки за Глобалниот самит за мир. Ризиците од руската блокада на коридорот за жито во Црното Море“, напиша Зеленски на својот профил на Телеграм. Турските медиуми објавија дека Фидан планира да разговара на темата за продолжување на договорот за извоз на жито од Украина и за време на неговата претстојна посета на Русија. Минатиот месец Москва го прекина учеството во договорот за…

Read More

Фракцијата демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ со осуда за односот на лидерот на партијата Христијан Мицкоски кон Заменик-помошникот државен секретар на САД  и специјален пратеник за Западен Балкан,  Габриел Ескобар и Амбасадорот на САД во Македонија госпоѓа Ангела Агелер.  Фракцијата го повикува таканаречениот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш и неодложно да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата која ја узурпира. Со денешното  инаетење,  спротивно на интересите на Македонскиот народ, граѓаните на Македонија и државата Македонија, узурпаторот Мицкоски, сам си ја отвори вратата кон буништето на македонската историја. ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била партија која се залага за вредностите на западните демократии на чело…

Read More

Ги внесуваме нашите европски вредности во дигиталниот свет, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер по повод денешното стапување во сила на Законот за дигитални услуги на ЕУ. – Со строги правила за транспарентност и одговорност, нашиот Закон за дигитални услуги има за цел да ги заштити нашите деца, општества и демократии. Од денеска, многу големи онлајн платформи мора да го применуваат новиот Закон, истакна Фон дер Лајен. Законот за дигитални услуги, усвоен во 2022 година, има за цел да ги сузбие нелегалните и штетни дигитални содржини и согласно него 19 големи онлајн платформите и пребарувачи…

Read More

Во рамките на мисијата за зацврстување на соработката со ГЕФ и зајакнување на меѓународната поддршка, министерката Шукова оствари билатерален состанок со раководителката за биодиверзитет и земјиште во УНЕП, Дорин Робинсон. На состанокот се разговараше за досегашната  успешна  соработка, се направи пресек на заедничките активности и се детерминираа новите можности за соработка во рамките на Програмите на ГЕФ. Нашата држава беше посочена како лидер во  регионот во спроведувањето на Програмите на ГЕФ, особено во областа на заштита на биолошката разновидност и заштита од деградација на земјиштето, заради што државата е одбрана за домаќин на состанокот на Конституенцата на Глобалниот фонд за…

Read More

Министерството за внатрешни работи за МИА потврди дека попладнево имало пукање во гаражите на трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Нема повредени лица. – Има пријава за трговски центар околу 16 часот. Нема повредени, велат од МВР. Во моментот полицијата врши увид. Засега нема информации кој пукал и кои се причините. Извор: МИА

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Подгорица, Црна Гора оствари билатерална средба со црногорскиот колега, министерот за внатрешни работи, Филип Аџиќ. Министрите ја оценија соработката меѓу двете Министерства  како одлична, нагласувајќи го заедничкиот интерес за продлабочување на соработката во борбата против организираниот криминал, илегалната миграција, трговијата со луѓе и шверцот со дрога. Министерот Аџиќ во оваа прилика му се заблагодари на министерот Спасовски за искрената поддршка и изрази очекување дека ќе продолжи интензивната полициска соработка и координирани активности. Потврда за висококвалитетната заедничка работа на полициите на двете земји се бројните оперативни информации разменети меѓу…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со новиот амбасадор на Република Австрија во земјава, Мартин Памер. Премиерот Ковачевски посака добредојде и успешен мандат на амбасадорот Памер, нагласувајќи го очекувањето дека богатото дипломатско искуство на амбасадорот Памер и познавањето на регионот ќе придонесат за натамошно збогатување на одличните односи меѓу Северна Македонија и Австрија. Заеднички е афирмирано силното и долгогодишно пријателство помеѓу двете земји, кои годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи. Посебно е нагласена успешната економска соработка, што ја докажува фактот дека Австрија е најголемиот странски инвеститор во нашата држава. На состанокот е разговарано за билатералните односи, но и…

Read More

Најсреќни сме кога сме дома, рече вечерва министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на дебата во Кавадарци. Караванот „Остави трага“ има за цел да се поттикнат младите да го зголемат нивното општествено учество, активацијата и подигање на свеста за еднаквоста во општеството. – На претходните настани зборував за мојата лична приказна, зборував за мојата Струмица, зборував за папата Јована, зборував за најновиот филм „Барби“, денеска ќе ги споменам среќата и љубовта. За да креираме, за да сонуваме, за да обликуваме и за да имаме иднина, треба да сакаме да бидеме среќни и да делуваме со многу љубов. Меѓутоа…

Read More

Центарот за култура од Крива Паланка доби 800.000 денари финансиска поддршка од Министерството за култура за изработка на проектно-техничка документација за целосна реконструкција и адаптација на објектот, кој повеќе децении не е обновен. Новиот проект го промовираше министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска на прес-конференција во Крива Паланка, која истакна дека зајакнувањето на културниот сектор има позитивно влијание врз сите сегменти на општеството. -Финансиската поддршка за овој проект, предложен од општината, е обезбедена преку Програмата за користење средства за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа во областа на културата. Со него се предвидува изработка на проектна документација за…

Read More

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, беше на списокот на патници на авионот што се урна во Русија, при што загинаа сите 10 лица во него. Се верува дека тој бил во авионот. Претходно, телеграмскиот канал „Сива зона“ поврзан со Вагнер објави дека авионот бил соборен од воздушната одбрана во регионот Твер, северно од Москва. Another video reportedly from the crash site of Prigozhin’s plane. There is information about the alleged death of both Yevgeny Prigozhin himself and Dmitry Utkin (Wagner), but there is still no official information.#Russia #Prigozhin #WagnerPMC #Ukraine https://t.co/QDX9KBpN9t pic.twitter.com/Je0hc9xTMI — News from Ukraine (@uasupport999) August 23, 2023…

Read More