Author: Соња Крамарска

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се уште нема конкретен датум за владината седница на која ќе бидат ставени на дневен ред уставните измени. Ковачевски изрази уверување дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучат во носењето на одлуката за уставните измени во текот на наредниот период. „Нема конкретен датум“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во Свети Николе. Претходно тој исто така кажа дека од вчера до денеска нема ништо ново во однос на евентуални разговори со опозицијата. Како владина коалиција и СДСМ, рече премиерот, ние имаме многу јасен став земјата да стане членка на НАТО. „ВМРО-ДПМНЕ тогаш беше против. Исто…

Read More

Грчките конзервативци излегоа како победници во вториот круг од изборите вчера, освојувајќи историско апсолутно мнозинство, но со колапсот на левичарската опозиција, во комбинација со подемот на крајната десница, се фрлаат темни сенки врз новиот парламент, анализира ЕУРАКТИВ еден ден по изборите во Грција. Партијата Нова демократија (ЕПП) на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис доби 158 места од 300-члениот парламент. Главната опозиција останува левичарската партија Сириза (ЕУ левица) со 48 места, потоа социјалистите со 32, комунистите (ККЕ) со 20 места и новата мала левичарска партија (Плефси Елефтеријас) со осум места. Но, на десната страна на политичкиот спектар, влегувањето на две екстремно десничарски…

Read More

Прекинатиот бунт на платеничката група „Вагнер“ во Русија покажува дека Москва направила стратешка грешка со започнувањето војна против Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Настаните од викендот се внатрешно руско прашање и уште една демонстрација на големата стратешка грешка што ја направи претседателот Владимир Путин со нелегалната анексија на Крим и војната против Украина“, изјави тој за време на посетата на литванскиот главен град Вилнус. „Додека Русија ја продолжува својата офанзива, уште поважно е да ја продолжиме нашата поддршка за Украина“, додаде Столтенберг. извор: МИА

Read More

Илкај Гундоган е нов играч на Барселона, потврдија Барселона и Манчестер Сити. Сега поранешниот фудбалер на Манчестер Сити кариерата ја продолжува во Каталонија, а во Манчестер се стекна со статус на легенда. За сините одигра осум сезони, а летово ја освои тројната круна. Гундоган потпиша двегодишен договор со Барселона со опција за продолжување на уште една сезона. Блауграна денеска на социјалните мрежи објави видео од претставувањето на Гундоган. Гундоган за Манчестер Сити одигра 304 натпревари, постигна 60 гола и даде 40 асистенции. извор: Н1

Read More

Легендарниот музичар Елтон Џон се прости од британската публика во неделата вечерта на сцената на легендарниот фестивал во Гластонбери, на југозападот на Англија. „Ова е многу посебна и емотивна вечер за мене, ова е можеби мојот последен настап во Англија, во Велика Британија, па сакам да помине најдобро“, изјави Елтон Џон на почетокот на својот настап. По отпеаните неколку големи хитови, Елтон Џон го избра својот познат хит од 1974 година „Don’t Let The Sun Go Down On Me“ да му го посвети на својот голем пријател и легенда, пејачот Џорџ Мајкл кој вчера имаше 60-ти роденден. Елтон му ја…

Read More

Најмодерниот носач на авиони на нуклеарен погон „USS Gerald R. Ford“ утрово вплови во Сплит. Огромниот брод го привлече вниманието на бројни жители на Сплит и туристи, пренесуваат хрватските медиуми. Посетата на Сплит е потврда за унапредување на односите меѓу САД и Хрватска, бидејќи двете земји работат заедно за стабилен, безбеден и просперитетен регион, соопштија од амбасадата на САД во Хрватска. Бродот е долг дури 337 метри, може да носи до 75 авиони и над 4.000 членови на екипажот, се напојува од два нуклеарни реактори, што му овозможува да плови со брзина до 56 километри на час, може да плови…

Read More

Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан денеска во видео-обраќање побара поддршка околу протестот пред Соборниот храм во четврток на 29-ти јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. „Возљубени секој од нас и сите заедно имаме света должност – она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата. Со тоа обезбедуваме иднина на својот народ, бранејќи и чувајќи ги тие придобивки и кон Бога и кон својот род“, рече меѓу другото поглаварот Стефан. Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) го организира протестот,…

Read More

Денеска во Владата се одржа состанок на кој присуствуваа министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева, советничката за здравство на премиерот, професор  Ана Данева-Маркова, претставници на Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за лекови и медицински средства, претставници од фармацевтските компании, дел од стопанските комори во земјава, а во соработка со Здружението на пациенти на кој се разговараше за можни решенија за ажурирање на позитивната листа на лекови како и за изнаоѓање на одржливо трајно решение со цел поефикасно задоволување на потребите на граѓаните. Целта на состанокот била  да се подобрат механизмите за навремен и…

Read More

Уставните измени се подготвени од страна на работната група. Тие ќе се најдат на една од наредните седници на Владата, откако ќе бидат подготвени сите пропратни документи за да бидат испратени до Собранието. Сметам дека имаме време да ги донесеме уставните измени, пред нас е период кога ќе се водат разговори, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој е на ставот дека е потребно и опозицијата да учествува во носењето на оваа одлука, а тоа е исполнување на еден од чекорите кон полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ. „Од ВМРО-ДПМНЕ се согласија да бидат дел од влада која ќе значи…

Read More

Просечната застапеност на жените во парламентот во целиот регион што го покрива ОБСЕ е 29,6 проценти, во Северна Македонија е над просекот, што е впечатливо и има 42,5 проценти жени во парламентот, истакна шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал на денешната регионална конференција „ Унапредување на родовата еднаквост во парламентите“, организирана од страна на Клубот на пратенички на Собранието, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Тој ги спомна предизвиците со кои се соочуваат жените политичари за време на изборите или нивната незастапеност во одредени функции пред и после избори, но рече дека земјава ќе…

Read More

Компанијата ТАВ која стопанисува со двата македонски аеродроми денеска ја промовираше новата авиолинија Осло-Скопје што за почеток ќе биде сезонска и ќе сообраќа двапати во неделата, во понеделник и во петок. Со новата авиолинија на авиокомпанијата Норвежијан ќе им овозможиме на македонските патници да ја посетат земјата на прекрасните фјордови и поларната светлина. Покрај ова тие ќе можат да ја користат мрежата на оваа авиокомпанија за да патуваат низ цела Скандинавија и пошироко. Стартуваме сезонски но се надеваме дека ова ќе прерасне во редовна авиолинија затоа што веруваме во потенцијалот на оваа соработка“, рече на промоцијата генералниот директор на ТАВ…

Read More

Соочена со закани од генерален штрајк кој реално може да предизвика колапс на економското работење, директорката на УЈП Соња Лукаревска во интервју за „Локално“, изразува верба дека сепак ќе се најде заедничко прифатливо решение. Ситуацијата во којашто е таа сепак е далеку од розова. „Воопшто не е пријатно да се  раководи со институција во која вработените искажуваат незадоволство особено што и јас пред да станам директор на УЈП, дојдов баш од редот на вработените и заеднички се залагавме за подобри права на вработените“, вели Лукаревска. Посочува дека уште од почетокот е вклучена во процесот на договарање за склучување на нов Колективен договор на УЈП…

Read More