Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис со смени во полицијата се обидува да го неутрализира гласањето доверба на неговата влада поради прислушувањето

0
By Соња Крамарска on January 26, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 26, 2023 13:30

„Катимерини“ во своето електронско издание пишува за „ноќ на чистки“ во грчката полиција, најавувајќи пензионирање или отпуштање на голем број високи раководители кои имале контроверзна улога во аферата со прислушувањето на грчките политичари од страна на разузнавачки служби.

Со одлука на министерот за цивилна заштита, Такис ​​Теодорикакос, генерал-потполковник Константинос Скумас останува на чело на грчката полиција. Јоргос Јанинас и Јоргос Канелос, кои беа на важни позиции во антитерористичката единица и во службата за безбедност во регионот на Атика, заминуваат во пензија со чин генерал-полковник. На нивно место во ист ранг беа унапредени Елефтериос Гарилас и Спирос Склавос.

На располагање и надвор од редовна должност се поставени 14 поранешни високи полициски службеници со чин генерал-мајор. Меѓу нив се поранешниот началник на главниот полициски оддел на Атика, Манолис Дурветакис, началниците на полициските служби во Тракија и Источното Егејско Море, Пасхалис Сиритудис и Лефтерис Дурудус, началникот на дирекцијата за специјални сили Јоргос Балас и други. Уште петмина генерал-мајори се пензионираа, меѓу кои Илиас Косивакис, шеф на Службата за внатрешни истраги и Никос Цецикас, шеф на Дирекцијата за управување и анализа на информации.

Весникот пишува дека промените во полициската команда имаат за цел да испратат порака дека поединци кои имале дури и сомнителна улога во скандалот со прислушувањето, како шефови на чувствителни служби, припаѓаат на минатото на грчката полиција.

Поради оваа афера, лидерот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, достави до Парламентот барање за недоверба на Владата на премиерот Киријакос Мицотакис. Гласањето треба да се одржи утре.

Грција Катимерини прислушување смени во полицијата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.