Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Премиерот Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими го презентираа новиот концепт на даночна реформа. Новата даночна реформа е дел од Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025), каде се утврдени главните цели на даночните реформи, поставени во пет приоритети. Ковачевски рече дека не се предвидуваат нови даноци, ниту пак ќе има даночно зголемување, и најави дека данокот на личен доход останува со единствена стапка од 10 посто и дека нема да стапи на сила прогресивното оданочување кое беше планирано од 1 јануари 2023. Премиерот објави и дека данокот на добивка останува 10 посто и нема да се зголеми, исто…
На 1 и 2 декември полскиот град Лоѓ е домаќин на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Годишниот состанок на министрите за надворешни работи на 57-те земји-членки на ОБСЕ e на покана на претседавачот на ОБСЕ, полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау. Забележително беше отсуството на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој сакаше да се приклучи на состанокот, но од Полска, актуелниот претседавач со ОБСЕ, му беше забранет влез во земјата. Полскиот претседавач, министерот за надворешни работи Збигњев Рау, рече дека има одговорност да ги брани „фундаменталните принципи“ на ОБСЕ и тврдеше…
Град Скопје го раскина договорот со „Слобода Превоз“ и ги покани превозниците на поединечни договори
Договорот со здружението на приватни превозници „Слобода Превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските кои произлегуваат од договорот, соопштија попладнево од Град Скопје. „Во случајов, се работи за обврската за континуирано и непрекинато давање на јавната услуга за превоз на патници. За жал ‘Слобода Превоз’ повеќе од два дена во континуитет не ја извршуваше оваа договорна обврска со што поради непочитување на договорот истиот е раскинат“, се наведува во соопштението објавено по тој повод. Градот, истовремено, ги повика заинтересираните приватни превозници да се јават на јавниот повик кој ќе биде објавен во текот на следната недела. „Сметаме дека со…
Претседателите Џо Бајден и Емануел Макрон ја слават долгогодишната американско-француска врска – но тие се пријатели со разлики. Францускиот претседател ја користи својата посета на Вашингтон за остро да ги критикува аспектите на потпишаниот закон за климата од американскиот претседател, кои според францускиот претседател се лош договор за Европа. Бајден вечерва ќе му оддаде почит на Макрон со првата државна вечера од неговото претседателствување. Но претходно, двајцата лидери ќе седнат во Овалната соба на утрински разговори за кои официјални лица од двете страни рекоа дека се очекува во голема мера да се фокусираат на напорите на лидерите да останат обединети…
Српската листа објави дека именувањето на Ненад Рашиќ за министер за заедници и неговото враќање во владата во Приштина без согласност на српските пратеници е „неуставна одлука“ и „е најдобар пример за автократскиот“ косовски премиер Албин Курти. Како што е најавено во соопштението, пратениците на Српската листа „против овој очигледен диктаторски потег на Албин Курти“ ќе поднесат жалба до Уставниот суд на Косово, „кој без никакво одлагање ќе треба да потврди дека се работи за кршење на Уставот и кршење на правата на српскиот народ“. „По континуираното кршење на Бриселскиот договор, Албин Курти уште еднаш покажа дека не ги почитува…
Семинарот „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ започнува в понеделник, 5 декември, во 9:30 часот, во хотел Сити Парк. Цивил, во партнерство со Youth4Media (Y4M) од Германија подготви навистина богата и динамична програма на семинарот, што е дел од првото издание на Меѓународната недела на новинарството отпорно на дезинформациите и пропагандата. За учесничките и учесниците на семинарот се отвораат можности за соработка со Цивил и со партнерските организации, како и можноста за учество во меѓународната размена и практична обука во Германија и други европски држави. Д-р Волфганг Ресман, прв човек на меѓународниот проект Медиумски дијалог и Лена Кроненбургер, уредничка на fortytwomagazine од…
Министерството за внатрешни работи информира дека утре (2 декември) СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булевар „Илинден“ поради најавен протест од приватните превозници кој ќе почне во 6 часот. Како што информира МВР, посебен сообраќаен режим ќе има од крстосницата на булевар „Илинден“ со булевар „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со булевар „8 Септември“ и околните улици. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.
Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин се добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година, која се доделува за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Одлуката за добитниците на признанието за оваа година ја донесе одбор под претседателство на Уранија Пировска. Државната награда „Мето Јовановски“ на годинашните добитници ќе им биде врачена на 10 декември 2022 во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија. Извор: МИА
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја повика Германија да продолжи да ги зајакнува своите вооружени сили, во услови на изменета безбедносна средина. „Одлуката на Германија за значително зголемување на трошоците за одбрана е историска со инвестиции во нови борбени авиони, хеликоптери, бродови и подморници“, рече Столтенберг пред учесниците на безбедносната конференција во Берлин. „Ова е навистина пресвртница, која ја одразува нашата променета безбедносна средина“, рече тој алудирајќи на руската војна против Украина. „Потребен ни е силен и подготвен Бундесвер. Тоа е важно за безбедноста на Германија, важно е за безбедноста на Европа и важно е за глобалната безбедност“, рече…
Францускиот претседател Емануел Макрон е во историска посета на САД. Започна со посета на седиштето на НАСА во Вашингтон заедно со американската потпретседателка Камала Харис, јавува Anadolu Agency. Макрон и Харис разговараа за партнерството меѓу САД и Франција во вселената, кое трае повеќе од шест децении, изјави претставник на Белата куќа. „Ова ќе биде можност да се разгледа постоечката соработка во областа на вселенската наука, истражувањето на вселената и употребата на податоците собрани од вселената за борба против климатските промени“, рече претставникот. Пред состанокот, Макрон рече дека САД и Франција направиле „многу заедно во последните децении“ и дека имале „многу…
ЕСМ го плати природниот гас наменет за АД Скопје Север за испорака на греење и потрошувачите во општините Чаир и Бутер од утре наутро повторно ќе имаат парно греење. Топланата АД Скопје Север го потпиша договорот за деловно-техничка соработка со ЕСМ, за што ЕСМ на почетокот на грејната сезона доби задолжение со одлука од Влада, а по барањето искажано од АД Скопје Север за финансиска поддршка за набавка на гас. ЕСМ со средства добиени наменски од буџетот на Северна Македонија во текот на попладневните часови изврши плаќање на потребните количини гас кај добавувачот на АД Скопје Север, МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС, по…
Ветерниот парк „Богданци“ е прв ветерен парк во Северна Македонија со вкупна вредност од 76 милиони евра од кои 0,4 милиони евра грант обезбедени од ЕУ (преку ИРЗБ), 65,9 милиони евра заем од KfW развојна банка и 9,7 милиони евра придонес на корисникот. „Богданци“ е и првиот ветерен парк на Западен Балкан, кој поради големиот ветерен енергетски потенцијал, произведува околу 100 GWh годишно што е доволно за снабдување со енергија за повеќе од 16.000 домаќинства на југот на земјата. „Утре ќе се уверам во еден важен проект за иднината, во Богданци ќе имам прилика да го посетам првиот ветерен парк…