Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Над пет милиони ливчиња со записи од деветте картотеки на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кои се чуваат во картонски кутии и се во опасност да бидат загубени, уништени или оштетени, ќе бидат трајно заштитени во дигитална копија и на микрофилм. Повеќе од 250 илјади слики од материјали на oдделението за историја на македонскиот јазик се веќе скенирани во Инбокс. Оваа домашна компанија беше избрана на повикот за дигитализација од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за култура кои со 14 милиони денари ќе го финансираат проектот за соодветно и итно да се заштити лексичкиот материјал…
Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба вчера во 11.30 часот во круг на фабрика ги лишиле од слобода С.И.(27), А.М.(28), С.А.(32), сите од Скопско и Џ.К.(43) од Куманово кои биле затекнати при извршување кривично дело „кражба“.- Украдените предмети се пронајдени во патничкото возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, со кое ја извршиле кражбата и се вратени на сопственикот. Тие се приведени во полициска станица и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска гостувајќи во ТВ Пинк изјави дека до крајот на работата на идната влада, просечната плата би можела да биде 1.000 евра. Коментирајќи ја економската состојба во земјата, Вучиќ рече дека Србија во последните две години, од почетокот на епидемијата на коронавирус, го постигнала најбрзиот економски напредок во цела Европа. „Прв пат ни се враќаат лекари и медицински сестри од Германија. Сакаат да се вратат во својата земја. Имаме проблем со занаетчиите и мораме да најдеме начин да ги вратиме во Србија. До крајот на мандатот на следната влада просечната плата ќе биде 1.000 евра,…
На територијата на Скопје вчера се изречени вкупно 296 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 114 санкции, 85 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 33 санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во главниот град полицијата вчера изрекла 16 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила, четири за недавање првенство на минување на пешаци, 41 за непрописно паркирање. МВР укажува дека ќе ги продолжи засилените акциски контроли и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи и денеска упати апел до македонските државјани кои се наоѓаат на територија на Украина да се вратат во земјава. Тој посочи дека треба да ја искористат можноста на постоење на комерцијални летови и да се вратат. Османи вели дека во Украина има околу 100 македонски државјани. – Не сакаме воопшто да внесеме неизвесност и страв во Украина, во целосна координација сме со нашите сојузници НАТО и ЕУ“, додаде Османи. Претходно МНР информира дека граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во Амбасадата, да ја контактираат Амбасадата…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Европејците се откажале од долгорочната и пазарната интеракција кога станува збор за снабдувањето со енергенси и дека сега се принудени поскапо да плаќаат за гасот. Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин кажал дека сите енергетски интеракции на Русија во областа на снабдувањето со енергенси треба да бидат што е можно потранспарентни, исклучиво пазарни и врз долгорочни договори. – Европејците се откажаа од тоа и сега купуваат гас, не 300, туку приближно 1.300 долари, рече Песков. Кризата со гасот беше поттикната и од последната ескалација на тензиите во односите меѓу Русија и…
Полицијата вчера, во засилена сообраќајна контрола на територијата на целата држава, од 10 до 14 часот казнила 240 пешаци за направени прекршоци. – Притоа, 196 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 31 за минување на црвено светло. Осумдесет и пет од санкционираните пешаци се на територија на СВР Скопје, 65 на територија на СВР Тетово, 29 на територија на СВР Битола,…За време на контролата регистрирани се и 127 останати прекршоци, информира МВР.Министерството соопшти дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а пешаците да го…
Британскиот министер за одбрана Бен Валас предупреди дека рускиот напад врз Украина е „многу веројатен“ и покрај дипломатските напори да се спречи војна. Валас во интервју за Сандеј Тајмс, вели дека дека „воздухот мириса на Минхен“, алудирајќи на договорот од 1938 година што му дозволи на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер да ја анектира Австрија, но сепак не спречи војна. Во изјава за Тајмс, тој предупреди дека Русија собрала околу 130.000 војници и огромна количина воена опрема и оружје долж границата со Украина, додавајќи дека тоа значи дека „Москва може да изврши напад во секое време“. „Можеби Путин ќе ги повлече тенковите…
Гласачите во Швајцарија денеска на референдум ќе одлучат дали нивната земја ќе биде првата во светот што ќе забрани тестирања врз животните. На граѓанското изјаснување ќе се разгледа и прашањето за заострувањето на контролата врз рекламирањето цигари. Кампањата, што се стреми да стави крај на сите експерименти врз глувци, стаорци и други животни, собра доволно потписи за да организира гласање според швајцарскиот систем на директна демократија, наидувајќи на силно противење од огромниот фармацевтски сектор во земјата. Индустријата, која ги вклучува фармацевтските гиганти „Рош“ и „Новартис“, наведе дека таквите истражувања се потребни за да се развијат нови лекови. Поддржувачите на забраната…
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов утрово го посети Секторот 112 во рамки на ЦУК и од дежурниот сменоводител и примателите на итни повици бил запознат со тековната работа, како и со почетните проблеми со коишто се соочува новиот Сектор 112. ЦУК информира дека во петокот, кога бројот за итни повици 112 беше пуштен во употреба, имало околу 600 повици, вчера околу 430, а во текот на ноќва до 8 часот биле примени 76 повици.
Куќа на ул. „1737“ во близина на Адвокатската улица во Скопје изгоре во пожар што избувнал ноќеска. Во Пожарна бил пријавен во 3.20 часот и интервенирале 13 пожарникари со шест возила. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, за МИА изјави дека пожарот зафатил површина од околу 350 квадратни метри и дека бил во фаза на распламтување низ целиот објект кога пожарникарите дошле да го гасат. – Почнат е од подрумските простории, проширен е на приземје и на катот, рече Томевски, додавајќи дека е изгаснат и во моментов се расчистува локацијата, а бидејќи се работи за стар…
На годишнината од трагедијата во која животите ги загубија 16 лица од селото Ласкарци, општинска делегација ќе го посети местото каде што се случи сообраќајната несреќа и ќе се организира комеморативен собир. Од локалната самоуправа информираа дека градоначалникот Арбен Таравари во 13:30 часот ќе положи цвеќе на местото на трагедијата на локалниот пат во село Ласкарци. – Подоцна, во 17:30 часот ќе се одржи комеморативен собир во паркот на градскиот плоштад за да ја споделиме болката со сите оние кои ги загубија своите најблиски во трагичниот настан. Ги повикуваме членовите на семејствата, пријателите на загинатите и другите граѓани да ни…