Author: Marta Pesevska

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува намалување на инфлацијата за јули. Во тек е дизајнирање на нови мерки кои, како што изјави, доколку има потреба ќе се активираат од септември или почетокот на октомври. – Во понеделник најверојатно ќе излезат новите бројки за инфлацијата. Согласно прелиминарните податоци што како Министерство за економија ги поседуваме ќе има дополнително намалување на инфлацијата за јули. Како Министерство за економија заедно со другите институции и со стопанските комори и Организацијата за потрошувачи работиме на нови мерки кои, ако има потреба, ќе се стават во функција од септември или пак од почетокот на октомври, изјави…

Read More

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 8.8 милиони  евра, а крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година. Финансиските средствата по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, (грант)…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја посетил линијата на фронтот кај Бахмут на истокот од неговата земја, пренесе ДПА. По повод Денот на силите за специјални операции, тој им се заблагодари на тамошните војници за нивната посветеност. Зеленски на социјалните мрежи објави и видео на кое може да се види како се ракува со неколку борци и им доделува награди. Зеленски напиша дека бил информиран и од командантите за ситуацијата во силно оспоруваниот дел на фронтот. Сепак, тој во моментот не можеше да даде никакви детали. Руските трупи го освоија Бахмут пред неколку месеци по тешки борби. Оттогаш, тие…

Read More

Експертските групи од министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија одржале состанок во Софија, а кон крајот на септември се очекува да имаат нов состанок во Скопје. Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи смета дека ова е добар почеток во комуникацијата со соседна Бугарија после кризата во односите меѓу двете држави пред неколку месеци. – Разговорите се одвиваа во конструктивна атмосфера, се разговараа сите аспекти на билатералната соработка помеѓу двете држави и ќе продолжуваат со поголем интензитет овие средби. Мислам дека веќе на крајот на септември може да биде наредната средба во Скопје. Продолжуваме со поредовна комуникација,…

Read More

Македонската алијанса за европска интеграција придонесува кон континуираното подигање на свеста за посебниот македонски идентитет – позиција изградена низ децениите заеднички соживот, добрососедство, солидарност и уважување како реален респектабилен доказ како треба да се гради и развива граѓанското општество, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на четвртиот Конгрес на оваа политичка партија во Корча, Албанија, на покана од претседателот Васил Стерјовски. Според Спасовски, Македонската алијанса за европска интеграција, создадена во 2004 година во Тирана како прва и единствена македонска партија во Албанија што ќе се грижи за положбата и правата на Македонците во оваа држава, создава традиција на…

Read More

Ѓунер Исмал, политички аналитичар во интервју за Фронтлајн, вели дека опозицијата од самите почетоци била антиевропспки и проруска, нагласувајќи дека ретките меѓу опозиционерите имале јасни геополитички ориентири, но како и некогаш, така и денеска, тие се на маргините и изолирани. Со Исмаил разговаравме и за Скопје, од денешна перспектива со сите свои општествено-политички превирања, како и за европскиот пат на земјата и предизвиците што ни престојат. ФРОНТЛАЈН: Да почнеме со градот Скопје. Што се случува во тој град од Ваша перспектива? Дојде нова градоначалничка, а реакциите од нејзината работа, се благо речено, очајни. Излезе ли на површина „метрополитскиот провинцијализам“, го…

Read More

Поради зголемен број на барања за издавање на пасоши заради рокот до февруари да се сменат патните исправи, во конзуларните претставништва во Берн, Бон, Берлин и Минхен ќе биде воведено двосменско работење. Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на средба со новинарите рече дека се размислува двосменско работење да биде воведено и во нашето претставништво во Лондон. – Имаме голем прилив на барања за пасоши особено во одредени амбасади, пред се поради рокот до февруари 2024 година кога треба да се сменат пасошите. И затоа одлучивме да испратиме една група конзуларци од МНР, со цел да овозможиме двосменско работење…

Read More

Најважно е да не се ставаат односите меѓу навивачите во корелација со односите меѓу државите или било кои етнички групи или народи, бидејќи тоа е посебен свет кај навивачите и доколку дозволиме така лесно да се направи корелација и прелевање, само ќе направиме штета на односите. Сите оние кои ќе се обидат ова што се случи помеѓу навивачите да го стават во контекст на односите меѓу државите, немаат добри намери кон тие односи. Ова е пораката од министерот за надворешни работи Бујар Османи од денешната прес-конференција на која одговараше на новинарски прашање во врска со случувањата поврзани со натпреварот на…

Read More

Економскиот раст во земјава на среден рок ќе се стабилизира, значаен импулс ќе даде приватната потрошувачка и инвестициите, вклучително и капиталните инвестиции. Дополнително влијание врз економските перспективи ќе има и напредокот во ЕУ интеграцијата, која ќе придонесе и за зајакнување на структурните и институционалните капацитети. Земјата ќе продолжи со фискалната консолидација, намалување на инфлацијата и заштита на финансиската стабилност, како и со структурните реформи, а долгот ќе се одржува на стабилно ниво. Ова е нотирано во најновиот извештај на Агенцијата „Стандар и Пурс“ која го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија ББ- со стабилен изглед. Особено е значајно што кредитниот…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека победата на Украина сега ќе го одреди патот на нацијата за генерациите што доаѓаат и ќе ја докаже исправноста на вредностите основани пред илјада години. „За нас да победиме сега значи да го дефинираме патот на нацијата за генерациите што доаѓаат, да победиме значи да ги држиме заветите на вредностите чии темели беа поставени тогаш – илјада години пред мене и тебе, тоа е да избереме да се обединиме со светот, да избереме да бидеме учесници во светската историја, да имаме право на сопствена национална историја“, рече Зеленски за време на одбележувањето на денешниот…

Read More

Министерството за надворешни работи (МНР) ги осудува вчерашните инциденти во Скопје, пред, за време и по натпреварот Шкупи – Левски. Насилството, како што наведува, е неприфатливо во ниту еден случај, особено не кога резултира со тешки повреди. Органите за безбедност, додава МНР, ја имаат сета поддршка во спроведувањето на јавниот ред и мир. -Повредениот бугарски државјанин е третиран професионално и со соодветна грижа; во моментов тој се наоѓа во стабилна, но тешка состојба, и по хируршкиот третман закрепнува во болница во Скопје. Претставници на бугарската амбасада се во постојан контакт со повредениот бугарски државјанин и неговите роднини, како и со…

Read More

Амбасадата на Украина во Белград соопшти дека Украинците би сакале на веб-страницата на Собранието на Србија да го видат повикот до Русија да ја прекине агресијата врз таа земја, слична на онаа што ја објави Парламентот во Киев за време на бомбардирањето на СР Југославија, јави дописникот на МИА од Белград. Во соопштението по повод Денот на украинската државност, кој се слави на 28 јули, амбасадата наведува дека Украина во 1999 година „гласно го повика светот“ да престане со бомбардирањето на СР Југославиј, и преку соопштение на веб-страницата на Парламентот, Врховната Рада. – Обраќањето на Врховната Рада на Украина по…

Read More