Author: Соња Крамарска

„Изминатата 2022 година покажа дека се враќа довербата во полицијата, во институциите и во перцепцијата за безбедноста. Имаме намалување на вкупниот број на кривични дела, на вкупниот криминалитет и зголемување на ефикасноста во борбата со криминалот и корупцијата“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на годишната конференција „Година на нови можности“. Тој додаде дека има зголемена ефикасност во борбата против трговија со дрога и кажа дека изминатата година се запленети околу 2,4 тони дрога и околу 20 тони прекурсори. „Тоа говори дека добрата стратешка поставеност и активностите на сите колеги и нивната посветеност даваат резултати и таквиот тренд ќе…

Read More

Извештајот на српската Влада за преговарачкиот процес со Приштина е доставен до пратениците, соопшти парламентот во Белград, јавија српските медиуми. „Извештајот за преговарачкиот процес со институциите на привремената самоуправа во Приштина“ што владата на Србија го достави до пратениците, се однесува на периодот од 1 септември 2022 година до 15 јануари 2023 година, објавен е на веб-страницата на Собранието на Србија. Претходно медиумите објавија дека пратениците на 2 февруари треба да расправаат за Косово и оти во работата на седницата ќе учествува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. „Иако кризата во дијалогот меѓу Белград и Приштина систематски се развиваше и…

Read More

Инфлацијата не доведе до класичен ценовен шок, но таа резултираше со покачување на каматните стапки, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежовска, на вториот ден од владината конференција „Година на нови можности“. Таа посочи дека минатиов период на светско ниво се случил најсинхронизиран циклус на затегнување на монетарните политики. „Ние одговоривме преку стабилен девизен курс на домашната валута“, рече Бежовска. Таа додаде дека клучни аспекти биле курсот, односно девизниот пазар и инфлациските притисоци. „Уште кон крајот на 2021 година забележавме притисоци и оттогаш реагиравме со монетарната политика одржувајќи ја ликвидноста“, истакна гувернерката. Таа подвлече дека како резултат на преземените…

Read More

Зоран Бојаровски „Нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и ќе се обезбеди чествување какво што доликува на нашиот великан Гоце Делчев“, порача Оливер Спасовски. „Ќе ги преземам сите мерки луѓето што ќе дојдат од Бугарија на тоа чествување да не предизвикаат провокации или несакани настани. Постигнавме согласност дека сè ќе биде преземено за да не дозволиме на некои личности да ја запалат ситиуацијата, туку да се оддаде почит на една историска личност како Делчев без проблеми и првокации“, истакна Демерџиев. Со изјавите пред новинарите и пред македонската и бугарската…

Read More

Меѓународниот монетарен фонд денеска малку ги зголеми изгледите за глобалниот раст во 2023 поради „изненадувачките отпорни“ побарувања во САД и Европа, пониските трошоци за енергија и повторното отворање на кинеската економија откако Пекинг ги ублажи строгите ограничувања за Ковид-19. ММФ соопшти дека глобалниот раст сепак ќе падне на 2,9 отсто годинава од 3,4 отсто во 2022 година, но неговите најнови прогнози за Светската економска перспектива покажуваат подобрување во однос на предвидувањата од октомври за 2,7 отсто раст годинава со предупредување дека светот лесно може да западне во рецесија. За 2024 година, ММФ рече дека глобалниот раст благо ќе се забрза…

Read More

„Граѓаните ја препознаваат безбедноста како секојдневие и веруваат во системот кој обезбедува стабилност и е столб на владеењето на правото и развојот. Во последните неколку години имаме нова безбедносна слика и променет безбедносен сектор“, рече деканот на Факултетот за безбедност, професор Никола Дујовски на вториот ден од владината конференција „Година на нови можности“. Тој додаде дека се анализирани сите проблеми во нивната суштина и поголем дел се надминати. „Активното работење за безбедноста во сообраќајот резултира со сериозно намалување на бројките за штети, загуби и човечки жртви. Со заеднички и интегриран пристап може да покажеме дека вреди да се работи за…

Read More

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро поднел барање за шестмесечна американска виза, што укажува дека можеби нема намера веднаш да се врати дома, каде што го чекаат одредени правни процедури, јавија денеска американските меидуми. Веста за поднесување на барањето за виза прв ја објави весникот „Фајненшл Тајмс“, цитирајќи го адвокатот на поранешниот бразилски претседател за имиграциски прашања, Фелипе Алесандро. Откако американските медиуми стапија во контакт со неговата адвокатска канцеларија, веста беше потврдена. Болсонаро го напушти Бразил на 30 декември и замина за  американската сојузна држава Флорида, само два дена пред да биде инаугуриран неговиот ривал Луис Инасио Лула да Силва. Една…

Read More

Еден од поголемите проекти на Министерстовото за животна средина е изградбата на пречистителната станица за вода во Скопје, рече министерот Насер Нуредини на владината конференција „Година за нови можности“. Тој кажа дека средства се обезбедени со помош на Европската банка обнова и развој, но и буџетот од државата. „Обезбедени се 126 милиони евра од ЕБОР и грант од 70 милиони евра од Европската унија. Тоа е инфраструктурен објект кој е неопходен за главниот град и нашата земја. Имаме и друг грант од Европската банка за развој за помош на општините за канализации и питка вода“, рече Нуредини. Според него, соработката…

Read More

Осумстотини милиони евра годинава се предвидени за капитални инвестиции, а преку 300 милиони се во ресорот транспорт и врски, рече министерот Благој Бочварски за време на владината конференција „Година на нови можности“. „Очекувам завршување на патот Кичево-Охрид. Оваа година исто така очекувам да го завршиме гасоводот од Скопје преку Тетово кон Гостивар, но и јавен повик за трета фаза железничко поврзување на Коридор 8 и поврзување на пруга со Бугарија, тука вредноста е преку 400 милиони евра и подготвени сме да влеземе во реализација на овој важен капитален проект“, рече Бочварски. Тој додаде дека оваа година очекува да започнат со…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната средба со неговиот бугарски колега Иван Демерџиев изјави дека разговарале за нападот врз генералниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков и за претстојното чествување на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари. Едно лице е во притвор за нападот на Пендиков, како што посочи Спасовски, а исто така ќе биде проширена и истрагата. Тој порача дека МВР за сите случаи постапува подеднакво посветено со цел виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата и санкционирани. „Нашата крајна цел е да се обезбеди безбедност за сите граѓани и сите лица кои…

Read More

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е разрешена од функцијата претседателка на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). На денешната седница на ЗЕЛС, по барање на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беше предложено таа да биде разрешена од функцијата а за нов нов претседател е избран градоначалникот на скопска Кисела Вода, Орце Георгиевски. По седницата на ЗЕЛС, од кабинетот на Арсовска соопштија дека со тоа што градоначалничката била разрешена се покажала коалицијата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. „Ова е само последниот пример за соработката помеѓу две партии на штета на граѓаните за нивните лични и теснопартиски интереси. На постојниот политички естаблишмент…

Read More

Авионот, кој бил на тренажен лет, се урнал на 25 наутички милји (46 километри) јужно од воздухопловната база Андравида на полуостровот Пелопонез. Грчките медиуми јавуваат дека двајцата пилоти се катапултирале од леталото, но властите не можеа да ја потврдат таа информација. Грција борбените авиони од американско производство Ф-4 „фантом“ првпат ги набавија во 1974 година. Како што е познато грчкото воено возухопловство ја извршува патролната мисија на НАТО на небото над Македонија, придобивка што нашата држава ја стекна со членството во Алијансата.

Read More