Author: Соња Крамарска

Ватикан соопшти дека папата Франциско (86) бил примен во болница во Рим на однапред закажани медицински прегледи, без да даде дополнителни детали. „Светиот Отец од попладнево е во болницата Џемели на некои однапред планирани прегледи“, напиша во соопштението портпаролот на Ватикан, Матео Бруни. Неколку часа подоцна, Ватикан објави дека на папата Франциско му била дијагностицирана респираторна инфекција и дека ќе му треба „неколку дена соодветно болничко лекување“. Папата, кој претходно овој месец одбележа 10 години како поглавар на Католичката црква, претходно се појави расположен на својата неделна аудиенција во Ватикан, насмеан додека ги поздравуваше верниците од својот „папамобил“. Сепак, тој…

Read More

Македонските „Ми – 24“ од руско производство, кои земјава ги набави во 2001-та година, ќе бидат донирани на Украина. Владата доцна синоќа ја разгледа информацијата и ја усвои потребата од склучување на протокол со украинското Министерство за надворешни работи за донирање на македонските воздухоплови. Од Министерството за одбрана велат дека за хеликоптерите од типот „Ми-24“ уште пред осум години, се потрошени ресурсите, односно не се користат поради недостиг на резервни делови, но сметаат дека Украина има капацитет да ги стави во функција и истите да ги користи за потребите на украинската армија за изведување различен вид операции и борбени активности.…

Read More

Заедно со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од 1 јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија каде пиковите главно се преку ден, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. „Со тоа би можело да имаме вишоци на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај до октомври“, рече Бектеши во одговор на прашање по денешната изјава пред Владата. Министерот нагласи дека веќе ја има анализата за справувањето со енергетската криза, но додаде дека директорот на АД ЕСМ Васко…

Read More

Повеќе од 10.000 луѓе во САД загинале од оружено насилство заклучно со 28 март, објави во вторникот Gun Violence Tracker, објави АФП. Според непрофитната истражувачка група, досега оваа година имало 130 масовни престрелки. Тракерот покажува дека бројот на луѓе кои се самоубиле со огнено оружје од почетокот на годината достигна 5.742, а уште 4.266 лица загинале во убиства, несреќни пукања и одбранбена употреба на оружје. Повеќе од 7.500 луѓе беа повредени. Што се однесува до малолетниците, во истите инциденти загинаа 59 деца на возраст од 0 до 11 години и 347 деца на возраст од 12 до 17 години. Во…

Read More

Уставните измени полека го зазедоа местото на врвот на агендата во нашата земја, но се и дел од надворешно политичките агенди на водечките европски земји и САД кои зачестија со своите убедувачки мисии и посети на Македонија. Премиерот Ковачевски денес порача дека уставните измени нема да се одложат. Со формирањето на експертската група и со нивната работа практично ќе започне процесот, кој потоа ќе влезе во процедурите кои се пропишани со закон, изјави тој одговарајќи на новинарско прашање при посетата на тетовската фирма „Везе Шари“. „Јас верувам дека нашата држава има капацитет, пред се, демократски, меѓутоа и европски капацитет и…

Read More

Платформите за генеративна вештачка интелигенција, вклучително и четботот ChatGPT, може да предизвикаат „сериозни потреси“ на пазарот на трудот, објавија авторите на студијата спроведена од експерти од американската инвестициска банка Голдман Сакс. Анализата на американскиот и европскиот пазар на труд покажа дека две третини од работните места би можеле да се автоматизираат, барем до одреден степен. Во повеќето ризични професии во САД, вештачката интелигенција може делумно да замени помеѓу 25 и 50 проценти од вработените, заклучија аналитичарите. Тие укажуваат дека на глобално ниво, до 300 милиони работни места би можеле да бидат укинати од појавата на вештачката интелигенција. Сепак, неговата употреба…

Read More

Судскиот совет го реизбра судијата Хасан Асани за претседател на Основниот суд Тетово. Судијата Хасан Асани, кој доаѓа од Основниот суд Тетово, беше избран со 9 гласа „за“ и три против. На огласот, иако биле пријавени тројца кандидати, само Асани доставил комплетна документација. Судскиот совет, претходно на денешната седница ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд од граѓанска област. На огласот за избор на четири судии во Врховниот суд, од кои двајца за кривична област и двајца за граѓанска област, беа пријавени по петмина кандидати, но Судскиот совет не избра ниту еден од петмината кандидати…

Read More

Американското Министерство за одбрана почна да ги подготвува американските вселенски сили за можен иден конфликт со Русија и Кина во вселената, објави Волстрит журнал. Одлуката доаѓа во време кога Русија и Кина распоредуваат ласери и ракети кои би можеле да ги оневозможат сателитите и да ја нарушат цивилната комуникација. Во март, Белата куќа предложи зголемување на годишниот буџет на вселенските сили на 30 милијарди долари, што е рекордна сума. Сумата предложена од американската администрација е речиси 4 милијарди долари повеќе од буџетот во 2021 година. Белата куќа, исто така, предложи зголемување на средствата за воздухопловните сили и морнарицата. Зголемувањето на…

Read More

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека по новинарските извештаи за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 д со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отворило предмет по допрен глас. „Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, велат од Обвинителството. По објавите во медиумите во однос на компаниите вклучени во конзорциумот „ИРД“ што беше избран за надзор, Антикорупциската комисија веќе најави дека ќе ги провери наводите. Автопатите што треба да ги гради Бехтел и…

Read More

Додека германскиот канцелар Олаф Шолц беше зафатен со обидот да ја зачува својата коалиција, некој човек маскиран како за Ноќта на вештерките се обидел да упадне во неговиот дом. Во неделата навечер, лице облечено во ракавици, качулка, маска и штитник на челото упаднало во станбен комплекс во Потсдам (лоциран на периферијата на Берлин) каде што живее Шолц, објави германското издание Шпигел, повикувајќи се на безбедносни службеници и објавувајќи скриншот од екранот од снимките на надзорните камери на зградата. Според Шпигел, лицето се обидело да упадне во станот на германскиот канцелар, а потоа побегнало од местото откако било забележано. Шолц не…

Read More

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на граничниот премин „Ќафасан“ го пречека претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен, кој денеска и утре престојува во официјална посета на Македонија. Посакувајќи му пријатен престој на сојузниот претседател Ван дер Белен, министерката и потпретседателка на СДСМ ги истакна добрите односи помеѓу двете земји, вклучително и во областа на културата. Костадиновска-Стојчевска додаде дека оваа официјална посета ќе даде дополнителен импулс во зацврстувањето на пријателските врски помеѓу Северна Македонија и Австрија. Покрај официјалната програма, делегацијата ќе има можност да се запознае и со македонското современо творештво, со традицијата и, секако, со значајни културно-историски споменици…

Read More

Премиерот Ковачевски, денеска, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски беше во посета на еден од маркетите во Скопје. Посетата, како што соопшти владината прес-служба, е со цел да ја провери снабденоста и цените на основните прехранбени продукти, меѓу кои јајцата од кокошка и оризот, за кои што Владата донесе одлука за замрзнување на цените, како и да ја провери снабденоста и цената на брашното. „Драго ми е што денеска се уверив дека нашите одлуки се почитуваат, што, се надевам е случај и во другите маркети. Ваквата мерка ќе остане во важност…

Read More