Author: Sashko

Украинската контраразузнувачка служба, наводно, спречила четврти обид за атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува германскиот весник „Билд“. Група руски диверзанти, предводени од агент на тајната служба, е уапсена во градот Ужгород на граничното тромеѓе меѓу Украина, Словачка и Унгарија, објави агенцијата „Униан“, пишува „Билд“. За една недела спречени се дури три обиди за убиство на Зеленски. Покрај нападот врз Зеленски во Киев, речиси 25 лица учествувале во извршување на серија саботажи во владиниот округ и други делови на Украина. Тие се обиделе да се преправаат дека се припадници на територијалните единици на Украина и на тој начин да стигнат…

Read More

Велика Британија обезбеди над 4.000 противоклопни ракетни системи за украинските сили како помош во „нивниот отпор против руската агресија“, соопшти британското Министерство за одбрана, јави „Би-Би-Си“. Во серија твитови, Министерството вели дека уредите што биле испратени биле NLAW (Next Generation Light Anti-tank Weapons/Лесно противтенковско оружје од најновата генерација). Министерството се осврна и на видео кое го опишува како „руска пропаганда“. Се чини дека се однесува на снимки објавени од двајца истакнати руски измамници кои го прашале секретарот за одбрана на Велика Британија. Бен Валас за наводната програма за нуклеарно оружје за Украина и кои се чини дека сугерираат оти Британија…

Read More

Украинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека на околу 300.000 лица во окупираниот град Херсон им снемува храна и медицински материјал и притоа ја обвини Русија дека спречува цивилите да се евакуираат на територијата што ја контролира Украина. Портпаролот на украинското Министерство, Олег Николенко на Твитер напиша дека 300.000 жители на Херсон се соочуваат со хуманитарна катастрофа поради блокадата на руската армија. „Храната и медицинските материјали речиси исчезнаа, но Русија одбива да отвори хуманитарни коридори за евакуација на цивилите“, напиша Николенко. Русија засега не ги коментира овие наводи.

Read More

Полска денеска соопшти оти им предложила на американските претставници да ја исклучат Русија од групата Г20 на што, наводно, било позитивно одговорено. Полскиот министер за економски развој и технологија, Пјотр Новак изјави дека за тоа се разговарало на одржаните состаноци во Вашингтон во минатата недела. „За време на состаноците предложивме Русија да се исклучи од Г20, што наиде на позитивен одговор и одобрување, а прашањето треба да му се предаде на претседателот Џозеф Бајден“, изјави Новак пред новинарите во Варшава. Засега нема одговор од американското Министерство за трговија.

Read More

Сопственик на мобилна болница во воено подрачје во источна Украина во интервју за телевизија „Украина 24“ рече оти на своите лекари им дал наредба да ги кастрираат заробените руски војници. Не е познато дали неговата наводна заповед е само „игра на зборови“ или вистинска наредба. „Секогаш бев голем хуманист и велев ако човек е ранет, тој повеќе не е непријател, туку пациент. Но, сега дадов строги наредби да се кастрираат сите заробени руски мажи, бидејќи тоа се лебарки, а не луѓе“, рече Друзенко говорејќи за заробените руски војници кои се повредени. Рускиот истражен одбор отпочна казнена постапка поради неговите коментари…

Read More

Европол денеска предупреди на ризик за украинските бегалци од мрежата за трговија со луѓе и ги повика земјите на Европската Унија (ЕУ) кои ги примаат да бидат внимателни. „Бројот на потенцијални жртви кои доаѓаат од Украина би можел да привлече изолирани агресори и опортунисти кои се претставуваат како добронамерни, како и криминални мрежи кои се специјализирани за трговија со луѓе“, се вели во соопштението на европската полициска агенција. Како најзагрижувачки се потенцираат пограничните пограчја, центрите за прифаќање и сместување на бегалци и сообраќајни јазли како железнички и автомобилиски рути. Источна Европа е клучен извор на жртви на трговија со луѓе…

Read More

Рускиот регулатор за медиуми го блокира пристапот на францускиот канал „Еуроњуз“ во рамки на засилените контроли над информациите поврзани со рускиот напад во Украина. Според руските новински агенции, „Роскомнадзор“ ја блокираше страницата euronews.com и нејзината руска верзија ru.euronews.com врз основа на барање на Обвинителството. Мотивот за блокадата не е наведен. Од почетокот на руската интервенција во Украина на 24 февруари, руските власти значително ја засилија контролата врз информации кои се појавуваат на интернет. На многу руски и странски медиуми, меѓу кои и на „Би-Би-Си“, им е забранет пристап, додека судот во Москва денеска ги прогласи Фејсбук и Инстаграм за „екстремистички…

Read More

„Комсомолскаја правда“, московски таблоид близок до Кремљ, повикувајќи се на податоци на Министерството за одбрана, попладнево објави дека во инвазијата на Украина загинале 9.861 војник, додека повредени се 16.153, но таква информација вечерва е тргната од интернет страницата. Таблоидот сега тврди дека неговите интернет страници се хакирани и „неточните информации“ се отстранети. Официјален Киев, пак, тврди дека досега се убиени над 15.000 руски војници. Русија официјално објави дека за време на инвазијата на Украина досега загубила 498 војници.

Read More

Московскиот таблоид „Комсомолскаја правда“, близок до Кремљ, објави дека во инвазијата врз Украина досега се убиени 9.861 руски војник, а 16.153 се повредени. „Комсомолскаја правда“ се повика на руското Министерство за одбрана, иако од таму јавно не објавија такви податоци. Според последните официјални податоци објавени од Русија, до 2 март биле убиени 498 војници.

Read More

Министрите за надворешни работи и за одбрана денеска го усвоија предлогот за стратешки одбранбен компас за Европската Унија (ЕУ) со кој се координира и усогласува заедничката одбранбена политика на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Шефот на ЕУ дипломатијата, Жосеп Борел го поздрави усвојувањето на предлогот по две години преговори. Тој нагласи дека ова нема да стави крај на војната во Украина, но дека доаѓа во вистинско време кога секој граѓанин во Европа ја разбира целта за зајакнување на силата на ЕУ“. Целта на овој документ е да даде патоказ за земјите на ЕУ во справување со кризи и…

Read More

Управата на Меморијалниот центар „Бухенвалд“ во Германија соопшти дека маж на возраст од 96 години, кој преживеал низа на концентрациони логори за време на Втората светска војна, загинал во петокот во бомбашки напад врз неговата куќа во Харков. „Борис Ромашченко , кој имаше 96 години, активно водеше кампања за сеќавање на злосторствата на нацизмот и беше потпретаседател на Меѓународниот одбор „Бухевалд-Дора“, наведоа од Центарот во серијата објави на Твитер. Романшченко ги преживеа логорите во Бухенвалд, Пенеминде, Дора и Берген-Белсен за време на Втората светска војна, се вели во еден од твитовите, додавајќи дека е „запрепастени“ од веста за неговата смрт.…

Read More

Во досегашната работа на Управата за јавни приходи (УЈП) е утврдено дека одредени производи не се ставени во стапката „Г“ во која требало да бидат ставени. Кај одредени деловни единици е константирано дека тоа што значи основен производ и спаѓа во делот на одлуката на Владата, не се почитува до крај, истакна вечерва директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Таа, во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, наведе дека, согласно она што го утврдиле од теренските контроли во изминатите два дена, во интерес на граѓаните и во интерес на зачувување на стандардот, УЈП има обврска, и професионална и…

Read More