Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Украина денеска назначи нов главен истражител за борба против корупцијата, завршувајќи го повеќемесечниот процес што внимателно го следеа западните сојузници. Европската Унија бара од Киев да и даде приоритет на борбата против корупцијата доколку сака да и се придружи и смета дека назначувањето на нов директор на Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) е важен чекор во таа насока. Во јуни минатата година Украина доби статус на кандидат за членство во ЕУ, четири месеци по почетокот на руската инвазија. Семен Кривонос, досегашен раководител на Државната инспекција за архитектура и урбанизам е избран за седумгодишен мандат. НАБУ е едно од…
Турската централна банка купи 23 тони злато во јануари, со што повторно стана најголемиот купувач на благородниот метал меѓу светските централни банки. „Турската централна банка е најголемиот купувач на злато во светот“, објави Блумберг, цитирајќи го Светскиот совет за злато (WGC). Турција во моментов има 565 тони злато во своите резерви – што е рекордно високо ниво. Турција и минатата година беше најголемиот купувач на злато. Централната банка на земјата купи 145 тони во 2022 година, со што нејзините резерви достигнаа 542 тони. Вкупно, централните банки на земјите ги зголемија златните резерви за 31 тон на крајот на јануари, а…
Грција ќе побара дополнителни средства од ЕУ за подобрување на безбедноста на железницата и итно подобрување на железничкиот сообраќај, соопшти денеска грчката влада. Во исто време, вработените во јавниот сектор планираат широки протести огорчени од најтешката железничка несреќа во Грција досега, во која загинаа 57 лица минатата недела, пренесува Ројтерс. Синдикатите велат дека ослабувачката должничка криза што ја зафати Грција од 2010 до 2018 година резултирала со лоша безбедност на железницата, намалување на трошоците и недоволно инвестирање. Премиерот Киријакос Мицотакис призна дека годините на запоставување на транспортната мрежа можеби придонеле за катастрофата што се случи на 28 февруари. „Не можеме,…
Единствениот музеј за електрична енергија во земјата, музејот „Матка“ на ЕВН Македонија, од денес е повторно отворен за посетителите. Првиот ден на новата сезона беше одбележан со настан за енергетската ефикасност на кој експерти од компанијата објаснија зошто разумното користење на енергијата е од посебна важност. На целодневниот настан учествуваа стипендисти на компанијата на техничките факултети и ученици од паралелките за дуално образование на ЕВН во СЕТУ „Михајло Пупин“. Преку експонатите со мултимедијален и интерактивен пристап, учесниците се запознаа со поимот и историјата на електричната енергија, производството, преносот, дистрибуцијата и снабдувањето. Во текот на настанот, тие добија многу совети за…
Белорускиот суд ја осуди лидерката на опозицијата во егзил Светлана Тихановска на 15 години затвор во отсуство, додека таа доби голем број пофалби и награди на Запад за нејзината борба за демократија во нејзината земја. На Тихановска од јануари годинава и се судеше за предавство, а нејзините поддржувачи го отфрлија како фарса, пренесува Танјуг, повикувајќи се на белоруската државна новинска агенција Белта. Пред Тихановска, минатата недела белорускиот суд го осуди на десет години затвор и добитникот на Нобеловата награда за мир Алекс Бјаљацки. Тихановска побегна од Белорусија откако се кандидираше на претседателските избори во 2020 година, кога беше главен конкурент…
Поранешниот член на Пинк Флојд, Роџер Вотерс се соочи со уште едно откажување на неговото шоу бидејќи германската општина Франкфурт неодамна објави дека настапот на Вотерс за претстојниот фестивал нема да се случи, пренесува Rockcelebrities.net. Властите ги навеле неговите политички коментари како причина за откажувањето и го нарекле поранешниот член на Пинк Флојд – антисемит. И градот Франкфурт одлучи да преземе акција против Роџер, откажувајќи го претстојното шоу на фестивалот. Градскиот совет, наводно, имал овластување да го откаже шоуто бидејќи општината должи 60% од правата на фестивалот, што ја олеснило забраната за појавување на Вотерс. Исто така, беше објавено дека советот…
