Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Сашка Цветковска
Иако во Куманово во изминатите 2 часа се чинеше дека ситуацијата се смирува и само повремено се слушаа рафали, веќе половина час, пукотниците стануваат се пожестоки- се слушаат рафали и детонации а може да се забележи висок чад од објекти кои горат, јавува репортерката на НОВА, Сашка Цветковска
Еден од моментите кој предизвика внимание на мирниот протест пред Собранието е кога еден од демонстрантите кој носеше шлем на жена – полицаец и подаде цвеќе, додека таа со насмевка го проследи гестот на младиот човек иако не го зема цвеќето
Демонстрантите се спречени да протестираат пред зградата на владата која е опколена со кордони полицијата. Тие во моментов стојат на крстосницата со булеварот Св. Климент Охридски и извикуваат „Оставка“, но и ги убедуваат полицајците дека треба да застанат на нивна страна
Ова е реторика на заострување на една конфронтација со граѓаните и ова може да води само кон уште подлабока поделба и поголеми конфликти, вака експерти ги опишуваат изјавите на функционерите по вчерашните судири помеѓу демонстрантите и полицијата
Демонстрантите и полицијата се судрија некаде по 9 часот. Протестите започнаа мирно, но состојбата подоцна ескалираше. Во протестите има и повредени полицијајци и цивили
Во светло на последната „бомба“ на опозицијата која, според нивните тврдења, открива како министри и високи функционери заговараат нов закон врзан со работата и контролата на разузнавачките служби, НОВА репризира една од видео сториите посветена токму на носењето на контроверзниот закон
Општината Центар е заобиколена во одлучувањето бидејќи владата донесе одлука за утврдување на градби од посебен интерес на овие две локации. Тоа значи дека ДУП-от се менува на сила, без стручна расправа, јавна анкета и другите вообичеани процедури
Хаим Хакини или Израелецот од „бомбата“ на Заев работел за безбедносните служби на Израел до 1997 година, кога се сели во приватниот сектор. МВР, пак, во своето официјално соопштение обвини дека Заев издал идентитет на службено лице од Министерството за одбрана на Израел
НОВА пред две години објави две истражувања во коишто професорката од факултетот за безбедност и дел од раководството на СДСМ јавно говореше за причините кои и донесоа суспензија од позицијата продекан.
Сторијата е објавена на НОВА во Мај, 2014 година, а ја реобјавуваме во светло на последната „бомба“ на опозицијата на којашто претседателот на СДСМ Зоран Заев обвини дека директорот на тајната полиција Сашо Мијалков земал нелегални провизии за склучување зделки со израелска фирма за набавка на опрема за следење.
НОВА со ексклузивна галерија од седиштето во Белизе каде што се регистрирани многу македонски компании, вклучително и компанијата на кумот на премиерот којашто купи илјадници хектари земја во најелитната населба во Македонија
НОВА истражуваше како и во чии раце завршила атрактивната земја во најелитната македонска населба. Сопственоста води до земјата – даночно прибежиште Белизе во Централна Америка, а НОВА пренесува и ексклузивни фотографии од компанијата во Белизе каде што се наоѓаат тајните сопственици на многу македонски компании поврзани со моќни лица во власта и бизнисот