Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
„Концептот ‘Едно општество за сите’ е концепт кон кој сме посветени силно како Влада а особено како Министерство за труд и социјална политика каде што прашањето на креирање на политики од областа на еднаквоста и недискриминацијата е наша надлежност. И донесувањето на Законот за заштита и спречување на дискриминација е токму заложба на Владата и на Министерството за труд и социјална политика, дека навистина за нас уживањето на човековите права, живот без дискриминација, почитување на различностите на граѓаните, затоа што сите ние имаме карактеристики кои што се различни, но како општество не прави таа различност многу побогати, и од тој…
„Со оглед дека се работи за финансиска поддршка на најранлива категорија на граѓани во пресрет на економската криза и на енергетската криза, верувам дека и опозицијата нема да има опструкции во донесувањето на Законот, затоа што се работи за наши сограѓани, граѓани кои што час поскоро треба да ја добијат оваа финансиска поддршка од Владата“, изјави министерката за труд и социјална политика во ексклузивното интервју за Цивил. Финансиската поддршка ќе им стигне на граѓаните на нивните трансакциски сметки, рече таа. „Примателите на правата од социјална заштита се веќе во системот на Министерството за труд и социјална политика односно во центрите…
Маричиќ: Ги почитуваме вредностите на антифашизмот, ќе има законски измени за граѓанските здруженија
„Слободата на здружување е светост во една демократија и таа мора да се почитува но исто така треба да се почитуваат и јавните вредности кои се поврзани со антифашизмот“, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за Канал 5. Тој додаде дека се потребни измени на Законот за здруженија и фондации и дека овој закон, кој е стар десетина година треба да се ревидира. „Вредно е да се разгледа иницијативата на опозицијата за промена на законот. Имаме сигнали од пратениците од владејачкото мнозинство дека би го прифатиле тоа“, рече Маричиќ. Вицепремиерот истакна дека сите се свесни дека треба…
Подготвивме сет на мерки кои што се однесуваат токму за финасиска поддршка на ранливите категории на граѓани кои во периодот на економска и енергетска криза се најмногу погодени, изјави миистерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, во интервју за Цивил. „Искуството не научи дека преку анализите, преку увидот во состојбата многу полесно можеме да дојдеме до оние целни групи кои што се најпогодени од кризата и како полесно овие целни групи да го поминат зимскиот период кога требат повеќе средства за енергенси и храна“, вели таа. „Сетот од 350 милиони евра се мерки кои што се однесуваат на примателите…
Во однос на коментарите на опозицијата за извештајот на Европската комисија би кажал само кратко – ако направиме споредба со извештаите до 2016 година и денес, тогаш зборуваме за една сосема понапредна држава, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за Канал 5. Тој додаде дека денес сме во сосема различна ситуација, дека постојат забелешки за дел од спроведување на законите, но дека скрининг процесот ќе помогне да се зајакнат институциите и да ги согледаат и решат сите слабости. „Мислам дека генерално треба да сме задоволни од овој извештај, но не задоволни во смисла да се опуштаме и…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска говореше конференцијата „На Европскиот пат: нови реформи, нови можности“, во организација на Секретаријатот за европски прашања. За извештајот на ЕК тој рече дека праќа многу јасни пораки. Првата порака е дека во нашата држава постојат два концепти. Едниот концепт е оној на чие чело е тој и концептот што го застапува дека македонските граѓани со крената глава треба да чекорат кон ЕУ и да седат на големата маса во Брисел. Вториот концепт, рече Ковачевски, е концептот на блокади, на седење на мала изолирана маса, „како што седевме 11 години во минатото, а притоа на народот да…
Откако вчера ТВ Клан објави видео од канцеларијата на директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова, во кое нивниот новинар Фуркан Салиу изнесе низа обвинувања за тоа колкава плата зема, дека повеќе заработува од дежурства, од Детската клиника испратија соопштение во кое нагласуваат дека надоместоците за дежурства се целосно регулирани исто како што нормативно се регулирани и платите и приходите на сите вработени во Клиниката за детски болести. „Сакаме да укажеме дека пресметката за надоместоците на директорката д-р Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите кои беа на одредни документи презентирани во јавноста“, се вели во соопштението, притоа…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов“ – Битола, соопшти Весна Бендевска, членка на Комисијата на денешната прес-конференција. „Ова се однесува на елементите кои предизвикуваат вознемирување врз национална, етничка основа, што е детално опишано во нашето мислење, во рок од 45 дена. Се препорачува здружението да ги отстрани содржините на својата Фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување во форма на давање и поттикување на инструкции за вознемирување поврзани со ликот, делото на личноста Иван Михајлов во најкус можен рок, но не подолг од…
Со заеднички изразен интерес за продлабочување и проширување на билатералната соработка, Македонија и Франција како НАТО сојузници, денеска ја зацврстија меѓусебната соработка. Министерката за одбрана Славјанка Петровска и францускиот министер за вооружени сили Себастијан Лекорну денеска во Париз по одржувањето на официјалната средба, го потпишаа Договорот за соработка во областа на одбраната, кој воедно е прв од ваков карактер меѓу двете земји, а кој следува по потпишувањето на Договорот за набавка на воена опрема од француско производство. На средбата стана збор за соработката меѓу двете министерства и за состојбите во нашата земја и во регионот. Со потпишувањето на овој договор…
Тилев по европскиот извештај: Време за одмор нема, наша заедничка обрвска е да ги забрзаме реформите
Државниот советник во владиниот Сектор за европски прашања, и признаен експерт за односите меѓу Скопје и Брисел, Драган Тилев во првата оценка по објавувањето на извештајот на ЕК за Македонија рече дека тој е објективна слика за реформите и за усогласеноста со ЕУ. „На 12 октомври Европската комисија го објави долгоподготвуваниот пакет за проширување за 2022 година, со посебни годишни извештаи за секоја земја од Западниот Балкан и Турција. Велам, долгоподготвуваниот, бидејќи извештајот содржи наоди и факти за се што се случило, или не се случило, а требало да се случи, во изминатите 365 дена. Во таа насока, ќе нагласам…
Советот на ЕУ ја усвои одлуката за потпишување на Договорот за гранично управување меѓу ЕУ и Северна Македонија. Договорот за гранично управување, инаку познат како Фронтекс, беше блокиран од страна на Бугарија поради употребата на зборовите македонски јазик. Софија дефинитивно го крена ветото, оставајќи ја формулата македонски јазик недопрена, како што е случај за сите други земји од регионот кои имаат договор со агенцијата Фронтекс. Договорот сега треба да биде одобрен од страна на Европскиот парламент. Чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракушан, ја поздрави одлуката на Советот, истакнувајќи дека ЕУ и Западен Балкан се соочуваат со заеднички миграциски предизвици…
Украина на државно ниво започна да го слави Денот на бранителите токму на 14 октомври 2014 година. Годишниот државен празник е воспоставен со Указот на претседателот на Украина „За Денот на бранителот на Украина“ од 14 октомври 2014 година бр. 806 за одбележување на храброста и херојството на бранителите на независноста и територијалниот интегритет на Украина, воените традиции и достигнувања на украинскиот народ, за помагање на натамошното зајакнување на патриотскиот дух. Од 2021 година, овој меморијален ден е официјално наречен Ден на бранителите и бранителките на Украина. Жените застанаа заедно со мажите во одбрана на Татковината во различни периоди од…