Author: Соња Крамарска

Владата соопшти дека на денешната седница, ги разреши управителот и членовите на Надзорниот одбор на фабриката за шински возила „Велес“, ДООЕЛ – Велес, во јавноста позната под називот Колска. На седницата е констатирано дека раководството на фабриката покажало негативни финансиски резултати во работењето и покрај тоа што им е доделена финансиска поддршка од страна на Владата, посочи во соопштението владината прес служба74 вработени од „Колска“ од Велес  денес, инаку, протестираа пред Владата, бидејќи како што рекоа сметката на претпријатието е блокирана заради неплатен данок. Вработените два месеци се без плата и покрај тоа што имаат фактури за наплата. Бараат да…

Read More

„Денес сме тука затоа што како и целиот свет и ние сме пред голем предизвик за тоа како да обезбедиме доволно храна за сите, нешто што мислевме дека во 21 век, векот на изобилство, не може да ни се случи. На еден суров начин, војната во Украина го потсети целиот свет кои се врвните приоритети, а тоа се енергенси и храна. Нѐ потсети дека дома, домашното производство е основата работа која што мораме да ја направиме. Мораме да се осигураме дека домашното производство на земјоделски производи и храна е поголемо, стабилно, дека ќе имаме доволно храна за нашите граѓани. Дека…

Read More

Парламентарното собрание на Советот на Европа, по итна расправа на тема „Понатамошна ескалација на агресијата на Руската Федерација против Украина“, усвои резолуција со која Руската Федерација ја прогласува за терористички режим. Според информациите, 99 од 100 пратеници на ПССЕ гласале за документот, а еден бил воздржан. Конкретно, пратениците на ПССЕ поддржаа амандман на нацрт-резолуцијата, во која се вели: „Руската Федерација да се прогласи за терористички режим“. „ПССЕ штотуку усвои многу силна резолуција за Украина! За — 99 делегати. Ова е историски резултат! Целосна поддршка на Парламентарното собрание на Советот на Европа!“, објавија на Твитер украинскиот пратеник и член на украинската…

Read More

„Извештајот за 2022 година е добар или позитивен. Сепак, она што треба да се има предвид е фактот дека државава се наоѓа во нова фаза, т.е. во преговори за пристапување во членство во Унијата и оттаму очекувано е извештајот да биде позитивен“, вели Андреја Стојковски, директор на „Преспа Институтот“. Според него станува збор за општ извештај кој ги следи сите кластери и поглавја, истиот не содржи многу детали и пропушта голем дел од препораките кои ќе бидат содржани во извештаите од билатералниот скрининг. „Треба да бидеме свесни дека во извештаите од билатералниот скрининг Комисијата ќе биде многу „посурова“ во оценувањето…

Read More

На четвртиот ден од објаснувачкиот скрининг за  кластер 2- Внатрешен пазар, денес во Брисел продолжија презентациите на Европската комисија во однос на поглавје 8- Политика на конкуренција и поглавје 2 – Слободно движење на работници, соопшти Секторот за европски прашања при Владата. Конкурентната политика на ЕУ има за цел создавање внатрешен пазар, каде што економските оператори слободно конкурираат меѓу себе. Законодавството во оваа област ги вклучува политиките на конкуренцијата и политиките на контрола на државната помош. Ова поглавје опфаќа правила и процедури за борба против антиконкурентното однесување од страна на комерцијалните компании, избегнување на монополи во пазарот, разгледувањето на спојувања помеѓу…

Read More

Премиерот Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања  Битиќи денеска имаа работна средба со претставници на познатиот меѓународен малопродажен синџир „Лидл“. Целта на средбата биле планираните активности во делот на инвестициите и развојот на оваа компанија во Македонија и поддршката од Владата и институциите за успешна реализација на овој проект. На средбата, како што јавува канцеларијата за односи со јавноста, Ковачевски изрази задоволство што „Лидл“ интензивно работи на подготовките за отпочнување ефективна работа во нашата земја и веќе има вработено 80 лица, а оваа бројка дополнително ќе расте, посочувајќи дека нашата земја има поволни услови за инвестиции и ова, како што…

Read More

 Соединетите Држави ја потврдија својата политика да нема разговори за Украина без Украина на маса и немаат намера да започнат дијалог за решение со Русија во име на украинските власти, како што Кремљ би сакал тоа да го направи Вашингтон, изјави Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот на САД, кој зборуваше на брифинг во Вашингтон во средата, јавува дописникот на Укринформ. „Не е улогата на Владата на Соединетите Американски Држави да преговара во име на која било друга земја, а тоа секако ја вклучува Украина“, рече Прајс. Доколку постои можност за дијалог и дипломатија да се стави крај на тековната војна,…

Read More

МВР пред малку издаде соопштение во врска со оштетувањето на таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Во соопштението се вели: На 12.10.2022 година во СВР Охрид извршен е разговор со Г.И.(47) од Охрид, при што е констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис  „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид. Во врска со  делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување имајќи предвид дека согласно чл.243 ст.3…

Read More

Апелираме до потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона, порача ЕСМ. Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија, велат од компанијата во соопштението објавено пред малку.  „Во моментов во околу 105 објекти (што претставува околу 3,7% од вкупниот број на мерни места) сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици“, соопшти ЕСМ. Компанијата…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач Бојан Маричиќ одржа прес-конференција заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир на која беа соопштени наодите од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ. Заедничка оценка на нивната презентација е дека Извештајот е позитивен со неколку забелешки за областите кои треба да се подобрат, и дека скринингот кој што е во тек е нова можност за побрзи реформи. Најголем прогрес е нотиран во делот на усогласеноста на Македонија со надворешната политика на ЕУ поради едногласноста во осудата на руската инвазија врз Украина и поддршката што нашата земја ја даде…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски на официјалното отворање на канадската инвестиција во Северна Македонија, во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, истакна дека новите инвестиции се потврда за успешните владини политики и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза. Ковачевски посочи дека новата инвестицијата во Струга за Владата е потврда за заложбите за рамномерен регионален развој, за нови добро платени работни места, а со тоа и нов стимул за нашата економија. „Ваквите инвестиции се јасен сигнал дека Северна Македонија нуди предвидлив деловен амбиент за компаниите, за нови инвестиции. И според Индексот на „Инвестмент монитор“ за 2022 година, кој го споредува бруто-домашниот производ во…

Read More