Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обновливи извори на енергија – ветерни паркови во Северна Македонија: колку се очекуваат во следните пет години

0
By Соња Крамарска on November 30, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 30, 2022 16:15

Ветерниот парк „Богданци“ е прв ветерен парк во Северна Македонија со вкупна вредност од 76 милиони евра од кои 0,4 милиони евра грант обезбедени од ЕУ (преку ИРЗБ), 65,9 милиони евра заем од KfW развојна банка и  9,7 милиони евра придонес на корисникот. „Богданци“ е и првиот ветерен парк на Западен Балкан, кој поради големиот ветерен енергетски потенцијал, произведува околу 100 GWh годишно што е доволно за  снабдување со енергија за повеќе од 16.000 домаќинства на југот на земјата.

„Утре ќе се уверам во еден важен проект за иднината, во Богданци ќе имам прилика да го посетам првиот ветерен парк на Западен Балкан изграден за само 18 месеци со германска поддршка. Овој ветерен парк е пресвртница за поеколошко снабдување со енергија во вашата земја“, изјави вчера германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, посочувајќи дека ветерните паркови се патот кој води до еколошка трансформација.

Штајнмајер го посочи и ветерниот парк „Вирови“, кој е во крајна фаза и се очекува да снабди 290.000 домаќинства.

Ветерниот парк „Вирови“ беше најавен во октомври 2021 година како  415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра, како најголема гринфилд инвестиција од германската компанија „WPD“.

Според плановите на „WPD“, која работи во 28 земји и располага со над 5.000 мегавати инсталиран капацитет во обновливи извори, проектот „Вирови“ треба да оди во три фази – во 2025, 2026 и 2027 година.

Стратегија

Во Програмата за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година се предвидува во 2040 година следните капацитети да бидат инсталирани во системот: постојни

– ТЕТО (290 MW) + нова капацитет на природен гас (450 MW)

– Хидро електрани вкупно 1570 – Постојни хидроелектрани (околу 700 MW), Чебрен (450 MW

според пред физибилити студијата на ЕСМ ова е најдоброто сценарио), Вадрарска Долина

(310 MW, Велес, Градец и мали), Глобочица II, Канал Теново- Козјак и мали хидро електрани

– Соларни електрани 750 MW

– Ветерни електрани 1400 MW

– Електрани на биогас (30 MW)

– Електрани на биомаса (15 MW)

Исто така, се планираат да се изградат уште два ветерни паркови во наредните пет години според стратегијата, кои треба да го подигнат вкупниот капацитет на Северна Македонија до 86 MW

Првиот приватен проект ветерна енергија во земјата е „Богословец“, започнат во 2021 година и се планира да биде финализиран почетокот на 2023 година. Тоа е втор по проектот Богданци кој беше пуштен во употреба во 2015 година од ЕСМ. „Богословец“ е меѓу најновите инсталации на ветерни електрани во Северна Македонија, со вкупен капацитет од 36 мегавати со цел да го пренасочи своето национално производство на електрична енергија, во кое сè уште доминира јаглен (лигнит), кон зелени извори. Во наредните 25 години треба да овозможи зелена енергија за околу 20.000 домаќинства во државата.

Финансиска поддршка

Сепак, поддршката во форма на заем за специфични и релевантни проекти за климатски промени постепено се зголемува. Неодамна АД Електрани на Северна Македонија доби два големи заеми од Германската банка за развој (KfW). Средствата се наменети за финансирање два големи енергетски проекти за ублажување на климатските промени: првиот за централно греење во Битола, Могила и Новаци (39 милиони евра од Германската банка за развој и 7,3 милиони евра од самата компанија); и вториот е за проширување на паркот на ветерници во Богданци (18 милиони евра од Германската банка за развој и три милиони евра средства од компанијата).

Б. Јордановска за Green Civil

 

Богданци ветерни паркови Франк Валтер Штајнмаер Франк-Валтер Штајнмајер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.