Author: НОВА ТВ Mitreska

Петмина членови на персоналот на Обединетите нации се киднапирани во јужен Јемен додека по завршената теренска мисија се враќале во Аден, соопштија Обединетите нации. -Персоналот е киднапиран во петокот во провинцијата Абјан, изјави Расел Гики, портпарол на висок претставник на ОН во Јемен. „Обединетите нации се во близок контакт со властите за да обезбедат нивно ослободување“, изјави Гики. Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија од 2015 година се бори против движењето на Хутите во Јемен, кои се поврзана со Иран. Коалицијата интервенираше во граѓанската војна во Јемен во 2015 година, откако Хутите ја соборија владата од главниот град Сана. Во…

Read More

Најстудено, со 4 степени под нула, утрово е на Попова Шапка, а минусни температури во 7 часот се измерени и во Маврови Анови (-2) и во Дебар (-1). Како што информира УХМР, нула степени се измерени во Крушево и Берово, 1 степен во Охрид и Претор, 2 во Крива Паланка, Тетово, Битола и  Прилеп, 3 степени во  Скопје – Петровец, Штип, Куманово и Виница, 4 во Скопје – Зајчев Рид, Струмица и Демир Капија, 7 степени во Гевгелија и 8 во Дојран. Најмногу снег, 30 сантиметри, утрово има во Маврови Анови, 22 на Попова Шапка, 9 во Пожаране и 2 …

Read More

Прeтпладне облачно, на југоистокот на места со слаб дожд. Попладне ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб локален дожд ќе има во западните делови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје претпладне облачно, попладне со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени. Следува период на променливо облачно време, во среда со слаб локален дожд. Кон крајот на работната седмица дневната температура ќе биде…

Read More

Нови 1.222 заразени со КОВИД-19 се евидентирани во изминатите 24 часа,  оздравени се 1.502, а починале 31, соопшти Министерството за здравство. Направени се 4.342 тестови. Од новозаразените, во Скопје се 649, Битола – 61, Тетово – 56, Куманово – 55, Велес – 50, Кавадарци – 49, Гостивар и Прилеп – по 35, Струмица – 34, Охрид – 26, Штип – 20, Неготино – 19, Кочани – 18, Струга – 16, Кичево и Гевгелија – по 14, Радовиш – 12, Крива Паланка – 9, Македонски Брод и Делчево – по 6, Берово, Ресен, Свети Николе и Валандово – по 5, Богданци…

Read More

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека телефонскиот разговор меѓу Путин и неговиот американски колега Џо Бајден бил „урамнотежен и деловен“, но дека се одвивал во хистерична атмосфера. Но, тој посочил дека САД и НАТО не ги преиспитале главните безбедносни проблеми на Русија, пренесе РИА Новости. Ушаков рекол дека разговорот, кој траел нешто повеќе од еден час, се одвивал во „атмосфера на хистерија за наводната намера на Русија да ја нападне Украина, која била испровоцирана од американски претставници“. „Притисокот на темата инвазија е координиран и хистеријата го достигна својот врв“, рече Ушаков.

Read More

Во Софија вечерва почна церемонија во спомен на генерал Христо Луков, позната како Луковмарш, организиран од Бугарскиот национален сојуз, јави дописникот на МИА од Софија. Но, маршот набрзо беше прекинат по наредна на градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова. Полицијата ги подели учесниците на настанот во три групи, кои ќе бидат спроведени до куќата на Луков. Засега нема тензии, но засилено е полициското присуство во центарот на Софија. Луковмарш се одржува по неколку години откако беше суспендирана наредбата на Општина Софија за забрана на маршот. Претходно, противници на маршот одржаа демонстрации под мотото „Без нацисти на улиците!”.

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден во денешниот телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин изјави дека ако Русија ја нападна Украина, САД заедно со сојузниците и партнерите ќе одговори со санкции против Москва. – Ако Русија преземе понатамошна инвазија врз Украина, САД заедно со сојузниците одлучно ќе одговори и ќе воведе брзи и тешки санкции против Русија, истакна Бајден. Тој повтори дека руската инвазија врз Украина ќе предизвика страдање и ќе го намали угледот на Русија. Бајден додаде дека кризата може да се реши по дипломатски пат, во целосна координација со сојузниците¸ партнерите, како и дека се подготвени и некои други…

Read More

Неколку илјади Украинци учествуваа во денешниот собир во Киев, со цел да покажат единство поради наводната закана од руска инвазија. Демонстрантите организираа протестен марш низ центарот на Киев и извикуваа „Слава на Украина“, а носеа  и транспаренти на кои пишуваше „Украинците ќе се спротивстават“ и „Напаѓачот мора да умре“. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски им порача на граѓаните да останат смирени и да покажат единство. Претходно Зеленски изјави дека американските предупредувања за непосреден напад на Русија врз Украина предизвикува паника и не им помага на Украинците. Тој додаде дека „паниката е најдобар пријател на нашите непријатели“. – И сите тие…

Read More

Белата куќа соопшти дека американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин телефонски разговарале за кризата околу Украина. Не се соопштени детали од речиси едночасовниот разговорот. На разговорот Бајден – Путин му претходеа разговорите помеѓу американските и руските министри за надворешни работи и за одбрана. Путин за Украина денеска имаше телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, а Бајден синоќа одржа виртуелен разговор со сојузниците од НАТО и од Европска Унија. 

Read More

Американските власти наредија повлекување на 160 војници од Украина, кои беа задолжени за обука на украинските сили, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, додавајќи дека војниците ќе бидат прераспоредени некаде во Европа. Војниците кои ќе бидат повлечени се дел од Националната гарда Флорида, а одлуката е донесена како мерка на претпазливост, имајќи ја предвид безбедноста на војниците. Американски војници од 2015 година ја обучуваат украинската армија заедно со војниците од другите земји-членки на НАТО, меѓу кои и Канада и Германија

Read More

Илјадници демонстранти против епидемиолошките мерки воведени за да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус се собраа во предградијата на Париз. Демонстрантите пристигнаа во конвои од цела Франција, со намера да влезат во Париз и покрај тоа што градските власти забранија секакви блокади. На социјалните мрежи Французите споделуваат видеа од случувањата во француската престолнина. Violence légitime inutile pic.twitter.com/Zxuz5jcvg8 — VERITY France (@verity_france) February 12, 2022 pic.twitter.com/lkBMo5zSMK — VERITY France (@verity_france) February 12, 2022 Paris – it’s starting…it’s gonna be an interesting week end. pic.twitter.com/naNzDODu3l — Nat (Honorary🇨🇦trucker) (@Arwenstar) February 12, 2022 pic.twitter.com/lkBMo5zSMK — VERITY France (@verity_france) February 12,…

Read More

Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за BBC изјави дека на страна од историските, има и други проблеми со С.Македонија, а тоа е што Бугарите,како што вели тој, немале право на легална заштита во С. Македонија. „Ја променивме агендата кон заедничките нешта наспроти проблемите. Имаме проблеми, да заборавиме на историските за кои зборуваат. Постојат други проблеми кои треба да ги решиме, на пример Бугарите во С. Македонија се уште немаат права за легална заштита. Добри вести се тоа што кога разговараме со премиерот на С.Македонија целосно се договоривме дека Бугарите треба да имаат легални права кои ги имаат сите Македонци…

Read More