Author: Соња Крамарска

На 3 јуни (сабота), од пладне до вечер, (12- 20ч), во Паркот на Франкофонијата во Скопје, по 3-ти пат ќе се случува Фестивал на биодиверзитет: Коктел на вкусови, што го организира Слоу Фуд Водно со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Слоу фуд Македонија во своите редови ги има најдобрите производители кои ја бранат агендата поврзана со автентичната храна: ќе има околу 40 изложувачи од цела Македонија, од кои 21 од Скопје. Овој пазар за храна на локалните производители вклучува и презентации, алкохолни, вински  и пивски дегустации и секако- убаво дружење цел ден во најубавиот дел на Дебар…

Read More

Бугарскиот екс-премиер Бојко Борисов во четврток ќе има два распити во обвинителството. Едниот е во случајот кој стана познат како „Барселонагејт“. Истрагата проверува дали Борисов перел пари во шпанскиот град Барселона. Вториот е по пријава на граѓанско здружение, за што вчера соопшти обвинителството. Во него има „обвинувања за корупција и злоупотреба на власта“. Се претпоставува дека станува збор за пријава од здружението „Фајтер“ која минатата недела по втор пат е подбнесена. Лидерот на здружението, Георги Георгиев, за новинарите изјави дека извештајот против Борисов содржи изјави на сведоци, рачно потпишани на секоја страница, од бизнисмен кој сведочел дека лично го поткупил…

Read More

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) повеќе не очекува британската економија да падне во рецесија оваа година, но предупредува дека изгледите за раст остануваат занемарливи. „Се очекува британската економија да избегне рецесија и да одржи позитивен раст во 2023 година, поддржана од отпорната побарувачка во контекст на падот на цените на енергијата“, се вели во ажурираните прогнози на ММФ. ММФ сега предвидува раст од 0,4 отсто за британската економија оваа година, но порачува дека изгледите сè уште се „занемарливи“. ММФ во април во редовните пролетни прогнози прогнозираше речиси ист процентуален пад на активноста за Британија. Подобрената прогноза одразува поголема отпорност и во…

Read More

Младиот Џафери, кого го следеа многу контроверзи околу тоа дека предвреме полагал правосуден испит е избран за обвинител во гостиварското, а Абази на кичевското обвинителство. На денешната седница на совет избрани 18 јавни обвинители во 12 јавни обвинителства низ земјава и еден основен јавен обвинител во штипското обвинителство. Освен во гостиварското и кичевското, нови обвинители беа избрани и за обвинителствата во Битола, Велес, Делчево, Дебар, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово и Свети Николе.

Read More

Стадионот „Леви’с“ во Санта Клара, официјално е избран за домаќин на 60. финале во американската професионална НФЛ лига – мегапопуларниот Супербоул, кој ќе се одигра на 8 февруари 2026 година. Тоа ќе биде втор Супербоул во историјата на стадионот „Леви’с“, кој е изграден во 2014 година и е дом на НФЛ лигашот Филаделфија. Претходно Санта Клара беше домаќин на јубилејното 50. НФЛ финале во кое на 7 февруари 2016 година, Денвер ја совлада Каролина. Следниот Супербоул ќе се игра на 11 февруари 2024 година во Лас Вегас, додека во 2025. домаќин на спектаклот ќе биде Њу Орлеанс. извор: МИА

Read More

Оркестарот на Македонската Филхармонија денеска повторно одржа протест пред Министерството за култура, бидејќи оттаму, се уште немаат конкретен одговор, ниту решение на проблемот кој настана со одлуката новоформираниот Национален џез-оркестар да биде сместен во објектот на Филхармонија. Членовите на оркестарот изминатите денови и недели бараат надлежните да ја повлечат оваа одлука, бидејќи според нив е неодржливо двата оркестри да функционираат како два посебни правни субјекти во една зграда, а во петокот првпат протестираа и пред Владата, свирејќи на своите инструменти пред зградата на извршната власт. Музичарите од оркестарот овој пат протестираа без своите инструменти, но со жолти картони во рацете,…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска, во рамки на работната посета на Белгија, имаше аудиенција кај кралот на Белгијците, Филип, соопшти неговиот кабинет во краткото соопштение. Пендаровски и кралот Филип изразиле задоволство од развојот на односите меѓу двете земји што се карактеризираат со цврсто и искрено пријателство. Во пресрет на одбележувањето на 30 години од воспоставувањето дипломатски односи бил нагласен интересот за понатамошно унапредување на билатералната соработка. Шефот на македонската држава во разговорот со Кралот на Белгијците Филип изразил благодарност за досегашната отворена и конструктивна соработка, како и за поддршката за процесот на македонската интеграција во ЕУ. На средбата било истакнато и…

Read More

Совет на јавни обвинители денеска ја одржа 80-тата седница на која беа избрани 18 јавни обвинители во 12 јавни обвинителства низ земјава и еден Основен јавен обвинител во ОЈО Штип. За Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Штип беше избрана единствената пријавена кандидатка, односно досегашна вршителка на должност, Татјана Кацарова. Совет на јавни обвинители избра вкупно 18 јавни обвинители кои ќе стапат на функција од следниот месец и тоа во: ОЈО Битола –  Борче Коруновски и Марија Чурлиновска, ОЈО Велес – Александра Станковска, ОЈО Гостивар – Илир Јакупи, Барлет Џафери и Александра Димоска, ОЈО Дебар – Анита Граждани Пачуку,…

Read More

Кога зборуваме за економија, ние имаме линеарна економија. Но, како општество треба да стремиме кон циркуларна економија. Во светот постои една изрека „Ако во моментот имате ѓубре вие сте богати“, вели потпретседателката на Сојуз на стопански комори, Габриела Кулибанова на тема „Проценка на капацитетите за развој на циркуларната економија во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан“, на конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“. За да бидеме успееме во циркуларната економија треба да видиме каде и во кои области сме успешни. Треба да се искористат ресурсите во земјоделието, на пример обработка на јаболката, текстилната индустрија, додаде Кулибанова.…

Read More

Државно-црковна делегација од Македонија од денеска престојува во Рим и во Ватикан каде ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамките на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“.  Делегацијата ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери. Во рамките на културната програма, попладнево во салата „Балдини“ во Рим, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ државно-црковната делегација ќе присуствува на концертот на младите и талентирани уметници – Гоце Златев на пијано и Магдалена Дрмач на виолончело – ученици од трета година во Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“. На програмата се Соната за пијано бр. 2 оп. 5  од Фредерик…

Read More

„Вложувањето кое го правиме во енергетска ефикасност со производство на енергија од обновливи ресурси и забрзаното напуштање на фосилните горива е клучниот и највиталниот аспект на зелената транзиција“, рече заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи на конференцијата „Недела на циркуларна економија на Западен Балкан“ во организација на Цивил што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД. Во неговото обраќање, Битиќи рече дека да се зборува за циркуларна економија, значи да се зборува за ефикасноста и ефективноста на економските активности, за тоа…

Read More

СОЊА КРАМАРСКА Дали ви значат нешто зборовите „Ki šant la ba“? На франкофоните ќе им значат бидејќи „Ki šant la ba“ е француски превод на филмот „Ко то тамо пева“ на кого се потсетивме вчера кога го видовме видеото како кавадаречките средношколци туркаат автобус во Франција со кој ги возеле на екскурзија. Имаше еднаш еден филм во југословенска продукција со наслов „Ко то тамо пева“. Трагикомедија која ја води приказната низ едно предвоено социјално милје во стара Србија со низа комични ситуации во кои маестрално се вклопи и еден погреб за на крај приказната да заврши со претсмртно оро на…

Read More