Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прес-конференција Маричиќ – Гир: Извештајот е позитивен, скринингот е нова можност за побрзи реформи

0
By Соња Крамарска on October 13, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 13, 2022 12:31

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач Бојан Маричиќ одржа прес-конференција заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир на која беа соопштени наодите од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ.

Заедничка оценка на нивната презентација е дека Извештајот е позитивен со неколку забелешки за областите кои треба да се подобрат, и дека скринингот кој што е во тек е нова можност за побрзи реформи.

Најголем прогрес е нотиран во делот на усогласеноста на Македонија со надворешната политика на ЕУ поради едногласноста во осудата на руската инвазија врз Украина и поддршката што нашата земја ја даде кон санкциите на Брисел кон Москва.

„Како земја која преговара за полноправно членство во ЕУ и земја која е во процес на скрининг, Северна Македонија доби позитивен годишен Извештај на Европската комисија за 2022, прв после отворањето на преговорите во јули оваа година“, рече Маричиќ. Имаме одржливи реформи, имаме препознаен напредок и ни претстојат нови можности, додаде тој.

Маричиќ уште еднаш ја афирмираше вчерашната оценка на еврокомесарот Оливер Вархеји за пробивот што беше направен во јуни. „Одржувањето на меѓувладината конференција на 19 јули 2022 година е новa пресвртница во односите меѓу Северна Македонија и ЕУ, бидејќи пристапните преговори започнаа“. 

Според вицепремиерот, ова е признание за континуираната посветеност на Македонија и постигнувањата во реформите.

Анализирајќи го Извештајот тој нагласи дека земјава најдобро стои во регионот во кластерот Фундаментални вредности и во кластерот Ресурси, земјоделство и кохезија. Во кластеритеКонкурентност и инклузивен раст и Зелена агедна и одржлив развој сме веднаш зад Црна Гора и Србија кои веќе деценија преговараат, додека пак кај кластерот Внатрешен пазар и надворешни односи сме приближно на исто ниво со овие две земји.

„Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2022 година е ‘добро ниво на подготвеност’.Задржано е темпото на напредок или има подобрување во 23 од вкупно 43 области, додека во останатите 20 области има ограничен или помал напредок. Од аспект на подготвеноста во околу 90отсто од областите имаме делумна или добра подготвеност. Ова покажува дека и покрај сите внатрешни, но и надворешни предизвици со кои се соочуваме сепак имаме стабилен континуитет во вкупната подготвеност на земјата“, изјави Маричиќ.

Тој потенцира дека државата во однос на Собранието добила критика од ЕУ за доцнење при носењето на законите, и посочи дека причина за тоа се блокадите од опозицијата.

Во однос на правосудниот систем, рече тој, се нотира дека правосудните органи ја покажаа својата посветеност да го заштитат својот интегритет и независност, а Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ги спроведуваат стратешките планови. Она на што ќе треба земјата да се фокусира, нагласи, е подготовката на новата стратегија за реформа на правосудниот сектор и спроведувањето на стратегиите за човечки ресурси во судството и во обвинителството.

„Од аспект на борбата противи корупција, се оценува дека земјата продолжи да го консолидира досието за истраги, гонење и пресуди во неколку случаи на корупција, вклучително и на високо ниво“, подвлече Маричиќ додавајќи дека останува обврската за континуирано јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законите во борбата против корупцијата.

Во делот на слобода на изразување и медиуми, останува оценката дека медиумите имаат соодветна средина за работа која обезбедува критичко новинарство, но останува обврската за усогласувањето со правото на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги и реформирање на националниот радиодифузен сервис и подобрување на работничките права на медиумските работници.

Во делот на реформата на јавната администрација, како што истакна вицепремиерот, се нотира усвојувањето на новата Програма за реформи во управувањето со јавните финансии 2022-2025 година, но останува обврската да се донесе пакетот закони со кој се уредува работењето на јавната администрација (Закон за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор и нов Закон за висок раководна служба), како и новата Стратегија за реформа на јавната администрација.

Она што е особено важно е констатацијата на Комисијата дека процесот на скрининг се одвива непречено, а земјата покажува високо ниво на посветеност. „За нас овој процес мора да биде инклузивен и транспарентен, а со вклучувањето на граѓанскиот сектор и експертите во преговарачкиот процес, заедно со европските фондови кои ни се на располагање, гледаме нова можност за повеќе реформи и побрзи реформи“, рече Маричиќ кој е и главен преговарач.

„Наше е да продолжиме со реформите, свесни за фактот дека полноправното членство во Европската Унија ни е од недвосмислен интерес. Треба да работиме заеднички за надминување на слабостите и да се обединиме околу оваа национална задача“, порача тој.

Евроамбасадорот Дејвид Гир говореше со покритичен тон но со охрабрувачка порака дека Северна Македонија е сега земја преговарач, позиција која нуди многу можности но и одговорност.

„Случувањата околу Украина ја засилија агендата за проширување на ЕУ со Западен Балкан. Имаме изменета ситуација, оваа земја е сега преговарач, има поголеми можности но исто така и одговорност за тоа дека постои итност за спроведување на реформи и за правење прогрес. Овие реформи ќе ја донесат земјата во ЕУ и ќе ја трансформираат земјата на позитивен начин. Процесот на скрининг кој што позитивно се развива треба да оди рака под рака паралелно со процесот на реформи. Ова не е само работа на Владата, тоа треба да биде национален проект кој ќе ги вклучува сите политички партии, опозицијата, државните институции, локалната власт, бизнисот и граѓанското општество“, порача Гир.

Тој оцени дека поларизацијата во Собранието го задоцни спроведувањето на неколку закони, и покажа недостаток на консензус за назначување на судии во Уставниот суд, омбдусманот, членови на програмскиот совет на радиодифузниот сервис, и на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги и членови на Комисијата против дискриминација. „Назначувањето на членови во овие тела треба да биде врз системот на заслуги а не политичко назначување“, додаде тој.

Гир апелира до сите политички партии да помогнат да се засили улогата на парламентот во делот на реформите што ги бара ЕУ, како и да се ограничи употребата на брзата процедура за носење закони цитирајќи ги наодите од Извештајот во таа насока кој повикува на инклузивен процес.

Осврнувајќи се на судството Гир рече дека судскиот систем е умерено подготвен при што има одреден напредок во сферата на судството. Рече дека треба да биде зајакната  Стратегијата за човечки ресурси и во судството и во јавното обвинителство, како и улогата на Академијата за судии и обвинители која треба да биде „единствена влезна врата за овие професии“. Повика и да се обезбеди да се намали перцепцијата за изложеност на судството на влијанија.

Евроамбасадорот ја поздрави улогата на антикорупциската комисија како и гонењето на случаи на корупција кај високи функционери и оцени дека се потребни дополнителни ресурси за обвинителствата и за истражните центри.  (С.К.)

2022 Бојан Маричиќ Дејвид Гир Извештај на ЕК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.