Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лога: Ќе поднесам барање за екстрадиција на Груевски, останува да одговара за уште девет предмети пред домашните судови

0
By Соња Крамарска on March 27, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 27, 2023 14:57

Никола Груевски останува да одговара за уште девет предмети пред домашните судови и уште еднаш ќе поднесам барање за негова екстрадиција, изјави министерот за правда Кренар Лога.

На брифингот со медиумите, Лога посочи дека во писменото барање ќе биде наведено дека тој ќе биде сместен во т.н. Хашки ќелии и во затвор и во притвор.

„Верувам дека ќе бидат прифатливи за унгарските институции, дека тие ги исполнуваат сите меѓународни стандарди“, изјави Лога.

Посочи дека својот став го кажал и на средбата со амбасадорката на Грција каде пребегаа Горан Грујовски и Никола Бошковски и дека е недозволиво европски земји како Грција и Унгарија да не помогнат за враќање на довербата.

„Уште еднаш од наша страна ќе побараме од нив тие да бидат екстрадирани, за еднаш засекогаш да се добие соодветна правда за нив и сите очекувања за правна држава да бидат остварени, не само на хартија, туку и вистински“, изјави Лога, посочувајќи дека ако и тогаш не бидат задоволни од условите и имаат забелешки, ќе побараат и нивна поддршка за решавање на тоа.

Во однос на барањата од Кумановската група за трансфер на Косово, Лога рече дека дел од предметите не биле целосни и се вратени да се дооформат.

„Го побарав досието поврзано со трансферот на Кумановската група. Најголем дел од тие барања не се според тоа што го предвидува законот. Остануваат најмалку десет чекори до нивниот трансфер на Косово“, изјави Лога, посочувајќи дека и за ова прашање ќе треба согласност од двете страни.

Лога, исто така, посочи дека ќе има средба со косовскиот колега и ќе разговара за овој и сите други проблеми, како што се и екстрадициите за случајот „Монструм“.

Извор: МИА

екстрадиција Кренар Лога Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.