Author: Соња Крамарска

Косовскиот премиер Албин Курти го прифати барањето на американскиот амбасадор Џеф Ховениер да се одложи за 48 часа спроведувањето на одлуката за казни за граѓаните со „незаконски“ регистарски броеви. Вакво барање американскиот амбасадор упатил во доцните часови до премиерот, што Курти го прифатил. „Му благодарам на амбасадорот Ховениер за неговата посветеност. Го прифаќам неговото барање за одложување за 48 часа за изрекување глоби за нелегални таблички „КМ“ (и други). Среќен сум што ќе работам со САД и ЕУ за да се најде решение во следните два дена“, напиша Курти на Твитер. Претходно властите во Косово предупредија дека од 22 ноември…

Read More

СОЊА КРАМАРСКА Некој би рекол што има Македонија да коментира за состојбите во Твитер и има право затоа што овде имаме само 93,8 илјади Твитер корисници наспроти 280 илјади на Линкдин, 809 илјади на Инстаграм и 945 илјади на Фејсбук.   Твитер земјотресот главно ги зафати Вашингтон и Њујорк каде се води една од најголемите битки досега меѓу Демократите и Републиканците, или подобро речено меѓу Демократите и Доналд Трамп кој деновиве од новиот газда на Твитер, Елон Маск, е почестен со враќање на суспендираниот профил на социјалната мрежа. Во неговиот познат театрален стил Маск бучно ја извести јавноста дека…

Read More

Од самиот почеток на воспоставувањето на Денот на достоинството и слободата во 2014 година, Украинците го слават овој датум во воени услови. Воените дејствија се одвиваа на исток, токму таму украинската армија ги бранеше највисоките вредности, за кои се бореа на Мајданите, токму таму ризикот од губење на овие вредности го разбираа со особена острина. Во февруари оваа година, бојно поле за слободата и независноста на нацијата и независноста стана цела Украина. Агресијата од големи размери на русија против Украина ја претвори нашата држава во еден вид Мајдан со нејзините основни принципи на самоорганизација, консолидација, взаемна помош и бестрашност. Војната…

Read More

Учениците во неколку области во Пекинг повторно се на онлајн настава откако властите ги повикаа жителите во некои од најтешко погодените области да останат дома, бидејќи се зголеми бројот на заразени со КОВИД-19 во кинескиот главен град и земјата. Кина се бори со нова епидемија на КОВИД-19. Во некои места се пријавени 26.824 нови случаи, што е бројка како во пикот во април. Два смртни случаи беа пријавени и во Пекинг, во споредба со еден во саботата, што беше прв во Кина од крајот на мај. Гуангжу, јужен град со скоро 19 милиони луѓе е најпогоден од враќањето на вирусот.…

Read More

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси ги оцени вчерашните напади врз украинската нуклеарна централа во Запорожје како „апсолутно намерни и насочени“ и додаде дека ситуацијата е „сериозна“. „Повеќе од десет напади беа насочени директно кон разводната табла“, рече Гроси во интервју за француската онлајн телевизија BFMTV. Гроси не им ја препиша одговорноста на руските или украинските сили, туку додаде дека е неверојатно некој да ја смета нуклеарната централа за легитимна воена цел. „Кој и да е, ова лудило треба да се престане. Луѓето кои го прават ова знаат каде удираат. Тоа е апсолутно намерно и…

Read More

„Омразата не може и не смее да биде толерирана“, порача американскиот претседател, Џо Бајден, во изјавата дадена синоќа како реакција на пукотницата во ЛГБТ клуб во Колорадо во која загинаа најмалку пет лица. „Не можеме и не смееме да толерираме омраза“, рече Бајден. „Во моментов нема јасен мотив за овој напад, но знаеме дека последниве години ЛГБТК+ заедницата беше цел на ужасно насилство исполнето со омраза“. Тој притоа потсети на неодамна усвоениот, според него „најзначајниот закон за безбедност на оружјето во речиси три децении“. „Но мораме да направиме повеќе. Треба да донесеме забрана за оружје, за да го повлечеме од…

