Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Јавното обвинителство активно постапува во сите предмети, вклучително и во предметите оформени од некогашното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, велат од Основното јавно обвинителство за Нова ТВ, а по интервјуто на амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз за ТВ21, во кое таа побара што поскоро да се завршат предметите од поранешното Специјално обвинителство. На прашање на Нова ТВ до, каде се предметите преземени од СЈО и колку од нив се завршени, а кои се во постапка, од Основното јавно обвинителство потсетуваат дека предметите, веднаш по преземањето, беа прераспоредени на…
Внимателно ја следиме состојбата во Украина, нормално е да постои ризик меѓутоа имаме многу мал, незначителен сегмент на соработка така што од тој аспект ризиците се минимални односно незначителни, оцени денеска директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски. -Очекувам дека ризиците ќе имаат свои негативни последици, меѓутоа повторно на крајот на годината ќе имаме раст не само на извозот, туку и на бројот на работни места и на платите заради фактот што дел од новите капацитети коишто почнаа со градба минатата година ќе почнат со производство оваа година. Тоа ќе придонесе да се намалат дел од овие ризици за негативните…
Собранието денеска повеќе од два часа расправа за предлог одлуката за разрешување на членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Фадил Зендели од БЕСА. Иницијативата е поднесена од пратениците Талат Џафери, Јован Митрески, Горан Мисовски, Диме Велковски, Снежана Калеска Ванчева, Дарко Каевски, Даниела Николова, Боби Мојсоски, Панчо Минов, Марија Георгиевска и Жаклина Лазаревска за да се одблокира работата на собраниската комисија. Пратеникот Јован Митрески пред да почне седницата предупреди дека со месеци во македонското Собрание гледаме една иста слика на опструикција на парламентот од страна на како што рече, ВМРО-ДПМНЕ. – Од ваквите опструкции и блокади, собраниските седници…
Како дел од агендата на работната посета на Лондон, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска се сретна со дел од бордот на директори на меѓународниот конзорциум „Бехтел“, којашто ја предводеше претседателот на единицата за инфраструктура на компанијата Шон Кени. На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими, се разговараше за актуелната фаза за реализација на Меморандумот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, за делница Тетово – Гостивар – Букојчани и за проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан, како и за Коридорот 10 Д, односно за делница…
Основачот на чешкиот филмски фестивал „Фебиофест“, Феро Фенич побара, поради поддршката за Русија, на босанскиот режисер Емир Кустурица да му биде одземена наградата што ја доби во 2017 година за неговиот придонес во светската кинематографија. Фенич изјави дека уште во 2017 година бил против Кустурица да му биде доделена наградата бидејќи „режисерот и тогаш им се восхитувал на тоталитарните лидери“. Тој додаде дека смета оти Кустурица, иако талентиран, не ги исполнува етичките, моралните и демократските вредности и критериумите што треба да се имаат. – Тоа се вредностите за кои се залагаме, врз основа на коишто настана фестивалот по Свилената револуција.…
Градоначалникот на Минхен Дитер Рајтер го отпуштил главниот диригент на Минхенската филхармонија Валери Гергиев бидејќи познатиот руски виртуоз, не се оградил од воената политика на Путин, јавуваат светските агенции. Својата одлука Рајтер ја објаснил со тоа дека Гергиев и покрај повикот јавно да се изјасни за војната во Украина, одбил да ја осуди руската агресија, а според германските медиуми, позната е неговата блискост со претседателот на Русија. Веднаш по Рајтер и миланската опера Ла Скала и Ротердамската филхармонија, ја прекинаа соработката со еден од најголемите светски диригенти, а Гергиев, наводно, бил принуден да поднесе оставка од претседателската функција на познатиот…
Од денеска поевтинува зонското паркирање во Скопје. Со новиот ценовник со намалени цени на услугите на јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе бидат опфатени отворените јавни паркиралишта во градот. – Со оваа Одлука за измена на Ценовникот на услуги на јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на паркирање за еден час во зоните и тоа зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 се намалува на 30 денари, во зона Ц и Д, се намалува на 25 денари, информира „Градски паркинг“.…
На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1.392 барања, од кои решени се дури 1.200, информираат градските служби. Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми од областа на урбанизмот, односно барања да се постават заштитни столпчиња за да се заштитат јавните површини и тротоарите за безбедно движење на граѓаните од непрописно паркирани возила, и да се осветлат некои делови од градот. – Има пријави за диви депонии, проблеми со улични кучиња и барања за излегување на терен на градските инспектори, како и од областа на комуналниот сектор за кастрење суви гранки, сечење стари и суви…
Две и пол години затворска казна за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, 4 години и 6 месеци за Миле Јанакиески, условна казна за Мартин Протуѓер пресуди судечкиот совет во судскиот процес „Титаник“ во кој претходно обвинетите за изборни нерегуларности признаа вина. Јанкулоска затворската казна ја доби поради „злосторничко здружување“, „повреда на слобода на определување на избирачите“ и „повреда на избирачко право“ Условна казна доби и Билјана Бришковска, поранешна заменичка во Министерството за правда која исто така како и претходните обвинети поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ призна вина. Условните казни затвор од 2 години за Протуѓер и Бришковска, според судечкиот…
Авион F-35 Lightning II на американските воздухопловни сили доделен на 34-та борбена ескадрила полни гориво од KC-10 Extender над Полска. Авионот е распореден за поддршка на сојузниците на НАТО.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Никола Селаковиќ, министер за надворешни работи на Република Србија. На состанокот се потврдени пријателските односи помеѓу двете држави и двата народа и е констатирано интензивирање на соработката, посебно на економски план во последниве две години. На состанокот е пренесена покана од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, до премиерот Димитар Ковачевски, за посета на Белград. Изразена е определба од двете страни за напредување и на Северна Македонија и на Србија во процесот на евроинтеграциите. Премиерот Ковачевски соопшти дека тој и Владата на Република Северна Македонија се фокусирани на…
На вчерашното редовно изборно Собрание по четиригодишниот мандат како претседател на Друштвото на филмски работници, со големо мнозинство гласови беше реизбран Игор Иванов-Изи. На истото Собрание беа усвоени и извештаите на: Симеон Мони Дамевски за ИФФК „Браќа Манаки“, Томи Салковски за „Златна Рамка“ – Ревија на македонски филм и на Иван Ивановски за „50 години македонски анимиран филм“. Игор Иванов – Изи ќе го предводи Друштвото на филмски работници во наредните четири години. Во овој мандат, фокусот ќе биде ставен на зголемувањето на националниот буџет за филм и други аудиовизуелни дела, донесување на нов закон за филмска дејност и конечно…