Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
„Го поздравувам билатералниот протокол потпишан меѓу Бугарија и Северна Македонија“, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Според Вархеји, ова создава услови чешкото претседателство со Советот на ЕУ да ја свика првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија со цел да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Првата меѓувладина конференција е закажана за утре. „Европа оди напред!“, заклучува Вархјеи во својот твит. (Р.Н.)
Од денес и официјално профункционираа патарините кај местата Кадрифаково и Преод на автопатот Миладиновци – Штип . За патарините ќе треба да се издвојуваат по 50 односно 70 денари. Кај Кадрифаково патарината ќе се плаќа 50, а кај Преод ќе чини 70 денари. И првата патарина за излез од Скопје чини 40 денари. Тоа значи дека за патување по автопатот до Штип ќе треба да издвоите по 160 денари во правец, или во двата правци вкупно 320 денари. Миладиновци-Штип го скратува патувањето од Скопје до Штип за околу половина час во должина од 47 километри, а за негова изградба беа вложени…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, објави на Фејсбук фотографија од содржината на заклучоците кои пратеничката група на СДСМ предводена од координаторот Јован Митрески, ги достави на разгледување.
Преговарачката рамка треба да ги вгради европските принципи и стандарди, како и Копенхагенските критериуми, но не и билатерални прашања и не културни јазични, историски и идентитетски прашања. Ова е еден од предлог заклучоците на Централниот одбор на Либерално-демократската партија кој заседаваше за информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапни преговори на Македонија со ЕУ предложена од страна на претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година. Во соопштението од ЛДП се наведува дека поаѓајќи од стратешките и националните интереси за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, ЛДП недвосмислено се залага за целосно…
Пратеникот Антонио Милошоски во своето обраќање во Собранието по однос на францускиот предлог, рече дека во моментов нема никакви гаранции дека и покрај направените концесии, државата Македонија ќе стане членка на Европската унија. Помеѓу државите членки во ЕУ нема реален консензус за зачленување на шесте држави од Западниот Балкан и нивно полноправно членство. – Недозволиво е внесување на механизам за следење или спроведување на преговорите поврзани со протоколот, со заедничката историја, преговарачката рамка или заедничките извештаи. Во ваков случај, тој механизам би станал услов за текот на преговорите и процесот во диктат од едната страна, за нејзини важни политички или…
Со остра реторика, транспаренти, жестоки напади кон владејачкото мнозинство и свирење со вувузели од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, денеска продолжи расправата во Собранието за францускиот предлог на преговарачката рамка. Атмосферата ни малку не попушти во однос на вчера, напнатоста останува како и длабоката поделеност меѓу владиното мнозинство и ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката Жаклина Петровска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во Македонија во моментов се случува, како што рече револуција, против францускиот предлог. Таа го нарече премиерот Ковачевски „предавник“ а пратениците „слуги на ѓаволот“ и со недолични зборови го прозва шефот на дипломатијата Бујар Османи поради што доби опомена од спикерот Талат Џафери.…
Фудбалерот на Манчестер јунајтед Кристијано Роналдо ја одби понудата од засега неименуван клуб од Саудиска Арабија, кој сакаше да го ангажира португалскиот напаѓач нудејќи му рекордни 275 милиони долари за двегодишен договор, јави ЕСПН. Португалските медиуми вчера први објавија дека клуб од Саудиска Арабија сака да го ангажира Роналдо, а информацијата подоцна беше потврдена и за шпанскиот весник „Марка“, пренесувајќи оти се подготвува најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. Според ЕСПН, Роналдо одбил понуда од 275 милиони евра за договор на две години. Доколку ја прифатеше понудата Роналдо ќе станеше најплатен фудбалер во светот со неделна плата од 2,5 милиони евра.
Последниот европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ на вистински начин ги отсликува нашите дефинирани позиции, порача денес владејачката СДСМ на стартот на денешното продолжение на собраниската расправа за францускиот предлог. Од ВМРО-ДПМНЕ пак денот го почнаа со закани кон премиерот Димитар Ковачевски и обвинувања дека постапува „спротивно од волјата на народот“. Меѓутоа острата реторика на опозициската партија не ја премисли СДСМ од каде и денес ја повторија оценката дека францускиот предлог не е штетен за државните интереси. „Прво, предлогот јасно го прецизира македонскиот јазик како единствен, признат и прифатен јазик за Европската Унија. Второ, сите билатерални прашања со…
Триесет и пет жени занаетчики од Охрид, Битола и Скопје на главниот плоштад во Охрид денеска 15-ти јули со почеток од 20 часот ќе ги претстават своите дела пред туристите. Нивните ракотворби се инспирирани од македонските културни наследства од разни региони низ земјава. -Ги покануваме сите локалци и туристи кои се во Охрид од 20 часот да присуствуваат на базарот каде ќе имаат можност да купат впечатливи парчиња накит од нашите креативки. Со овој Базар се надеваме дека ќе инспирираме млади жени кои ќе го препознаат креативниот потенцијал и ќе ги поттикнеме да се вмрежуваат во иднина со цел да…
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција синоќа ги приведоа Д.М.(25), А.М.(43), М.Х.(45), В.Г.(46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З.Р.(44), надворешен соработник, јави утрово МВР. При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, приведените биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина. Лицата се приведени во полициска станица, каде дополнително бил повикан и К.С.(35), директор на Зоолошката градина, со кого бил…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп верува дека би победил доколку се кандидира на изборите во 2024 година, додавајќи дека веќе донел одлука за неговата кандидатура и оти никој не може да влијае на тоа. Во изјавата за „Њујорк пост“ вели дека се одлучил за кандидатура, индиректно откривајќи дека единствена недоумица е тајмингот на објавувањето на одлуката. Според „„Њујорк пост“, останува отворено прашањето само дали кандидатурата ќе ја објави пред ноемвриските избори за Конгресот или потоа. „Веќе донесов одлука, ништо не може да влијае на тоа. Се одлучив, веќе знам дали ќе се кандидирам“, вели Трамп за денешното издание на списанието…
Ивана Трамп, првата сопруга на поранешниот претседател Доналд Трамп, со која имаше три деца, почина вчера на 73-годишна возраст. Таа беше најдена на дното од внатрешните скали во нејзината куќа, откако според првите претпоставки, паднала и се стркалала по нив. Според првите проценки, таа или доживеала срцев удар по што се струполила низ скалите, или некоја друга медицинска причина го предизвикала падот. Обдукцијата треба да ги покаже точните причини за нејзината ненадејна смрт. Родена во 1949 година во поранешна Чехословачка како Ивана Зелничкова, таа како млада девојка се сели во Австрија за да избега од комунистичкиот режим. Во Австрија се…