Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Сашка Цветковска
Митревски истакна дека не му требал протест, оти за работничките права можеле да се борат и со преговања и договарања. Додека Митревски делеше капчиња на плоштадот истакнувајќи ја и својата соработка со владата, останатите синдикати протестираа.
Транспаренси Интернешнл обелоденија документи кои покажуваат дека огранокот на ВМРО ДПМНЕ на 26 Март годинава во Прилеп платиле во кеш, односно со каса-прими трошоци за местење бина во Прилеп за митинг на партијата, додека Артан Груби праќал маилови со наредби до општините за надмирување на партиските трошоци
Огромни нерегуларности и бројни злоупотреби го одбележуваат гласањето за парламентарните извори и вториот круг од претседателските избори, обвини опозициска партија на прес конференција која се одржа попладнево
Претседателот на ЗНМ Насер Селмани за НОВА вели дека случајот со отстранувањето на новинарите од Собранието на 24 Декември ќе го тераат до Судот за човекови права во Стразбур, откако Уставниот суд ги одби двете нивни барања за расправа за уставноста
Потрошувачката кошница според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија во месец Март изнесувала 32.133 денари. Од нив, едно четиричлено семејство треба да издвои околу 23 илјади денари или речиси 70 проценти само за исхрана и сметки
Феми Зекири тврди дека министерката Јанкуловска излажала кога рекла дека инцидентот во Радишани се случил поради сообраќајка. Тој за НОВА вели дека инцидентот започнал кога толпа млади од штабот на ВМРО ДПМНЕ кои славеле изборна победа почнале да викаат пред нивната куќа „Шиптари зошто не гласате? Шиптари одете си од Радишани!“
Сопствениците на куќата во Радишани тврдат дека Јанкуловска лаже кога вели дека инцидентот ноќта на изборите почнал поради сообраќајка. Во разговор за НОВА тие велат дека групата млади луѓе кои славеле изборна победа почнале да им се дерат под прозорот во куќата: „шиптари излезете да гласате, селете се од државата“
Телевизиите Сител, Канал5 и Алфа биле пристрасни во известувањето за Иванов. Ако тонот кон него бил воглавно позитивен, тонот кон Пенаровски бил воглавно негативен. За дебатата на МТВ1 се нотира дека „по дебата била организирана дискусија која воглавно била насочена кон грешките на Пендаровски“.
Невладината организација Синергија од Штип кој досега единствено се огласи како предводник на коалицијата „Излези да гласаш“и која на јавен оглас бараше волонтери-набљудувачи за овие избори ја предводи екс-советничка во општината Штип од страна на една од партиите на власт и екс-директор на штипската библиотека
Гласањето во Шутка е помеѓу најтензичните во државата според податоците кои ги споделуваат набљудувачите и новинарските екипи на терен. Екипите на НОВА и ФОКУС беа спречени слободно да направат снимки од гласачките места
Утрово до редакцијата на НОВА пристигна писмена реакција од страна на отпуштената новинарка од „Утрински весник“ Анета Блажевска во која таа бара да објавиме извинување до МПМ,издавачот на весниците „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“, и до директорката на МПМ Јана Станисављева
Премиерот Никола Груевски во завчерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на Сител 3 телевизија изјави дека вработени во министерството за финансии биле деноноќно ангажирани за да ја прават изборната програма на ВМРО ДПМНЕ