Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски од Кавадарци: Ако сакаме модерна држава мора да се поврземе со Европа

0
By Соња Крамарска on November 5, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 5, 2022 22:36

„Ако сакаме Македонците да имаат иднина, ако сакаме нашата земја да стане модерна, ако сакаме нашите граѓани да не останат гладни или смрзнати, тогаш ние мора да се поврземе со Европа. Поврзувањето со Европа, во денешни услови не е само прашање на удобност, на европски вредности, на реформи, пред сѐ е прашање на преживување“, рече премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Кавадарци.

Како што кажа тој големината на СДСМ се државотворните одлуки за македонската татковина, политиките за својот народ и сите граѓани.

„Тоа сме ние, тоа не одредува нас и тоа е значењето на овие четири букви.  31 година СДСМ е на вистинската страна на историјата.  Така било, така и ќе биде, СДСМ е тука за граѓаните, за државата, СДСМ е тука за сегашноста, но и за иднината“ рече Ковачевски.

Ковачевски додаде дека патот кон ЕУ нема да биде лесен и ги повика сите да се вклучат во остварување на оваа цел, но кажа дека големата награда е на крајот на тој пат.

„Нашиот народ да биде горд, со заштитено национално достоинство, со заштитен македонски идентитет, рамноправен со другите народи на ЕУ и побогат“.

Зборувајќи за економијата шефот на СДСМ рече дека за овие 10 месеци откако ја води Владата одвоиле над 760 милиони евра за два пакета мерки за помош на граѓаните и компаниите. Во споредба со земјите од регионот имаме најголем пакет на антикризни мерки, 5 отсто од БДП. Ова го потврди и Светска банка.  Тоа значи дека  200.000 граѓани поддржуваме само со последниот пакет антикризни мерки, рече тој.

Ковачевски додаде дека Владата уште од самиот старт покажа дека е посветена кон подобрување на животниот стандард на граѓаните и во првите сто дена од мандатот ја зголеми минималната плата на 18 илјади денари.

„Пензиите за 6 месеци ги зголемивме за 10 отсто, со новата методологија што значи во март 2023 година ќе има ново покачување. Во календарска година пензиите да се зголемат пензиите за 16% досега се нема случено“ рече Ковачевски.

Тој посочи дека Владата продолжува да ја субвенционира струјата за околу 600 илјади домаќинства и 72 илјади компании.

За опозицијата Ковачевски рече дека Европската банка за обнова и развој, достави информација дека го сопрела заемот што требаше да го земе Македонија за справување со енергетската криза во вредност од 100 милиони евра. „Само затоа што законот за негово одобрување предолго е блокиран во парламентот од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Ете тоа е разликата помеѓу нас и нив, помеѓу мене и Мицкоски“, порача тој и додаде дека „додека владата се труди и обезбеди 80 милиони евра од ЕУ директна помош за енергетската криза и 100 милиони долари од САД за Армијата, Мицкоски блокираше 100 милиони евра во време на криза“.

„Да не ги споменувам овде средствата од ММФ од 530 милиони евра, од Ерсте 50 милиони, од Дојче Банк во висина од 250 милиони, пари кои се справување со енергетската криза и за поддршка, за антикризните мерки за ранливите и компаниите“, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ кажа дека и се што кажа Мицкоски за енергетиката изминатиот период излезе погрешно. Тој со месеци ја плашеше јавноста дека ќе има недостиг од енергенси и струја, дека ќе нема јаглен, а наспроти тоа државата се снабдува со 100 отсто струја од домашни капацитети.

„Мицкоски повикуваше да се набави гас за целата грејна сезона, во период кога цените на овој енергенс рушеа рекорди. Според неговите препораки  ќе се платеа 100 милиони евра плус сметајќи по сегашната цена на берзите, а која и натаму паѓа. Мицкоски лажеше, и се уште лаже дека ќе сме ја затварале РЕК Битола, дека ќе се случела енергетска анексија. Не само што нема да се затвара РЕК, туку ќе се развива и понатаму. Фотоволтаичните централи и енергетската трансформација е започната. Ама за да го видиш сето ова треба прво да имаш знаење, а второ да имаш визија“, рече тој за неговиот политички ривал.

Димитар Ковачевски Кавадарци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.