Пишува: СОЊА КРАМАРСКА Минатата недела Македонија беше соочена со драмата наречена „ќе има ли бел леб или не“. Драмата целосно го окупираше општественото милје, почнувајќи од медиумите, Владата, и политичките партии се до социјалните мрежи. Се изначитавме стотици соопштенија, слушнавме и видовме изјави од сите засегнати страни, се правеа анкети. Човек да се праша во кој век живееме, и што е уште поважно, на кое социјално, економско и политичко ниво е нашата држава, та лебот е централна тема во државата. Просто е неверојатно дека во денешно време кога светот има други понапредни агенди, ние да се занимаваме со тоа…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп рече дека решавањето на конфликтот меѓу Русија и Украина, доколку тој биде реизбран за шеф на државата, „нема да потрае повеќе од 24 часа“. Поранешниот претседател ова го изјави на годишната конвенција на американските конзервативци во Вашингтон. „Сакам да ве уверам дека ова нема да биде тешка задача. Тоа може да се направи во рок од 24 часа ако луѓето знаат што треба да направат“, рече Трамп. Трамп одби да каже точно кој е неговиот план или какви активности има намера да преземе. „Нема да ви кажам, бидејќи на тој начин веројатно ќе ја изгубам…
Договорот помеѓу градоначалничката Данела Арсовска и приватните превозници денеска добива своја конкретна завршница со која скопјани од наредниот месец би требало да имаат понормален градски превоз во споредба со изминатите месеци кога бројот на автобуси беше редуциран на сите линии. Град Скопје, како што најави, денеска објави јавен повик со кои се бараат превозници на дури 16 линии. Линиите се поделени во три пакети, за кои се наведени и минималните потребни техничко – технолошки елементи за одржување на линии. Според огласот, во првиот пакет се опфатени линиите со број 23, 45, 61, 63 и 73, за чие опслужување се потребни…
Снежната покривка на Попова Шапка утрово изнесува 21 сантиметар, каде се измерени и -5 степени Целзиусови. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека -5 степени се измерени и во Берово, -3 во Скопје-Петровец, -2 во Крива Паланка, Тетово, Куманово и Маврови Анови, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Лазарополе, 0 степени во Виница, Крушево, 1 во Гевгелија, 2 во Претор, 3 во Дебар и 4 во Охрид и Дојран. Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност, а во крајните западни делови ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален…
По маратонскиот исказ даден пред истражен судија и обвинител, шефот на железничката станица во Лариса, доби мерка притвор за железничката несреќа. Шефот на станицата беше уапсен веднаш по несреќата, што се случи во вторникот кусо пред полноќ кај месноста Темпи, а животот го загубија 57лица. Во форензичките лаборатории на грчката полиција, според медиумите, заврши процесот на идентификација на загинатите преку ДНК анализа и од 57 загинати, идентификувани се 55 лица. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, еден загинат, сè уште не е идентификуван, бидејќи никој не го побарал и не постои ДНК примерок за анализа, додека пак една жена и понатаму…
Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска, денеска беа сослушани во Обвинителството во врска со поведената дисциплинска постапка против нив. „Комисијата денеска одржа седница на која беа сослушани трите јавни обвинителки, кои дадоа свои искази и беа изведени сите докази во постапката. Членот на комисијата кој е известител во предметот сега треба да изготви извештај по завршување на постапката со предлог“, велат од Обвинителството. Притоа бил одбиен предлогот на обвинителките да биде сослушан професорот од Правниот факултет Гордан Галајџиев, во улога на експерт. „На денешната седница членовите на комисијата едногласно не го прифатија предлогот да биде сослушан професорот Калајџиев…