Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Јајцата и оризот се со замрзнати цени, намалена и цената на брашното, наскоро и на овошјето, зеленчукот и хигиенските продукти

0
By Соња Крамарска on March 28, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 28, 2023 13:38
Премиерот Ковачевски, денеска, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски беше во посета на еден од маркетите во Скопје.
Посетата, како што соопшти владината прес-служба, е со цел да ја провери снабденоста и цените на основните прехранбени продукти, меѓу кои јајцата од кокошка и оризот, за кои што Владата донесе одлука за замрзнување на цените, како и да ја провери снабденоста и цената на брашното.
„Драго ми е што денеска се уверив дека нашите одлуки се почитуваат, што, се надевам е случај и во другите маркети. Ваквата мерка ќе остане во важност до крајот на април 2023 година, со тенденција вакви слични мерки да донесеме и за други прехранбени производи, ако за тоа се укаже потреба“, рече Ковачевски.

Тој вели и дека „пријатно се изненадил“ кога видел дека и цената на брашното е намалена во дел од маркетите, без при тоа, државата да донесе одлука за тоа.

„Ваквиот потег го поздравуваме и ги охрабруваме и другите продажни места да го следат овој пример“, изјави шефот на Владата.
„Сакам да ја уверам македонската јавност дека нашето присуство овде не е случајно. Владата, и јас како прв човек во Владата, водиме практична, инклузивна политика. Носиме одлуки кои ги засегаат граѓаните и затоа, сакаме лично, на терен, да го слушнеме гласот на граѓанинот, гласот на народот, како реакција на политиките кои ги спроведуваме и одлуките кои ги носиме“, рече Ковачевски.
Тој притоа најави можно намалување и на цените на овошјето и зеленчукот.
Министерот Бектеши најави можности и за други ценовни интервенции.

„Најверојатно утре, на владина седница, ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во текот на оваа недела ќе бидат замрзнати и цените на дел од овошјето и зеленчукот“, рече тој.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски изјави дека сите инспектори се на терен и дека кај дел од правните субјекти се констатирани прекршоци, за што се водат постапки. Тој апелираше до трговците да ги намалат цените и на другите производи, доколку се во можност.

„Инспекторите се на терен и постапуваме со својот полн капацитет. Изминатите 5 дена, извршени се над 500 надзори, од кои 130 по одлуките на Владата за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 750.000 денари“, рече Трајковски.

Димитар Ковачевски посета на маркет цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 9, 2026

Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски кој со потврда дека е осудуван беше испратен во Виена

ВЕСТИ August 9, 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се оградува од именувањето на разузнавачот Киро Тодоровски за претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена,…

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

August 8, 2026

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.