Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Јавните обвинители од Македонија денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). 136 јавни обвинители гласаат за еден од четворицата кандидати Деса Пауновска и Ислам Абази, кои доаѓаат од Вишото обвинителство – Гостивар, Ермон Незири од скопското Обвинителство и претходно суспендираната шефица, Вилма Русковска. Гласањето почна во 8 а ќе трае до 16 часот на гласачки места во четирите виши јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Право на глас имаат сите јавни обвинители во земјава. Ова е прв ваков избор на шеф на ова важно обвинителство по…
Откако Илон Маск го презеде Твитер, некои корисници почнаа да бараат алтернативи и најголема корист од тоа имаше релативно новата социјална мрежа Мастодон. Таа сега има над 655.000 корисници, од кои 230.000 се придружиле во изминатата недела. Мастодон на прв поглед изгледа како Твитер: корисниците можат да се следат едни со други и пишуваат постови наречени toots, на кои може да се стави лајк и да се реобјават. Но, Мастодон функционира поинаку и тоа е една од причините што привлекува сè повеќе нови корисници. При регистрирањето прво се избираат сервери, кои ги има многу и се тематски поделени, како земја, град и…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Прајс Агелер, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма, соопшти утрово неговиот кабинет. На средбата Османи изразил уверување дека со нејзиното искуство амбасадорката Агелер ќе придонесе кон понатамшно продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката. Соговорниците го поздравиле развојот на севкупните односи меѓу Македонија и САД, засновани на традиционално пријателство и споделени демократски вредности. Османи ги нагласи првичните резултати кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог со САД, како ново поглавје во односите и надградба на стратешкото партнерство, како и посветеноста за дефинирање на идните активности…
Денеска со почеток во 12:00 часот, на покана на претседателот на Владата Димитар Ковачевски, ќе се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии. На средбата, која ќе се одржи во Кристалната сала во Собранието, Ковачевски и претседателите на парламентарните политички партии ќе дискутираат за европската иднина на Македонија како и за одлуките кои во наредниот период треба да се донесат со широк политички и општествен консензус во Собранието, соопшти прес-канцеларијата на Владата.
„Ако сакаме Македонците да имаат иднина, ако сакаме нашата земја да стане модерна, ако сакаме нашите граѓани да не останат гладни или смрзнати, тогаш ние мора да се поврземе со Европа. Поврзувањето со Европа, во денешни услови не е само прашање на удобност, на европски вредности, на реформи, пред сѐ е прашање на преживување“, рече премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Кавадарци. Како што кажа тој големината на СДСМ се државотворните одлуки за македонската татковина, политиките за својот народ и сите граѓани. „Тоа сме ние, тоа не одредува нас и тоа е значењето на овие…
На 91 – годишна возраст денеска во Скопје почина Благоја Иванов раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор. Иванов бил роден на 4 февруари 1931 година во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил соработник, уредник и главен уредник на културниот сектор на Радио Скопје и директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот за драмски уметности. Бил уредник на списанието „Млада литература“ и главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“. Бил дел од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1958 година, а бил и претседател на Друштвото. Членувал и во Македонскиот ПЕН центар. Добитник е на наградите: „1…
„Вложуваме интензивно во инфраструктурата и во време на светската економска криза, затоа што кога велиме дека градиме европска држава, мислиме на евроинтеграциите, но пред сè на европски квалитет на живот и европски животен стандард за граѓаните, тука дома“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешниот увид на градежни работи на делницата Фариш – Прилеп, после превојот Плетвар, каде беше заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми. „90 проценти од градежните работи на делницата се завршени. Сега се поставуваат сообраќајна сигнализација и банкини и затоа ќе си дозволам уште од сега да…
Премиерот Димитар Ковачевски по повод 40 години – Рударско – енергетски комбинат (РЕК) Битола ја посети машинската сала на термоелектраната на РЕК Битола, по што говореше на свеченоста по повод јубилејот. Во своето обраќање тој истакна дека РЕК Битола е енергетски капацитет од кој зависеше осамостојувањето на нашата држава. Ковачевски, упати честитки до сите вработени и раководството кои се подготвени да го издржат товарот на најголемата светска енергетска криза. Ковачевски во обраќањето се осврна и на актуелните владини мерки за ублажување на ценовниот шок, како и на важноста од вложувањата на среден и долг рок за успешна енергетска транзиција и…
Партијата Беса ќе ги покани на средба лидерите на партиите со албански предзнак, за усогласување на ставовите околу отстранување на референцата 20 отсто, што се однесува на Албанците и албанскиот јазик, во пресрет на отворање на Уставот на Република Северна Македонија а по барање на Република Бугарија, за вметнување на бугарската етничка заедница во Уставот. Потпретседателот на Беса, Фадил Зендели во емисија на ТВ Клан најави дека лидерот на Беса, Билал Касами ќе ги покани лидерите на другите албански партии на заедничка средба, на која би го разгледале ова прашање. Зендели додаде дека ова е поволен момент да се тргне „20…
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 92,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава за 94,5 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 99, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 93 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 50,067 денари за килограм. ОД РКЕ посочуваат дека…
На пленарната седница на Европскиот Парламент идната недела се очекува зелено светло од оваа институција за прием на Хрватска во Шенген, јави дописничката на МИА од Брисел. На крајот на октомври европратениците од комисијата за граѓански слободи веќе гласаа за да се прими Хрватска во Шенген зоната. Мнозинство се очекува и в среда на пленарната седница на Европскиот Парламент. Со ова гласање идната среда ставот на Европскиот Парламент ќе биде јасен: Хрватска ги исполнува критериумите за влез во Шенген. Влезот во Шенген зоната значи слободно патување без царински контроли за хрватските граѓани. Европратениците ќе го повикаат Советот на ЕУ, т.е.…
„Француската компанија „АКИО Енерџи“ во Штип којашто ќе ја гради фотоволтаичната централа во Штип инвестира во агро-волтаици што претставува можност за одгледување на земјоделски култури на тоа земјиште“, посочи премиерот Димитар Ковачевски, во вчерашната емисија „Разговор во редакција“ на истражувачката лабораторија ИРЛ. „Се работи за земјиште кое од страна на Владата на Груевски беше откупено од земјоделци и пренаменето за изградба на карго аеродром. Тоа е истото тоа земјиште. Кога градите карго аеродром тоа значи 100 отсто бетон. Но, земјиштето кое е во тој дел од прва класа нема да биде опфатено со фотоволтаичната централа, туку тоа ќе биде вратено…