Author: Соња Крамарска

Извршниот директор на TikTok, кој ретко се појавува во јавноста,  денес се појави пред комитетот на американскиот Конгрес, каде што се соочи со прашања за безбедноста на податоците и безбедноста на корисниците, додека тој самиот даваше контрааргументи зошто не треба да се забранува популарната апликација за споделување видео. Сведочењето на Шу Заи Чиу доаѓа во клучен момент за компанијата, која има стекнато 150 милиони американски корисници, но е под зголемен притисок од американските власти. TikTok и нејзината матична компанија ByteDance се зафатени во поширока геополитичка битка меѓу Пекинг и Вашингтон околу трговијата и технологијата. Во својата воведна изјава, претседателката на…

Read More

Премиерот Ковачевски, заедно со вицепремиерот Бојан Маричиќ, се сретна со министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок. На состанокот беше нагласено долгогодишното искрено и силно македонско-германско пријателство и партнерство, во 30-те години од воспоставувањето дипломатски односи, што се навршуваат оваа година. Пренесена е јасна и конкретна порака дека Германија стои до Северна Македонија за следниот исчекор на нашата држава во европските интеграции. При тоа е изразено очекување дека ова стратешко прашање за државата и за регионот ќе биде во преден план на сите политички субјекти во земјава. Нагласено е дека е од суштинска важност за севкупниот геополитички контекст, целиот…

Read More

Денес со делегација од Град Скопје сме во службена посета на градот Измир, Република Турција, каде одржавме работна средба со градоначалникот Мустафа Тунч Сојер и потпишавме протокол за збратимување помеѓу Скопје и Измир, соопшти градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. „Со градоначалникот на Измир, со кој денеска потпишавме протокол за збратимување, изразивме подготвеност за зајакнување на меѓусебните пријателски релации и соработка на конкретни проекти од взаемен интерес, во областа на туризмот, економијата, културата, образованието и животната средина“, вели таа преку соопштение до јавноста. Со овој протокол, Град Скопје и Град Измир, пристапуваат кон конкретна соработка преку реализација на проекти од взаемен…

Read More

Унгарија нема да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку влезе во земјата, изјави денеска шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, појаснувајќи дека за тоа нема правна основа. Унгарија го потпиша и ратификуваше Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Тој суд во петокот издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство илегално депортирање на стотици деца од Украина. На прашањето дали Путин ќе биде уапсен доколку дојде во Унгарија, Гергели Гуљаш рече дека Римскиот статут не е инкорпориран во унгарскиот правен систем. „Можеме да се повикаме на унгарскиот закон и врз основа на…

Read More

Залуден е секој обид да се доведе во прашање договорот меѓу Србија и Косово – договорот е усогласен, тој мора да се спроведе и нема простор за избор што се сака, а што не, изјави денеска високиот претставник на Европската унија за надворешни и безбедносна политика, Жозеп Борел во пресрет на министерски состанок во Брисел. Според Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Борел рекол дека „договорот е целина“ и дека сите негови делови треба да се имплементираат. „Внимателно ќе следиме кој спроведува, а кој не спроведува. Би ги советувал да не вперуваат прст во никого, туку да си ја завршат…

Read More

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок денеска се осврна на уставните измени што земјава треба да ги направи за да продолжи процесот на преговори со ЕУ, и порача дека повторно ќе дојде во декември. „Важно ми е да зборувам со сите демократски актери. Во вакви моменти кога се прави промена на Уставот – тоа е голема разлика меѓу демократиите и диктатурите. Во диктатурите и автократиите, Уставот може да се смени само со потпис на еден човек, но во демократиите мора напорно да се работи и треба да се борите за секој глас. Потребно е двотретинско мнозинство и тоа е…

Read More

Длабоко сме вознемирени од доследните активности на Северна Македонија за ограничување на правата на здружување и слободно изразување на бугарската заедница во оваа земја, изјави заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Костадин Коџабашев. На прашањето на БГНЕС кои се чекорите на Бугарија во врска со претепувањето на Христијан Пендиков, палењето на бугарскиот клуб во Битола и конечно неговото затворање, експертот во МНР Жељко Радуков одговори дека ја разбираат желбата да се види брз резултат од бугарската страна. „Ние сме во незавидна положба, постапките на другата страна имаат брз ефект, нешто за уништување и забрана, нашите постапки бараат многу труд,…

Read More

Британскиот принц Вилијам дојде во ненадејна посета на Полска, каде се сретна со полски официјални претставници и британски војници, јавува агенцијата Анадолија. Британскиот престолонаследник отпатува во Жешов во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, каде што се состана со војниците од базата на 3-та бригада на територијалната одбранбена сила и полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак. „Попладнево отпатував за Полска за да се сретнам со британските и полските војници каде што слушнав за нивната извонредна работа за поддршка на Украина. Мојата порака до нив во име на сите нас е: „Ви благодарам!“ – напиша Вилијам на Твитер. Вилијам…

Read More

Апсењето на рускиот претседател Владимир Путин по налог за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) минатата недела, би било „објавување војна“ против Москва, предупреди вториот човек на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. „Да замислиме дека шефот на држава на нуклеарна сила оди, на пример, во Германија и е уапсен. Што е тоа? Објавување војна на Русија“, изјави синоќа рускиот функционер. Ако тоа се случи, тогаш „сите наши способности, проектили и друго, ќе паднат врз Бундестагот“, додаде Медведев. На 17 март Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, кого го сомничи за воени…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети украинските сили во близина на фронтот кај Бахмут и им додели медали на војниците кои, како што рече, храбро го бранат суверенитетот на својата земја. Украинските сили во Бахмут се спротивставуваат на руските напади веќе осум месеци, и покрај големите жртви во една од најкрвавите битки од почетокот на руската инвазија од пред 13 месеци. Зеленски денеска им додели медали на исцрпените војници во борбена опрема, а самиот носел темна маица и воени маскирни панталони. „Чест е да се биде овде денеска и да им се доделат ордени на нашите херои. Да им…

Read More

Европската унија мора да обезбеди Србија да ги спроведе договорените активности на терен, изјави за новинарите косовскиот премиер Албин Курти по денешната владина седница. Тој нагласи дека точката 7 зборува за правата на српската заедница, а не за формирање на Заедница на српски општини. Курти рече дека не го засегаат изјавите на српската страна и оти Европската унија мора да обезбеди Србија да ги спроведе на терен договорите, вклучително и тој во Охрид. „ЕУ вели дека тоа е договор, а имаме изјави од српска страна кои покажуваат дека нема намера да спроведе некои работи и дека се обидува да раскине…

Read More

Денеска МВР поднесе кривичина пријава против 15-годишник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам”. Како што соопшти полицијата, малолетникот на 24.02.2023, користејќи го својот мобилен телефон креирал електронска адреса, и истиот ден, користејќи го својот лап-топ компјутер од својот дом испратил порака со заканувачка содржина на службената електронска адреса на едно средно училиште во Скопје, за која по извршени проверки било утврдено дека е лажна. Притоа, со цел да ги прикрие своите активности при испраќање на поракaта малолетникот користел VPN апликација. По преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика утврдена е користената IP…

Read More