Author: Соња Крамарска

Според тројца високи функционери информирани за дискусиите по последната закана од Москва, американските и европските претставници веруваат дека Владимир Путин нема намера да распореди нуклеарно оружје во Белорусија во скоро време. Путин во саботата објави дека планира да испорача оружје во Белорусија за да се складира во објект во изградба, кој ќе биде готов во јули. Ако тоа се случи, за прв пат од 1990-тите, руското нуклеарно оружје ќе биде надвор од територијата на земјата. Путин не даде конкретна временска рамка, но западните официјални лица рекоа дека немаат докази дека тој планира такво нешто во блиска иднина. „Индикациите се дека…

Read More

Националните избори во Грција ќе се одржат на 21 мај, најави премиерот Киријакос Мицотакис на денешната владина седница, пренесе Катимерини. „На земјата и на нејзините граѓани и требаат јасни хоризонти“, рече Мицотакис пред кабинетот. „Националните избори ќе се одржат во недела на 21 мај“, рече тој. Главна тема на денешната владина седница е презентирањето на активностите за државната администрација од страна на министерот за внатрешни работи Макис Воридис и заменик министерот за финансии Теодорос Скилакакис. По железничката несреќа во Темпе расте вознемиреноста и политичкото незадоволство, нема јасни победници, а бројот на неопределените гласачи се зголемува: Според најновата анкета на Пулс…

Read More

Белгиската разузнавачка служба детално ги проверува активностите на технолошкиот гигант Huawei бидејќи расте загриженоста за кинеската шпионажа,  објави Politico повикувајќи се на доверливи документи. Во последниве месеци, Службата за државна безбедност на Белгија (ВССЕ) побара разговори со поранешни вработени во лобистичката дејност на компанијата во ЕУ. Собирањето разузнавачки информации е дел од напорите на безбедносните службеници внимателно да се испита како Кина можеби користи недржавни актери – вклучително и високи лобисти во канцеларијата на Huawei во Брисел – за да ги остварува интересите на кинеската држава и нејзината Комунистичка партија во Европа, велат изворите на Politico кои бараат анонимност поради…

Read More

Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, денеска како гостин во студиото на националниот сервис рече дека кромидот некаде достигнува цена и до 100 денари за килограм, иако реалната цена треба да биде 50 денари. Тој порача дека неговото министерство дава поддршка и за потребата да се замрзнат цените на одредени земјоделски производи, како што тоа беше пример со белиот леб, јајцата и оризот. „Ова е време за солидарност и единство, а не време за профитерство. Јас нема да дозволам некој да се богати на грбот на земјоделците и граѓаните. На пример, производствената цена на кромидот чини околу 20 денари по килограм…

Read More

Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа не ја прифати руско-кинеската резолуција за формирање комисија која ќе ја истражува диверзијата на гасоводите „Северен тек“. Резолуцијата беше поддржана од три членки на Советот за безбедност, никој не беше против, а 12 земји беа воздржани. За усвојување на резолуцијата беше неопходна поддршка од девет членки на Советот за безбедност. Во моментов, Шведска, Данска и Германија спроведуваат свои истраги за минирањето и саботажата на двата гасоводи во Северно Море „Северен тек 1 “ и „Северен тек 2“. Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, на седницата на Советот за безбедност изјави дека…

Read More

Фернандо Алонсо изјави дека не жали како се одвива неговата кариера во Формула 1 и истакна дека не се согласува со критиките за неговите одлуки. „Би рекол дека од 20 сезони во Формула 1 само четири беа разочарувачки, кога Мекларен-Хонда  не беше конкурентна. Но, во текот на преостанатите 16 сезони, се борев за подиуми и победи – ова е нешто посебно. Понекогаш ми се чини дека однадвор луѓето се навредени од мене поради чекорите што ги презедов. Но, фактите велат поинаку, и јас би сакал да го појаснам ова“, рече двократниот светски шампион на „Channel 4“. Шпанецот го сподели и…

