Author: Биљана Секуловска

https://www.youtube.com/watch?v=PXpKTwMCcAo Нова епизода на емисијата на НОВА ТВ „Заедничка Азбука“ – учиме македонски, албански и турски. Азбука на слободата, солидарноста и љубовта. Оваа недела го учиме зборот – СОЛИДАРНОСТ.

Read More

Да се фокусираме на забавните вести кои ги донесе Груевски од Брисел- на тамошната администрација лично тој, поранешен премиер, сега лидер на ВМРО-ДПМНЕ, со истоштен глас  и се жалел од новата Влада на Заев. Што изјавил Груевски- дека новата власт врши притисоци врз медиумите и судството: “Во Македонија постои една од најлошите ситуации во историјата на Македонија во која се гуши медиумскиот простор и се тераат сите медиуми да информираат само афирмативно и никако критички за новата Влада, што не е добро за демократијата“. Груевски само две работи не им соопштил на бриселските функционери- првата е дефиницијата на владеењето на…

Read More

Вицепремиерот Кочо Анѓушев пред неколку години на листата на Форбс бил прогласен за еден од петте најбогати Македонци. Тоа е голема чест веројатно, за оние кои влегуваат во такви трки, за оние кои секако дека имаат тежок почеток, тогаш кога крајот знаат како да го постигнат а да не се  препнат од камчето кое ги жули во сјајниот, црн и непослушен чевел. Турканицата на такви листи претпоставувам дека е голема, конечно сите сме направени од различен материјал- некому парите му влеваат надеж дека светот само така опстанува, што за жал, не е далеку од вистината. Некои пак, од имагинарниот свет…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=NzShBHVix-w Дебата на НОВА со Дане Талевски, советник за надворешна политика на премиерот Заев и новинарот Мирче Адамчевски- за офанзивата на Македонија за влез во НАТО, опциите за решавање на спорот за името, како и за руското влијание.

Read More

Навистина, што со оние кои молчеа сиве овие 11 години, додека владееше Никола Груевски и она што го создаде од оваа земја, груевизмот. Примитивизмот, стравот, кукавичлукот, мизеријата која ги обвитка луѓето, пајажината ги покри нивните усти, пердето нивните очи, валкани течности нивните уши. Што со тие луѓе, кои кога ви пружаа рака и ви се претставуваа како интелектуалци, тоа им го дозволуваше професијата, дипломите, престижните училишта, културниот капитал пред се, кој гласно извикуваше низ годиниве- дека тој е наспроти се што тие претставуваат и дека се срами од нив. Мартин Пановски, сега претседател на Сојузот на архитекти- еден од ретките…

Read More

НОВА со гордост ви ја претставува емисијата “Заедничка азбука”- во која учиме македонски, албански, турски јазик. Секој научен збор еднаш неделно не води во еден поинаков, подобар свет, каде знаењето подразбира слобода, еднаквост, братство, толеранција, љубов. Автор на емисијата е Биљана Секуловска. Монтажа- Дарко Стефановски. Камера- Наке Батев https://www.youtube.com/watch?v=s1YCx36DuCQ

Read More

Се разбира дека има право Миљенко Јерговиќ кога вели дека светот ќе го спасат луѓе кои читаат. Дека може да се преживее само ако се читаат најдобрите, не затоа што се Македонци, Албанци или Французи, може да се прогласи бесмртност на светот само ако ги сакаме книгите на сите јазици, на најубавите јазици, македонски, албански или француски, понатаму дополнете ги сите можни јазици, сите националности, ставете се што сакате и кого сакате. Она што е важно е да ја слушнете  и другата музика од онаа со која сте се родиле и мислите дека само со неа морате и да умрете.…

Read More

Под диригентска палка на светски прославените маестро Владимир Ашкенази од Русија и пијанистот Симон Трпчевски на отворањето на Македонската филхармонија не успееја да се провлечат две големи актерки. Тие актерки не беа поканети на отворањето на новиот објект на Филхармонијата, која славеше 73 години од своето постоење. Без присуството на Милица Стојанова и Љупка Џундева  во оваа земја, културата немаше да ја има светлината која им припаѓа и ни ја подариле, идентитетот ќе луташе како осамен човек кој пуштил коса и брада и не знае каде да се упати и кому да се обрати за да се распраша за патоказите,…

Read More

Пред да започнеме со сериозна критика на работењето на Заев и неговите најважни луѓе, тогаш кога ќе направи Влада, срцето и целата сила на душата остануваат посветени на фасцинацијата кон Груевски, нашиот иден непребол. Погледнете го ве молам како важно и силно, за да татни земјата, тој чекори кон нови победи, предизвици, успеси, додека на сите не ни се сврти од таа тежина што ја надвиснала Земјата. Тој, како одважен лидер на ВМРО, најавува нова фабрика за, ништо помалку или повеќе- туку кабли, дами и господа, која ќе биде изградена во јуни, овој јуни, ова лето, оваа година, тогаш кога…

Read More