Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Заменик претседателот на Владата за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ, на денешниот скрининг состанок за поглавјето Статистика, кој се одржува во Луксембург, најави дека после пилот – пописот на земјоделство, кој беше спроведен во јуни 2022 година, планиран е Пописот на земјоделството за октомври 2023 година. „Нашиот Државен завод за статистика континуирано работи на имплементација на принципите наевропската статистика, периодично проверувајќи го статусот на усогласеност преку самопроценка. Дополнително важно достигнување на кое Државниот завод за статистика активно работеше во текот на 2022 година е Програмата за статистички истражувања 2023-2027 година, за зајакнување на статистичкиот систем во земјата со вклучување на…
Министерот за правда Никола Тупанчески присуствуваше на тркалезната маса „Превенција и следење на корупцијата во судството“. Во своето обраќање Тупанчески се осврна на состојбите во судството и етичката одговорност на судиите. ,,Правосудството и борбата против корупцијата се дел од клучните точки на кластерот „Основи“ како еден од најважните во процесот на евроинтеграција. Почитувањето на етичките правила и принципи несомнено ќе ја подобри перцепцијата за судството, а во насока на зајакнување на довербата на јавноста. Очекувањата на граѓаните се секој судија да биде пример за судиската независност, објективност, правичност, што ќе ја гарантира правната сигурност и ќе придонесува за достоинствен живот“, рече…
Премиерот Димитар Ковачевски, по повод почетокот на скринингот за членство на Македонија во ЕУ, оцени дека после 17 години почнува овој важен процес за нашата земја. „Отворени се преговорите со Европската Унија! После 17 години чекање, денеска во Брисел се отвори скрининг процесот за Северна Македонија за членство во Европската Унија. Започнуваме процес во кој ќе се продлабочат суштинските реформи за имплементација на европските регулативи, за европеизација на општеството и за европско функционирање на државата. Денешниот ден е навистина голем и важен за иднината на сите граѓани во нашата земја, тие заслужуваат да живеат во стабилно, демократско и европско општество.…
Судејќи според последните изјави за резултатот од средбите во Грција и Бугарија, Македонија, во соработка со соседите, ќе го преживее „струјниот удар“ кој го прогнозираат енергетските експерти. Премиерот Димитар Ковачевски, и соработниците, во улога на летечки енергетски дипломати, направија ад-хок визити на Софија и Атина, што му донесе на Скопје оптимизам дека студената зима од која стравува цела Европа, сепак ќе ја презими во „медитерански амбиент“ преку договорот за лигнит, мазут и јаглен од Грција како гориво за РЕК „Битола“ и „Осломеј“ и за ТЕЦ „Неготино“. Се разбира причини за опуштеност нема затоа што политичката и економската прогноза често не…
Портпаролите на Владата, Муамет Хоџа и Душко Арсовски, на денешната прес-конференција информираа за донесените одлуки и заклучоци од 82. седница на Владата. Владата на вчерашната седница ги усвои заклучоците, мерките и препораките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи. Согласно тоа, беше прифатен предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, поради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, до 30.4.2023 година. Воедно, беше прифатен и предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со електрична…
Референдумското прашање е апсурдно затоа што до сега во Македонија не познавам дека се случило во пракса да се поништи договор ратификуван од Собранието, па оттука се сомневам во искрените намери за референдум, односно дали се работи за искрена политика или повторно само гол популизам, рече денеска пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова. „Скрининг процесот од утре започнува за пристапување на земјава во ЕУ, а денеска е одржан првиот состанок со делегатите од 27-те земји членки на ЕУ во работната група на Советот на ЕУ, задолжена за проширување и за земјите кои што преговараат за пристапување. Формирани се преговарачки…
Член 24 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните определува дека за ратификација на меѓународен договор може да се распише претходен референдум. Членот во законот гласи: Референдум на државно ниво може да се распише и за потреба од ратификација на меѓународни договори и за други прашања од надлежност на Собранието (претходен референдум) и за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓаните за други прашања за кои одлучувало Собранието (дополнителен референдум). Ова може да се толкува дека единствено пред да биде потпишан одреден меѓународен договор може да се распише референдум, но не и откако…
Кралот Чарлс Трети денеска полета за Северна Ирска на последната етапа од неговата турнеја низ четирите делови на Обединетото Кралство, каде што се собра локалното население да го поздравииако ирскиот регион е длабоко поделен околу британската монархија. Чарлс и неговата сопруга Камила, која сега ја има титулата кралска сопруга, излегоа од својот автомобил за да ги поздрават луѓето кои излегоа да им кажат добредојде. За некои ирски националисти, британскиот монарх претставува угнетувачка странска сила. Но, други ја признаваат улогата на кралицата во создавањето мир. При посетата на Северна Ирска во 2012 година, таа се ракуваше со заменик-лидерот на Шин Фејн,…
Скопскиот, полошкиот и струмичкиот регион ќе се најдат на удар на климатските промени вели анализата за идни климатски екстреми во која се претставени проекциите за тоа што би можело да ја очекува Македонија при климатските промени. Зголемување на просечната температура за еден до два степени, подолго времетраење на вегетацијата, временски амплитуди во вид на наизменични периоди од поплави и суши, како и зголемено траење на таканаречените тропски ноќи, но и мразеви во пролет – се само дел од метеоролошките екстреми кои ќе го погодат нашето подрачје. Тоа најмногу ќе се одрази врз земјоделието односно производството на храна, а нашата земја нема да…
Директорите на скопски „Градски паркинг“ Бојан Христовски и на депонијата „Дрисла“ Јане Мицевски, кои беа дел од кадровскиот пазар со ВМРО-ДПМНЕ, денеска си поднесоа оставки од функциите. Оставките следуваат откако Арсовска вчера од функција го разреши директорот на „Водовод“ Златко Перински, поранешен шеф на кабинет на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, оти се сомневала во процедурата на тендерот за пречистителна станица. Како што порачаа преку социјалните мрежи Христовски и Мицевски заминуваат од функциите бидејќи градоначалничката Данела Арсовска била незаинтересирана за Град Скопје, не била достапна за нив, не можеле да реализираат многу проекти и се занимавала со хајки и пресметки.…
https://youtu.be/aTIg5Rm6iIA
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во вечерашното гостување во „Топ Тема“ изјави дека секој ден, месец или година изгубени сега, ќе не чинат многу на крајот на процесот, затоа е подобро ни ден ни момент да не губиме, ни со реформите, ниту со потребните обврски, затоа што сè што ќе направиме сега ќе го капитализираме. „Мислам дека ќе може во наредниот период, заедно со ЕУ, заедно со сите оние кои што и сакаат добро на Северна Македонија, да се креира една платформа на која што ќе се приклучат сите што сакаат ова држава да чекори…