Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Само еден ден по најавата дека бугарски комедијанти ќе гостуваат на сцената на Битолскиот народен театар, претставата „Вражалец“ се откажува, соопшти Битолскиот народен театар. Претставата најавена за 1 февруари како дел од репертоарот на драмскиот куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен, беше помогната од финансиерот на бугарските клубови во државата Милен Врабевски, како и од Министерството за надворешни работи на Бугарија и Генералниот конзулат на Бугарија во Битола. „Би сакале да ве известиме дека претставата ‘Вражалец’ која беше закажана на 1 февруари – гостувањето од Р. Бугарија на театарот ‘Мелпомена’ се откажува“, соопштија од БНТ, без да дадат детали кој…
Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во финалето на Австралија опен каде за својата 10-та јубилејна титула во Мелбурн ќе се бори со грчкиот тенисер Стефанос Циципас, а кој и да победи на тој меч ќе биде новиот тениски број 1. Ѓоковиќ се пласираше во борбата за титулата на првиот Грен слем сезонава, откако триумфираше над aмериканецот Томи Пол во три сета – 7:5, 6:1. Петтиот тенисер на светот првата сет-поен ја имаше против својот ривал по 35 минути игра, а следниот, кој подоцна успеа да го искористи, дојде дури по 25 минути, додека aмериканецот во меѓувреме блескаше. Тоа беше…
Бугарија ќе побара со нота да им се обезбеди пристап на Бугарите кои што ќе патуваат во Македонија за да се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев на 4 февруари, најави бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков на отчетот за сработеното во МНР за време на техничката влада. На настанот, како што кажа, ќе присуствуваат и претставници на бугарската амбасада во Скопје. „Клучно е да се гарантира безбедност на Бугарите таму. Обезбедувањето непречено оддавање почит на 4 февруари е дел од тоа. Ние сакаме да постигнеме деескалација и не бегаме од таков дијалог. Нашиот премиер ќе има телефонски разговор…
Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Во интервју за „Дојче веле“, гувернерката истакнува дека намалувањето на притисокот од увозните цени, особено на енергентите и на храната, ќе биде најважно за домашната инфлација. Ангеловска-Бежоска смета дека и мерките што ги презема Народната банка треба да придонесат за стабилизирање на инфлациските очекувања, како значаен фактор којшто влијае врз инфлацијата, а ќе делуваат и кај еден дел…
Под истрага пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР, во текот на вчерашниот ден донесе наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица од Велес и едно лице од Тетово. Врз основа на прибраните докази постои сомнение дека групата сториле кривично дело „трговија со дете“. Првоосомничениот, дваесет и петгодишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето – жртва им овозможил на останатите осомничени и на други…
Поранешниот командант на чешката армија Петр Павел, прозападен кандидат кој ја поддржува помошта за Украина, има голема предност пред поранешниот премиер Андреј Бабиш додека Чесите влегуваат во вториот круг од гласањето за нов претседател. Пензионираниот генерал Павел (61) се кандидираше како независен кандидат и има поддршка од централно-десничарската чешка влада. Чешките претседатели немаат многу секојдневни овластувања, но тие избираат премиери и гувернери на централните банки, имаат право на глас во надворешната политика, моќни креатори на мислење се и можат да влијаат на владината политика. Се проценува дека Павел има десет пати поголеми шанси да победи од милијардерот Бабиш, а водеше…
Алијансата за Албанците утре ќе одржи состанок на претседателството на партијата, на кој се очекува да биде формиран тимот кој ќе ги води преговорите за влез во Владата, повтрдија за МИА од партијата. „Во централните канцеларии на партијата во Тетово, утре ќе се одржи следната средба каде што меѓу другото ќе се дискутира за политичките случувања. На оваа средба на дневен ред ќе биде и одлуката на Централното собрание за формирање на преговарачкиот тим. По завршувањето на состанокот, за одлуките јавноста ќе биде информирана преку соопштение за медиумите“, информираат од Алијансата за Албанците. Во Владата вчера имало средба меѓу премиерот…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на која разговараа за задачите и обврските кои Македонија треба да ги заврши во процесот на евроинтеграција. На средбата, Вархеји ја потврдил поддршката за Северна Македонија од европските партнери, која според Маричиќ треба да ја искористиме и да биде мотив да продолжиме со процесот на преговори подинамично и интензивно. На средбата вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ го брифираше еврокомесарот за текот на скринингот и подготовките за изработка на важните патокази, како и за изработката на приоритетниот реформски план. „Имаме капацитет да го…
Ја уверувам македонската јавност дека Министерството за внатрешни работи ќе направи се согласно сите закони, согласно Устав чествувањето на 4 февруари – роденденот на Гоце Делчев, да биде на достоинствен и мирен начин и ќе биде гарантирана безбедноста на сите граѓани во државата, рече премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница одговарајќи на прашање од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница. Одговарајќи на прашањето дали Владата ја разгледа препораката на Пендаровски за прогласување на персона нон грата на неколку државјани на Република Бугарија, премирот рече дека во државата на странец кој има намера да присуствува до 90 дена во…
„Катимерини“ во своето електронско издание пишува за „ноќ на чистки“ во грчката полиција, најавувајќи пензионирање или отпуштање на голем број високи раководители кои имале контроверзна улога во аферата со прислушувањето на грчките политичари од страна на разузнавачки служби. Со одлука на министерот за цивилна заштита, Такис Теодорикакос, генерал-потполковник Константинос Скумас останува на чело на грчката полиција. Јоргос Јанинас и Јоргос Канелос, кои беа на важни позиции во антитерористичката единица и во службата за безбедност во регионот на Атика, заминуваат во пензија со чин генерал-полковник. На нивно место во ист ранг беа унапредени Елефтериос Гарилас и Спирос Склавос. На располагање и…
„Министерството за надворешни вработи со внимание ги следи изјавите и активностите кои доаѓаат од Република Бугарија и со жалење констатира дека последните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи; напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји“, соопшти денес МНР по повод повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија. „Иако повикувањето на амбасадор на консултација во матичната држава е право на земјата испраќач и редовна дипломатска пракса, Министерството за надворешни работи изразува жалење…
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на денешната владина седница најави дека Црна Гора покренува своја вселенска програма. „Црна Гора покренува своја вселенска програма и започнува со развој на сателитот ‘Луча’ кој треба да биде лансиран во вселената. Ова ќе биде финансирано од Фондот за иновации. Не се работи за големи средства, меѓутоа бара многу работа. Но, Црна Гора ќе отвори уште една перспектива, а тоа е да стане нација која ќе учествува во активностите на другите земји во светот“, рече Абазовиќ. Тој најави и дека ќе ги поддржи иноваторите. „Државата не сака да препушти сè на ентузијастичките млади луѓе, туку и да…