Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Очекувам антикризните мерки да влезат во Собрание в понеделник, помош ќе има за сите од ранливите групи

0
By Соња Крамарска on October 16, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 16, 2022 23:06

Подготвивме сет на мерки кои што се однесуваат токму за финасиска поддршка на ранливите категории на граѓани кои во периодот на економска и енергетска криза се најмногу погодени, изјави миистерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, во интервју за Цивил.

„Искуството не научи дека преку анализите, преку увидот во состојбата многу полесно можеме да дојдеме до оние целни групи кои што се најпогодени од кризата и како полесно овие целни групи да го поминат зимскиот период кога требат повеќе средства за енергенси и храна“, вели таа.

„Сетот од 350 милиони евра се мерки кои што се однесуваат на примателите на надоместокот за социјална сигурност на стари лица, односно лицата кои по било кој основ не оствариле право на пензија а се над 65 годишна возраст. Тие се дел од целната група која што ќе добие финансиска поддршка и се вклучени во овие антикризни мерки, понатаму лицата кои што се корисници на правото на попреченост и децата со попреченост кои што се до 26 годишна возраст, се исто така дел од овие антикризни мерки. Понатаму, сите оние лица кои што се приматели на правото на помош од друго лице, значи туѓа нега, а кои што имаат исклучително тешка здравствена состојба, или пак лица кои имаат некаква попреченост а не се приматели на правото на попреченост, како и сите оние кои имаат статус на невработени лица а се приматели на надомест преку Агенцијата за вработување согласно Законот за материјално обезбедување, односно стечајните работници кои шти примаат надомест од Агенцијата за вработување по основ на овој закон“, објаснува министерката.

Покрај овие целни групи, во сетот на мерки се вклучени и пензионерите како ранлива категорија на граѓани, пензионери кои што примаат пензија до 14 илјади денари, односно во првата група се пензионерите кои што примаат пензија до 11.525 денари, и во втората група се пензионери кои што примаат пензија од 11.526 денари до 14.000 денари.

„Финансиската поддршка која што е определена за овие лица, значи за примателите на некое од правото на социјална заштита изнесуваат 3000 денари месечно во наредните четири месеци, значи вкупна финансиска поддршка за секое лице од 12.000 денари, за пензионерите приматели на пензија до 11.525 денари, финансиската поддршка е вкупно 6000 денари односно 1.500 денари четири месеци, и за примателите на пензија од 11.526 денари до 14.000 денари вкупната финансиска поддршка е од 3.500 денари во наредните четири месеци“, рече Тренчевска во интервјуто.

„Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани согласно одлуката на Владата за антикризни мерки, ќе биде пратен до Влада за да помине на Влада и за да може да отиде на Собранието на усвојување, за да може овие финансиски средства навреме да стигнат до сите граѓани и очекувам дека многу наскоро ќе биде донесен Законот. Очекувам Законот веќе в понеделник да влезе во собраниска процедура“, најави министерката за труд и социјална политика.

Антикризни мерки интервју Јована Тренчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.