Read More

Интерната постапка за евентуален пропуст за случајот „Онишенко“  констатира дека не е испочитувано последното ниво од безбедносната проверка и не била направена консултација со НАТО партнерите пред да се даде позитивно мислење. Лоциран е прстенот и поединецот што го ставил потписот и ќе се преземе одговорноста, информира денеска директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски. Димовски, посочи дека чекањето за реферирање за случајот, било поради тоа што требало да се почитуваат и следат институционалните норми и да се истражи ако затаил, каде и зошто затаил системот за национална безбедност. Безбедносната проверка пред издавање позитивно мислење за издавање на пасош…

Read More

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, имаше средба со Сузана Шуц, директорката за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА во германското Министерство за надворешни работи. На средбата беше разговарано за значењето на почетокот на преговори, за одвивањето на скрининг процесот, спроведувањето на реформите, за регионалната соработка и Берлинскиот процес. „За нас е важно да ја имаме поддршката од земјите членки на ЕУ. Почетокот на преговорите со Унијата е заеднички успех, со кој отворивме нова страна на евроинтегративниот процес. Сега е најважно да останеме фокусирани на реформите и на процесот на преговори“, рече Маричиќ. Сузана Шуц рече…

Read More

Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Северна Македонија избра осум новинари, меѓу кои и еден од МИА, и седум судии за членови на Судско-медиумскиот совет. Како што информираат од Здружението, за членови на Судско-медиумскиот совет од редот на новинарите се избрани Александар Атанасов од МИА, Васко Маглешов од „Призма.мк“, Елена Ивановска Мукоска – ТВ Телма, Зоран Јаневски – ТВ Сител, Ардит Рамадани – ТВ Алсат, Михаела Димовска – ТВ Канал 5, Михајло Донев – ТВ 24 и Самије Дураку – МТВ2. Од редот на судиите се избрани Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Врховниот суд, Иван Џолев – претседател…

Read More

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Јосеп Борел ги повика српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на итен состанок во Брисел за да се најде „европско решение“ за проблемот со регистарските таблички на северот на Косово, изјави портпаролот на Комисијата Петер Стано. Косовската влада најави дека до понеделник, 21 ноември, ќе почне да наплаќа казни за сопствениците на возила од северот на Косово кои не ги замениле српските регистарски таблички со косовски. Како што се приближува тој датум, тензијата расте, а Комисијата ја нарекува „најсериозна ситуација“ од 2013 година. „Се надевам дека ќе дојде…

Read More

Во врска со објавените информации за работењето на екс директорите на Универзитетската клиника за детски болести, медицински директор Аспазија Софијанова и организациониот директор Мемеди Аљадин, ја известуваме јавноста дека е во тек вонредна ревизија на досегашното работењето во различни домени меѓу кои и исплата на плати и надоместоци на плата, дежурства и надоместоци за прекувремена работа, соопшти попладнево Клиниката. „По завршување на предметните ревизии и соодветните постапки Универзитетската клиника за детски болести во целост ќе ги побара неосновано исплатените средства утврдени од страна на надлежните институции“, се наведува во соопштението. „Воедно ја информираме јавност дека доброволното враќање од страна на…

Read More

Министерката за одбрана денеска на прес-конференција ги демантираше изнесените лаги од пратеникот Драган Ковачки и порача дека има рок од 24 часа да се извини за овие бескрупулозни невистини. „Ниту нешто кријам, ниту нешто ќе скријам. Затоа наместо да праќам соопштенија или да објавувам фејсбук статуси, стојам пред вас и одговорно изјавувам дека наводите на Драган Ковачки се груба лага и манипулација. Безуспешен обид да го скрие срамот од дебакалот што го доживеа во средата“, рече Петровска. „Чинот кој бегалецот Ковачки го посочи, никогаш не сум го поседувала. Единствено што поседував е плац кој со уредно склучени договор за купопродажба е…

Read More