Author: НОВА ТВ Mitreska

Не очекувам дека многу брзо ќе се изберат уставни судии, но сепак се надевам дека совеста ќе проработи кај пратениците и дека конечно ќе се изберат судии и ќе го комплетираат судот кој е битен за оваа држава, вели претседателка на Уставниот суд, Добрила Кацарска во Утрински брифинг. – Уставниот суд не е моја сопственост, јас се обратив до претседателот на Собранието поради интересот на граѓанит на Република Северна Македонија, вели Кацарска. Претседателката на Уставниот суд вели дека во моментот нема уставна криза, но судот е на граница на кворумот. Кацарска пред неколку дена испрати писмо до претседателот на Собранието,…

Read More

Нема да влеземе во Европската Унија ако мораме да признаеме дека Гоце Делчев е Бугарин, истакна поранешниот специјален преговарач на С. Македонија со Бугарија, Владо Бучковски, во интервју за бугарскиот медиум Нова, одговарајќи на прашањето што ќе се случи доколку Софија инсистира Скопје да признае дека револуционерот е Бугарин како услов за членство на земјата во ЕУ. – Имам голема почит кон Гоце Делчев поради начинот на кој растевме ние Македонците – со митот, легендата за големиот апологет. Но, од друга страна, Гоце се борел за слобода не само во Македонија, туку и во Одринско. Тој е големиот револуционер, кој…

Read More

Целосно е изгаснат пожарот што доцна попладнето избувна на стрништетот спроти трафостаницата во Пинтија, предизвикувајќи оштетувања на високонапонската инсталација поради што поголемиот дел од Скопје остана без струја. Звонко Тоневски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, изјави дека дојавата за пожарот била добиена во 17:45 часот. Веднаш е испратена една екипа од центар Драчево со две возила, а поради сериозноста на самиот објект-трафостаница, испратена е дополнителна помош од центар Автокоманда. – На самото место видовме дека не станува збор за пожар во трафостаницата, туку надвор од него. Поради искра на далноводот во непосредна близина беше опожарена површина…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден, во телефонскиот разговор со украинскиот колега Володимир Зеленски, истакна дека САД „брзо и одлучно“ ќе одговорат на руската агресија врз Украина, соопшти Белата куќа. Како што се наведува во соопштението Бајден и Зеленски „се согласија за важноста на продолжување на дипломатијата и одвраќањето како одговор на распоредувањето на руски војници во близина на украинската граница“. Бајден вчера имаше телефонски разговор и со рускиот претседател Владимир Путин, при што американскиот претседател се закани со „брзи и тешки последици“ во случај на руска инвазија врз Украина, додека Кремљ наведе дека „хистеријата за наводно неминовниот руски напад го достигнала…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во неговиот говор по повод 100 дена локална власт, отчет на ВМРО-ДПМНЕ порача дека не треба да има поделби на наши и ваши или леви и десни кога станува збор за националните интереси и изрази подготвеност да разговара со премиерот Димитар Ковачевски. – Јас сум подготвен да разговарам кога интересот е Македонија и народот, немајте дилема. Ќе разговарам со секого, на секоја тема, затоа што тоа е одговорно и тоа е лидерството кое го бара и и треба на нашата земја. Доаѓам да разговарам, дали тоа се викало лидерска, или очи во очи состанок,…

Read More

Во изминатите сто дена започнавме повеќе 1.000 проекти. Или точната бројка е 1. 090 проекти за сто дена. Започнати се со реализација 166 капитални објекти низ целата територија на Македонија, онаму каде што градоначалници се избрани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече лидерот Христијан Мицкоски на денешниот отчет за работата на локалната власт предводена од градоначалниците на неговата партија. Тој додаде дека се започнати со проектирање, градба или реконструкција  нови 33 градинки и 68 училишта. – Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од приближно 100 км. Се инвестира во градба на 111 водоводи…

Read More

Производството на електрична енергија тече според предвидениот план за производство и согласно номинациите на ЕВН и другите потреби, соопшти АД ЕСМ. Работат два блока во РЕК Битола, гасната електрана Енергетика во Скопје, еден котел во ТЕЦ Неготин, хидроелектраните според потребите и се презема и електричната енергија од ТЕ-ТО, согласно важечкиот договор. Нема никаков застој во производството и електраните се подготвени во секој момент да испорачаат потребни количини енергија во системот. – Што се однесува до системот за парно греење во Скопје, прекинот е настанат поради прекинот на електрична енергија која е неопходна за работа на пумпите во топланите и на…

Read More

Изгаснат е пожарот што доцна попладнето избувна на стрништето спроти трафостаницата во Пинтија, предизвикувајќи оштетувања на високонапонската инсталација поради што поглемиот дел од Скопје остана без струја. На местото се противпожарни екипи со две возила кои успеаја да го изгасната огнот, како и припадници на полицијата. Од МЕПСО информираа дека напојувањето со електрична енергија било прекинато поради пожарот во близина на трафостаницата за да можат да интервенираат противпожарните единици. Речиси цело Скопје беше без електрична енергија од 17:15 до 18:00 часот. Од ЕВН упатија на МЕПСО бидејќи проблемот бил во високонапонската мрежа.

Read More

Скопје попладнево остана без струја, а причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија е дефект на трафостаница во Пинтија, информираа од МЕПСО за МИА. Според првичните информции наводно станува збор за пожар близу далновод во Пинтија. Екипите се на терен. Повеќе детали ќе има откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен.

Read More

Граѓаните на Швајцарија, според првичните проекции, на денешниот референдум го отфрлија барањето за забрана на експерименти врз животните. „За“ забрана на експерименти врз животни се изјасниле само 21 процент од излезените гласачи, додека 79 биле „против“. Иницијаторите на иницијативата сакаа да се укинат експериментите со образложение дека се неетички и непотребни, но им се спротивстави моќното фармацевтско лоби, истакнувајќи дека експериментите се потребни за да се развијат нови лекови, како и дека забраната ќе предизвика голема економската штета. Во 2020 година во швајцарските лаборатории угинале повеќе од 500.000 животни

Read More

Делегација од општина Гостивар, преживеани, роднини и пријатели на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа која се случи на денешен ден во 20219 година дојдоа во село Ласкарци. На местото каде што падна автобусот, со минута молк и цвеќе беше оддадена почит на починатите и беше порачано вакви трагедии никогаш да не се повторат.  – 13 февруари и по три години е ден жалост и еден од најтрагичните денови во општина Гостивар. Покрај роднините и најблиските на загинатите со нас денес се и патници кои беа повредени во оваа несреќа. Сите ние посакуваме, никогаш да не си случат вакви трагедии. Во оваа прилика…

Read More

Денеска го презентираме отчеток за сработеното на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за изминатите 100 дена, под мотото „Промени што носат иднина“. Отчетот претставува целисходно претставување на сите градоначалници кои што се од ВМРО-ДПМНЕ за она што сработиле, но и за она што затекнале во општините, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Горѓија Сајкоски во интервју за дневникот на ТВ Телма. – За таа цел денеска беше организирана панел дискусија за она што затекнаа градоначалниците во своите општини, но беа организирани и панел дискусии за европските пракси кои што можат да помогнат во работата на локалната самоуправа, како и за учеството на младите…

Read More