Author: НОВА ТВ Mitreska

Франк – Валтер Штајнмаер денеска е реизбран за претседател на Германија. За него во првиот круг гласаа 1.045 од 1.472 членови на така наречената сојузна конвенција, составена од пратеници во националниот Парламент и претставници на сојузните покраини. Штајмајер по реизборот вети дека вториот претседателски  мандат ќе се посвети на ублажување на последиците од пандемијата со Ковид-19. Во претседателската трка учествуваа четворица кандидати. Стефани Гебауер од Сојуз на слободни гласачи Стефани Гебауер освои 58 гласа, кандидатот на левицата Герхард Траберт – 96, додека за кандидатот на Алтернатива за Германија, Макс Оте гласаа 140 членови на конвенцијата. Штајнмаер, кој беше министер за…

Read More

Групата граѓани странци, кои се во Куманово, припадници на Еврејска верска заедница, имаат легален престој и привремено престојуваат во државата. Во наредните денови ќе ја напуштат државата, информираа денеска од СВР Куманово. Кумановската полиција повика на толерантност, откако кумановци покажаа интерес за овие граѓани кои се сместени во приватни куќи во кумановската населба Зелен Рид. – Секторот за внатрешни работи Куманово ја информира јавноста дека групата лица забележана во Куманово претставува група припадници на Еврејската верска заедница. Овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава, соопштија од…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.338 тестови, а регистрирани се 920 нови случаи на ковид-19. Скопје – 502, Битола – 54, Куманово – 48, Велес – 40, Тетово – 35, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Штип – 24, Кичево – 20, Струмица и Гостивар – по 18, Охрид – 16, Неготино – 14, Гевгелија – 12, Кочани – 11, Свети Николе и Крива Паланка – по 8, Струга – 7, Ресен – 5, Демир Капија, Виница и Дебар – по 4, Богданци и Кратово – по 3, Делчево – 2, Пробиштип и Радовиш…

Read More

До минатата година платите во ТИРЗ-овите во просек беа пониски од платите во националната економија, иако компаниите во зоните уживаат многу повеќе бенефиции од компаниите коишто оперираат надвор од нив. Очекувам годинава тоа да се промени, вели директорот на Технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Србија навистина е лидер на регионот во однос на привлекувањето странски инвестиции, но останатите земји од регионот не се на ниво на Македонија. Со членството во НАТО и очекуваниот почеток на преговори со ЕУ, очекувам поголем интерес на инвеститорите за земјава, вели Деспотовски. – Го фаќаме чекорот со остатокот…

Read More

Мирен марш се одржа денеска во Скопје за да се подигне свеста во јавноста за проблемите со кои се соочуваат самохраните и еднородителските семејства. Претставници на организацијата „Една може“, кои го организираат маршот, велат дека целта на собирот е да се прикаже сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност. Велат дека се залагаат за заштита и унапредување на родовата еднаквост и женските права.  Тие бараат да се дефинираат термините самохран родител и еднородителско семејство, допрецизирање на постојаните права и нивно реформулирање, помагање на самохраните мајки за решавање на станбеното прашање, создавање механизми за квалитетно вработување на самохраните…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ на дебата што се одржа на провладината ТВ Прва изјави дека властите нарачале 30 милиони килограми сол и еден милион килограми грашок и грав, исто како и 30 милиони килограми брашно и млеко во прав, пренесуваат српските медиуми. „Во време кога целиот свет хистерично очекува нешто да се случи меѓу Русија и Украина, не можете да се преправате дека ништо не се случува“, рече Вучиќ, додавајќи дека испораките на гориво се уште се необезбедени.

Read More

Полициски службеници во содејство со претставници на Државниот пазарен инспекторат и на Управата за јавни приходи вчера и денеска во раните утрински часови извршија акциска контрола во угостителски објекти во Кавадарци. Притоа еден угостителски објект е затворен, односно запечатен. При контролата, информираа од МВР, затекнати се 28 лица без ковид-сертификати, како и осум лица кои работеле како обезбедување без да поседуваат лиценци за оваа дејност, по што тие се приведени. Исто така, откриени се неправилности во работењето во доменот на надлежности на ДПИ и УЈП. За сите неправилности ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. https://www.youtube.com/watch?v=SzoUlxYD-D0&t=5s

Read More

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи, заедно со припадници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, во текот на ноќта извршија засилена акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Кочани по однос на прекршувања на законските одредби од повеќе закони – Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за угостителска дејност, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и други нормативи во ингеренции на овие институции. Од страна на полициските службници, информираа денеска од МВР,  евидентирани се 39 прекршоци по основ на…

Read More

Во новата динамика во разговорите со Бугарија на 17 февруари се очекува да се одржи состанок на четвртата работна група, за образовани и култура, како и на третата работна група за европски интеграции, зелена агенда и дигитализација. По 20 февруари ќе се одржи и втората средба на експертите од министерствата за надворешн работи на двете земји во Скопје, на која двете делегации ќе дојдат со нови политички инструкции врз основа на разговорите што се водени на првиот состанок на 11 февруари во Софија, на кој детално биле елаборирани позициите на двете страни. Реципрочниот договор за емитување на бугарска телевизија на…

Read More

Околу сто македонски државјани има во Украина во моментов, а Министерството за надворешни работи има неколку планови за различни активности и за различни сценарија кои би можело да се одвиваат во наредниот период во таа земја, рече министерот Бујар Османи денеска на брифинг за актуелните случлувања. — Има четири категории наши државјани во Украина – во првата категорија се амбасадорот и уште еден дипломат во нашата амбасада во Киев и нивните семејства. Бидејќи тие се суштествен персонал за нашата Амбасада и засега нема одлука таа да се затвори, рече Османи, дипломатите ќе останат во Украина додека не биде донесена поинаква одлука,…

Read More

Пратеникот Дарко Каевски кој денеска повика на одговорност и оставки на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, после признанието на вина од страна на обвинети во судскиот процес „Титаник“ беше попречуван од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски да ја одржи прес конференцијата пред седиштето на опозициската партија. Каевски го игнорираше упадот на Стоилковски и како што објавивме претходно, успеа да ги испрати сите пораки и барања за политичка одговорност на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на парите кај граѓаните. https://www.youtube.com/watch?v=QeOpjLRYBNE&t=1s

Read More

После признанието на вина во „Титаник“ Христијан Мицкоски и раководствотo на ВМРО ДПМНЕ мора да си поднесат оставка. Покрај Мицкоски, сите инволвирани во Титаник и други предмети треба да се повлечат од политиката, како Милошоски, Јанушев и многу други, порача пратеникот Дарко Каевски.  – Врхушката на ВМРО ДПМНЕ, клучните играчи на осудениот криминалец Никола Груевски, признаа дека правеле изборен криминал, влијаеле на избирачко право и нелегално ги финансирале изборните кампањи. Сега на граѓаните им е кристално јасно се, се потврди целиот криминал на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ете зошто Мицкоски на сите лидерски средби условуваше и бараше бришење на…

Read More