Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Тела плутаат среде расцепканите остатоци во водата во близина на грчкиот остров Китира, додека бројот на загинати од потонувањето на два брода со мигранти се искачи на 21, а многумина се уште се водат за исчезнати. Причина за потонувањето на двата брода е судирот со подводни карпи. Бродовите потонаа на оддалеченост од десетици километри, предизвикувајќи драматични напори за спасување во текот на ноќта, бидејќи жителите и пожарникарите ги извлекуваа на безбедно мигрантите кои скокаа или паѓаа од бродовите. Инцидентот предизвика тензии меѓу соседите Грција и Турција, кои се заглавени во жесток спор околу миграцијата и поморските граници. Крајбрежната стража на…
Најмалку 34 лица загинаа, а други се повредени во напад со пиштол и нож од поранешен полицаец во предучилишен дневен центар во Тајланд. Полицијата соопшти дека тој се убил себеси и своето семејство откако била организирана потера по него по нападот што го извршил. Меѓу жртвите во градинката има деца и возрасни – полицијата соопшти дека напаѓачот пукал и ги избодел своите жртви пред да бега. Мотивот е нејасен. Полицијата соопшти дека полицаецот бил отпуштен минатата година. Се наведува дека меѓу жртвите на нападот има и деца на возраст од две години. Најмалку 12 лица се ранети. „Пукачот дошол околу ручекот…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов и официјално нема да биде пратеник во 48. Народно собрание, јави бугарски „24 Часа“. Тој поднесе оставка до Централната изборна комисија (ЦИК), со што се откажува од пратеничката фотелја. Оставката е одобрена од ЦИК. Бојко Борисов е избран за претставник од два региона – Софија и Пловдив. Потсетуваме, Борисов се откажа од пратеничкото место и по изборите во ноември 2021 година, како и во претходните два парламента.
Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во рамки на работната посета на Прага, Чешка, учествуваше на самитот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) заедно со премиерите од редовите на социјалдемократски, социјалистички и демократски партии. На средбата меѓу другите, учествуваа и Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, како и поранешниот премиер на Грција и претседател на Сириза, Алексис Ципрас. Средбата е во пресрет на првиот состанок на Европската политичка заедница, а на кој ќе се обрне посебно внимание на економско-енергетската криза и можностите за справување со последиците од истата. На состанокот на…
Повеќе од 30 луѓе се убиени денес кога вооружен маж отвори оган во центар за згрижување деца во североисточниот дел на Тајланд, соопшти полицијата. Полицискиот генерал-мајор Ашајон Краитонг изјави дека пукањето се случило рано попладне во центарот во градот Нонгбуа Ламфу. Тој рече дека напаѓачот убил 30 луѓе пред да си го одземе животот. Спорд Ројтерс, бројката на загинати е 34. Портпаролот на регионалната канцеларија за односи со јавноста рече дека досега се потврдени 26 смртни случаи – 23 деца, двајца учители и еден полицаец. Според извештаите на тајландските медиуми, вооружениот напаѓач користел и ножеви во нападот, а потоа побегнал…
Денеска во Прага, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и премиерот на Украина, Денис Шмихал свечено беа потпишани одлуките со кои се дополнува и ревидира постојниот Договорот за слободна трговија помеѓу Северна Македонија и Украина, а со цел да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји. Одлуките ги потпишуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка. За време на средбата на која присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Ковачевски, уште еднаш ги потврди позициите на Северна Македонија за силната и недвосмислена…
Лидерите на 44 европски земји денеска во Прага ќе испратат јасен сигнал за изолација на Русија и ќе се обидат да создадат нов поредок без Москва, изјави шефот за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел. „Средбата бара нов поредок без Русија“, изјави тој за новинарите во Прага. Инаку, главна цел на Европската политичка заедница, е да се спроведе политичка дискусија за стратешки прашања од заеднички интерес за европскиот континент, велат од ЕУ, додавајќи дека меѓу главните теми ќе бидат војната во Украина, енергетската криза и економската ситуација во Европа. Европската политичка заедница, идејата на францускиот претседател Емануел Макрон, треба…
Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана, Словенија, подготви анализа за актуелната политичка ситуација во Западен Балкан по повод неодамна одржаниот самит на лидерите на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ во Белград. Од опсежната анализа „Отворен Балкан 2022: Инструмент за справување со кризи – зима 2022/23“, ги издвојуваме најважните и најинтересните делови. Инструмент за справување со кризи – зима 2022/23 На 1 и 2 септември 2022 година во Белград се одржа самитот на иницијативата Отворен Балкан, заеднички проект на Србија, Северна Македонија и Албанија, создаден со идеја за слободен проток на луѓе, стоки, капитал и услуги. Претседателот на Србија, Александар…
Во изминатиот период, Северна Македонија ги превзеде сите неопходни чекори и направи големи напори да одговори на сите барања на ЕУ за почетокот на преговорите, вели во изјава за „Локално“, Зорица Стрезоска од „EU Support for Rule of Law“ (Поддршка на ЕУ за владеење на правото), зборувајќи за извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија што се очекува да се објави следната недела. „Следната недела се очекува извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија. Во изминатиот период, Северна Македонија ги превзеде сите неопходни чекори и направи големи напори да одговори на сите барања на…
На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната седница, Владата ја усвои информацијата во врска со статусот на Договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина, за кои се водеше постапка за спогодбено раскинување на Договорите за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија. Со информацијата се опфатени шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина, кои нема да се реализираат. Се работи за МХЕ Љуботенска…
АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје, соопштија попладнево од ЕСМ. Договорот, како што се наведува, е за закуп со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23г. Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика. Двете компании покажаат општествена одговорност и свесност за моментот во однос на потребите на граѓаните на Скопје и постигнат е договор сите прашања кои претставуваа предмет на дискусија да се апсолвираат во следниот период, соопшти компанијата.
Во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кавадарци, денеска започна распределбата на картичките за зелена нафта за земјоделците. На подрачјето на општините Кавадарци и Росоман вкупно се опфатени 5452 картички за зелена нафта, со вкупна вредност од 27 033 071 денари. Земјоделците, своите картички за зелена нафта, може да ги користат до 30 април 2023 година, информираа од подрачната единица на Министерството. Оттаму појаснија дека подигањето на картичките за зелена нафта мора да биде со лично присуство на земјоделецот, кој со себе треба да носи документ за идентификација, валидна лична карта или пасош. И во подрачната…