Author: Соња Крамарска

Специјалниот обвинител Саша Чаѓеновиќ денеска е уапсен под сомнение за создавање криминална организација и злоупотреба на службената положба, соопшти Државното обвинителство на Црна Гора. „По наредба на Специјалното државно обвинителство, Специјалното одделение за полиција утрово го лиши од слобода специјалниот обвинител С.Ч. поради основи на сомнение дека вршејќи ја функцијата специјален обвинител, во периодот од средината на – Од 2020 до 2022 година сторил кривично дело создавање злосторничка организација и повеќе кривични дела злоупотреба на службената положба“, се вели во изјавата на портпаролот на Обвинителството Вукас Радоњиќ. Се додава дека Специјалното државно обвинителство „навремено ќе ја информира јавноста за сите…

Read More

Британскиот премиер Риши Сунак најави соработка меѓу Велика Британија, Италија и Јапонија за развој на нов борбен авион кој користи вештачка интелигенција. Премиерот вели дека заедничкото вложување има за цел да создаде илјадници работни места во Велика Британија и да ги зајакне безбедносните врски. Трите држави ќе развијат ловец од следната генерација – кој треба да стапи во употреба во средината на 2030-тите – и ќе го замени авионот Тајфун. Сунак рече дека партнерството „ќе ја чува земјата безбедна од новите закани со кои се соочуваме“, денеска при посетата на базата на Кралската воена авијација. „Ние сме една од ретките…

Read More

Уставниот суд со соопштение до јавноста извести дека од денеска работи со шест од потребните девет судии откако денес завршил мандатот на судијката Вангелина Маркудова која заминува во пензија. Последната седница на којашто присуствувала судијката Маркудова се одржала во средата на 7 декември и тогаш завршиле нејзините работни обврски во Уставниот суд. Последниот предмет на која работела Маркудова е за Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица и по овој предмет Уставниот суд поведе постапка, односно изрази сомнеж во уставноста на членот 22 кој им овозможува на разрешените функционери или оние кои сами си дале оставка…

Read More

Апсолутно е клучно Северна Македонија да се справи со корупцијата во земјава која се влошува. Ја имате британската поддршка за тоа, објави на официјалниот твитер профил амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија Метју Лосон, по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември. „Неодамнешните вознемирувачки извештаи сугерираат дека корупцијата во Северна Македонија се влошува, а не се подобрува. Корупцијата го поткопува владеењето на правото, создава недоверба во судството и ги ослабува јавните институции. Обединетото кралство ја поддржува Северна Македонија. Апсолутно е клучно справувањето со тоа“, стои на твитер налогот на британскиот амбасадор Лосон.

Read More

Дизелот од полноќ поевтинува за пет денари, а поголемо намалување ќе има и кај бензините, потврдуваат за МИА од Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 4 денари. Намалување ќе има и кај екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм. Намалувањето е резултат на намалените цени на референтните берзи и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот. „Денешната одлука е потврда дека Регулаторната комисија за енергетик работи во интерес на граѓаните. Довербата што ја градиме е…

Read More

Субвенционирано снабдување со електрична енергија преку ЕСМ продажба почна од 1 декември за пријавените и прифатени физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, по шифри опфатени во одлуката на Владата. Субјектите од оваа категорија кои не поднеле документи или при пријавата поднеле некомплетни документи, можат да се пријават со комплетна документација до 20.12.2022г и да бидат снабдувани преку ЕСМ Продажба од 1.1.2023година, соопштија од ЕСМ. Одлуката на владата со која на ЕСМ Продажба му се даде обврската за снабдување на дополнителен број потрошувачи, е донесена со цел да се спречи раст на…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради ситуацијата на Косово, се сретна со министерот за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ. Во текот на ноќта и утрото со министерот за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили Милан Мојсиловиќ… нема предавање!“, напиша Вучиќ на Инстаграм. За потсетување, припадниците на косовската полиција од редовните единици од синоќа почнаа да влегуваат во северниот дел на Митровица, со цел да го зголемат присуството во деловите на градот каде што живее етнички мешаното население, меѓу кои се пред се Албанци. Како што изјавија од…

Read More

Самитот во Тирана заврши а регионалните и европските лидери ги сумираат впечатоците од средбите и изразените ставови. Денес, кога во Европа се води војна, да се соберат сите балкански и европски политички ѕвезди на едно место е порака сама за себе, а за Македонија и домаќинот Тирана е уште една доза на оптимизам дека деценискиот пат кон членство во ЕУ ќе израсне во автопат по кој ќе „возат“ побрзо. ЕУ стави на маса пакет помош од една милијарда евра за земјите од Западен Балкан, за да можат на најсиромашните да им дадат помош за струја и греење и да инвестираат…

Read More

Моќниот циклон кој за време на викендот ќе го погоди целиот Балкански Полуостров, ќе донесе опасност од локални поплави, вели метеорологот Славчо Попоски. Со продорот на многу постуден воздух од Арктикот, во речиси сите земји од регионот се очекува и снег кој во планинските места ќе достигне висина дури и повеќе од 20-30 сантиметри, објаснува тој за НоваТВ. Во Алпскиот регион се очекува снежна покривка дури и од повеќе од 100 сантиметри. „Би сакал вонредно да најавам дека во регионот доаѓа вистинска снежна бура за време на викендот, како и во почетокот од следната седмица. Интензивни врнежи најпрвин од дожд и можни се локални…

Read More

Град Скопје утре ќе објави повик за приватен превозник на автобуските линии 20 и 22, соопштија попладнево од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска. „Ги повикуваме сите приватни превозници да аплицираат на објавениот јавен повик, индивидуално или преку претставник на група на приватни превозници“, се вели во соопштението. Во соопштението се наведува дека „ниту ‘Слобода Превоз’ ниту ‘Макекспрес’ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна“. „Јавниот градски превоз, го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи. Во случајов,…

Read More

Авион МиГ-21 на хрватската армија денеска се урна во близина на Дарувар, јавија хрватските медиуми. Авионот се урнал за време на тренинг лет при што еден од пилотите се катапултирал, а по другиот се трага. Според хрватското Министерство за одбрана, авионот се урнал кусо пред 14 часот во област кај Слатина во вировитско-подравинската жупанија.

Read More

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека Австрија се противи на пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Тој оваа изјава ја даде за време на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана. „Министерот за внатрешни работи јасно стави до знаење. Нема одобрение од Австрија за проширувањето со Бугарија и Романија. Потребно е повеќе време. Имаме 75.000 нерегистрирани илегални имигранти во Австрија. Тоа значи дека ја поминале надворешната граница на Европската Унијата и заврши во земја без море како Австрија. Прво треба да одговориме на овие безбедносни прашања“, рече Нехамер. Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави во Тирана дека Романија ќе преговара до…

Read More