Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, како што соопшти Елисејската палата, денеска телефонски разговараше еден час и 40 минути со неговиот руски колега Владимир Путин за намалување на растечката тензија во руско-украинската криза, јави дописникот на МИА. Макрон го предупреди Путин дека „искрениот дијалог не е компатибилен со воената ескалација“ на украинската граница. Макрон и Путин, како што се наведува во соопштението од Елисејската палата „искажаа желба да го продолжат дијалогот“ за „начините за придвижување на имплементацијата на Договорот од Минск“ за Донбас и за „условите за безбедност и стабилност во Европа“. Макрон на 7 февруари се сретна со Путин во…
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во денешниот телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна дека Вашингтон води „пропагандна кампања“ за евентуална руска агресија, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи. – Пропагандната кампања иницирана од САД и нивните сојузници за „руска агресија“ врз Украина има за цел да провоцира, да ги охрабри властите во Киев. Западот ја охрабрува Украина да го саботира Договорот од Минск, со цел „проблемот Донбас“ да ги реши со сила, посочи Лавров. – Тој повтори дека Вашингтон и Брисел ги игнорираат безбедносните барања на Москва. Амбасадорот на Русија во Вашингтон, Анатолиј Антонов…
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска посети две еднородителски семејства во Штип, со кои разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат, како и ефектите од социјалната реформа со која се промени целосно пристапот кон ранливите категории на граѓани. Таа истакна дека социјалната реформа креирана со цел унапредување на правата и зголемување на помошта за ранливите категории на граѓани, дава реални резултати, а тоа е зголемена социјална помош, за 300%, детски и образовен додаток и поголеми права и услуги за лицата со попреченост. „Едното семејство користи надоместок заради попреченост на лице со најтешка телесна попреченост, гарантирана…
Горан Пандев го даде својот прв гол за Парма, но предвреме го напушти натпреварот поради повреда, јавуваат спортките портали. „Парма губеше на свој терен од Порденоне, Горан Пандев влезе во игра на почетокот од вториот дел и по само десет минути игра го постигна својот првенец за новиот клуб и израмни на 1-1. Веднаш потоа Пандев запиша и асистенција откако додаде до Ман кој реализираше за комплетен пресврт и водство на Парма од 2-1. За жал македонскиот фудбалер го напушти мечот во 71. минута поради болки во грбот. Допрва ќе се знае за колку тешка повреда станува збор“, пишува порталот…
Поранешниот градоначалник Петре Шилегов на Фејсбук објави коментар на реакциите, откако тој постави фотографија од кадар со легендарниот автобус од филмот „Ко то тамо пева“, кои, пак многумина го поврзаа со ветувањата за еколошки автобуси на актуелната градоначалничка Данела Арсовска. „Во текот на вчерашниот ден постирав фотографија од еден од моите омилени филмови „Тко то тамо пева”. Не споменав ниту име, ниту институција, ниту настан. Одеднаш на постот, во коментарите, некои ликови започнаа да ја бранат актуелната градоначалничка на Скопје, г-ѓа Арсовска. И сега имам дилема. Како баш драги мои (данело)бранители ја препознавте градоначалничката во фотографијата ? Што ве испровоцира…
Додека се поголем број земји апелираат до своите граѓани да заминат од Украина поради тоа што Русија може да ја нападне земјата, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се шири паника. Американските предупредувања за непосреден напад на Русија врз Украина предизвикува паника и не им помага на Украинците, истакна Зеленски. Тој додаде дека „паниката е најдобар пријател на нашите непријатели“. – И сите тие информации (за напад) само предизвикуваат паника и не помагаат, посочи Зеленски.
Струшката полиција потврди дека вчера било опожарено возилото на братот на пратеникот Јован Јаулески. Полицијата вели дека вчера во 21.45 часот во ОВР Струга било пријавено дека е опожарено патничко возило „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, сопственост на Н.Ј.(36) од Струга. „Повредени лица нема, a пожарот е изгаснат со интервенција на територијалната противпожарна единица од Струга. Увид извршија полициски екипи од ОВР Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.
Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи вчера беа извршени инспекциски надзори во десетина угостителски објекти и казина на територијата на Тетово и околните населени места. Притоа, времено се затворени четири објекти и од страна на ДПИ запечатени се со пломби. Во два објекта беа констатирани прекршоци по основ на Законот за заштита од пушење, а за три објекти побарана е дополнителна документација согласно Законот за угостителска дејност, така што постапката за нив продолжува до целосно разгледување на документацијата. Во сите контролирани објекти изречени се и глоби од страна на УЈП…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавнa безбедност Сашо Тасевски денеска ги посетија децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата во одморалиштето на МВР во Пониква, Кочани, каде имаа заеднички ручек и дружење во рамки на неколкудневниот престој на децата во одморалиштето. На средбата, министерот Спасовски изразил задоволство што повторно има можност да се сретне со децата и семејствата на загинатите припадници на МВР, активност што веќе прерасна во традиција, и да поразговараат за актуелни прашања од важност за нив. Спасовски и во оваа пригода, се наведува во соопштението од МВР, истакнал дека…
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во пресрет на 75-годишнината од основањето ги додели годишните награди на добитниците за 2021 година. Наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување минатата година ја доби Ивица Челиковиќ за романот „Ден за одмазда“ во издание на „Паблишер“. Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга му припадна на Санде Стојчевски за стихозбирката „Великата лирска песна: песни за Неа“ во издание на „Дијалог“. Наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка му е доделена на Димитар Пандев за делото „Времето на Конески“ во издание на „Панили“. Наградата Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади ја доби…
Германија е последната земја која ги повика своите граѓани во Украина да ја напуштат, бидејќи се зголемуваат стравувањата од можна руска инвазија во наредните денови, јави ДПА. „Доколку моментално сте во Украина, проверете дали вашето присуство е строго задолжително. Доколку не е, заминете за кратко време“, препорача Министерството за надворешни работи во Берлин. САД вчера први ги предупредија своите граѓани дека веруваат дека Русија наскоро би можела да изврши воен упад на својот сосед – тврдење што Москва го негира, потсетува ДПА. Покрај САД, и Велика Британија, Данска, Летонија и Естонија, Австралија, Нов Зеланд, веќе ги повикаа своите граѓани во…
Во ВМРО-ДПМНЕ има нови луѓе кои ќе ги донесат промените кои ѝ требаат на Македонија, реагираат од партијата, откако владејачката СДСМ, денеска побара оставки да дадат сите инволвирани во судскиот процес „Титаник“ во кој поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ признаа вина за изборни нерегуларности. „Впрочем доколку некој се прашува зошто сеуште има завеани планински села во Македонија со снег, зошто во Галичник мора да се спасуваат во хеликоптер жители и патот е непрооден, зошто Стража, Дебар се редовно отсечени, е поради тоа што тепачот на жени од СДС Ацевски наместо на работа држи партиски пресови. А сега околу суштината: Со прес…