Read More

Шведската војска објави дека поради безбедносни причини ја забранува употребата на кинеската апликација TikTok на официјални уреди, со што се придружи на низата слични одлуки во западните земји, објави АФП. „Употребата на мобилни телефони и таблети сама по себе може да претставува безбедносен ризик, затоа отсега не сакаме TikTok на нашата сервисна опрема“, рече портпаролката на вооружените сили Гуна Грауфелд. Шведската војска соопшти дека ја донела својата одлука врз основа на „информациите што произлегоа од јавни извори за начинот на кој апликацијата ги лови податоците на корисниците и дејствијата на компанијата сопственик ByteDance“. Белата куќа, Европската комисија, канадската и британската…

Read More

Министерството за образование и наука воведе систем за следење на кариерите на матурантите по дипломирањето во средните стручни училишта – што е дел од Стратегијата за образование 2018-2025 година. Со ова министерот Јетон Шаќири ги запознал на денешната средба претставниците на средните стручни училишта во државата, На средбата бил презентиран системот за кариерно следење на матурантите, што ќе се воведе со поддршка од фондовите на ЕУ, кои како што рече, го поддржуваат реформирањето на нашиот национален образовен систем. „Системот е веќе креиран и поставен на посебен портал anketi.mon.gov.mk. Ќе функционира со прибирање на податоци директно од учениците откако ќе дипломираат,…

Read More

Министерот за правда Кренар Лога, на првиот брифинг со новинарите откако стапи на функцијата, посочи дека е „прашање на денови“ кога ќе биде формирана работната група за уставни измени во која ќе учествуваат претставници од повеќе области во државата. Меѓутоа, тој за првпат кажа и дека се размислува и за други измени на Уставот, како што е измената во делот каде министерот за правда по функција е член на Судски совет, регулирање на вакумот со распуштање на Собранието и при смената меѓу еден и изборот на друг министер, како и во делот на тоа што беше проблематично во пандемијата и…

Read More

Никола Груевски останува да одговара за уште девет предмети пред домашните судови и уште еднаш ќе поднесам барање за негова екстрадиција, изјави министерот за правда Кренар Лога. На брифингот со медиумите, Лога посочи дека во писменото барање ќе биде наведено дека тој ќе биде сместен во т.н. Хашки ќелии и во затвор и во притвор. „Верувам дека ќе бидат прифатливи за унгарските институции, дека тие ги исполнуваат сите меѓународни стандарди“, изјави Лога. Посочи дека својот став го кажал и на средбата со амбасадорката на Грција каде пребегаа Горан Грујовски и Никола Бошковски и дека е недозволиво европски земји како Грција…

Read More

Голем број романи на Агата Кристи се одново напишани поради модерни чувствителности, и во нив се отстранети расистички термини и изменети се делови од текстот, пишува Индепендент. Веста доаѓа неколку недели откако книгите на Роалд Дал и Јан Флеминг беа слично уредени следејќи ги сензитивните критики. Мистериите на Поаро и на Мис Марпл претрпеа уредувања така што оригиналните пасуси или се преработени или се отстранети во новите изданија објавени од Харпер Колинс, објави Телеграф. Овие нови изданија или биле веќе објавени во 2020 година или треба да бидат наскоро објавени. Телеграф известува за бројни промени на делата од 1920 до 1976…

Read More

Британската холивудска ѕвезда Орландо Блум отпатува во Украина каде што се сретна со претседателот Володимир Зеленски за да даде поддршка во борбата против руската инвазија. Блум на средбата со Зеленски ја нарече „инспиративна“ силата и волјата на украинскиот народ кој ја брани својата земја од руските натрапници. Тој, како амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ престојуваше три дена во Украина каде што ги посети градовите Киев, Ирпин и Димидав. Ѕвездата на мега хитовите Пиратите од Карибите и Лордот на Прстените рече дека тоа е негово прво патување во Украина од 2016 година. За време на престојот во Киев, Орландо Блум…

Read More