Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Членовите во Комисија за надворешни работи на бугарското Народно собрание денеска ја одложија седницата на која требаше да биде разгледан предлогот на француското претседателство со ЕУ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Софија. Образложувајќи ја ваквата одлука, поранешната бугарска министерка за надворешни работи и пратеничка на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Екатерина Захариева изјави дека бугарската Влада е органот што мора да се произнесе по предлогот, пред тој да се најде пред Народното собрание. Одлуката за одлагање на седницата на собраниската Комисија беше донесена со 9 гласа „за“ на…
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на денешната заедничка прес-конференција со финската премиерка Сана Марин рече дека нацрт билатералниот протокол кој денеска пристигна во бугарското народно собрание е документ кој дава насоки и редослед како да се спроведе Договорот за добрососедство и дека во истиот нема нови барања, односно услови за Македонија. – Билатерален протокол, тој е всушност статус и понатамошни чекори во однос на спроведувањето на Договорот за добрососедство. Тој протокол се потпишува на ниво на министерства за надворешни работи и кажува до која фаза сме стигнати и што е наредно. Тоа не е документ – нов договор во кој…
Претседателката на Владата на Република Финска Сана Марин пристигна во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија, информираат владините служби. Премиерката Марин во Владата на Република Северна Македонија ја пречека премиерот Ковачевски, кој со претседателката на Владата на Република Финска, согласно агендата, ќе имаат тет-а-тет средба. Премиерот Ковачевски и премиерката Марин потоа ќе им се придружат на делегациите на двете Влади на билатерална средба на која од наша страна ќе присуствуваат Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и министерката за одбрана Славјанка Петровска. Премиерите Ковачевски и Марин работниот дел од средбата ќе…
Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја завршија општата расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот, на која пратениците од опозицијата и од власта останаа на спротивставени ставови по однос на доставениот буџетски измени. За опозицијата, ребалансот е доказ дека „економијата е разрушена” и дека „постојано се зголемува сиромаштијата”. Според опозициските пратеници, се работи за неразвоен буџет кој нема да може да се справи со актуелните економски и социјални притисоци. Пратениците од власта, пак, порачаа дека со ребалансот се остварува заштеда на сериозни средства што ќе се искористат за директна помош за граѓаните и за стопанството, во услови на…
Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман е позитивен на коронавирус, соопшти Министерството. Позитивниот тест за коронавирус, следува неколку дена по неговата посета на Македонија и учеството на Преспа форумот во Охрид. Во соопштението на МНР се наведува дека Грлиќ-Радман бил тестиран на коронавирус поради појава на благи симптоми и дека тестот бил позитивен, јавуваат загрепските медиуми. Министерот Грлиќ Радман се чувствува добро, а должностите ќе продолжи да ги извршува од дома, почитувајќи ги упатствата на лекарите и епидемиолозите. Радман Грлиќ во понеделник требаше да учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија во Луксембург. Хрватскиот…
„Balkan Ninnisi“ или „Балканска приказна“, новата турска серија која се снима целосно во Македонија, е драма-комедија и важи за една од најамбициозните продукции за Турција снимена во странство по долги години. Продуцентот на серијата за НоваТВ, Јалчен Ари вели дека овој проект е создаден, пред сe, да се доближат двете култури, турската со македонската. Во тек е снимањето на втората епизода, а предвидено е да се снимаат 11. „Оваа серија се надеваме дека ќе ја достигне и гледаноста на серијата „Долина на волците“. Доколку рејтинзите покажат дека е гледана ќе продолжиме и понатака. Снимањето се одвива во Скопје, но тимот…
Автомобилските марки Волга и Москвич би можеле да заживеат во Русија, изјави рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров. „Можам да ги откријам плановите на нашата автомобилска индустрија. Како прво, веќе не е тајна дека ќе се произведува „Москвич“. Според него, ваквата идеја може да се реализира на различни локации, пренесува РИА Новости. На почетокот на јуни поранешната фабрика на францускиот производител на автомобили Рено во Москва, Рено Русија, официјално беше преименувана во Москвич. Планирано е компанијата во иднина да започне со производство на електрични автомобили под истото име. Од Министерството за индустрија и трговија напоменаа и дека фабриката…
Јас не сум во кампусот на песимистите и сметам дека до крајот на месецот ќе се најде решение за спорот со Бугарија и ќе има епилог во прилог на мирот, стабилноста и иднината, истакна вечерва на прес-конференција претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети. „Сега овој процес го олеснува претседателот Макрон. Јас верувам многу во иднината и затоа и верувам во решение на крај на јуни, затоа што има значајна ангажираност на нашите пријатели и сојузници и затоа верувам во нивната определба и олеснувањето кое што претседателот Макрон го презема врз себе за Балканот да биде посигурен, побезбеден,…
Отвор длабок околу пет метри се „појави” во месноста Раковец кај Пехчево, објави Сител. Појавата ја регистрираше жител на Пехчево. – Се отвори дупка над Раковец, длабока четири до пет метри, која во поголем дел е затрупана. Според мене е затворен римски рудник, затрупaн со „шлунак”. Нека се на арно, овие знаци за Пехчево, вели за отворот пехчевецот со псевдоним Стеф Поп Треф. Истражување за овој случај е најавено за утрешниот ден, за кога е најавена средба помеѓу градоначалникот на Пехчево и познат геолог од Источна Македонија, кој ќе изврши првичен увид на самото место каде е забележан длабокиот отвор.…
По многу тесните резултати минатата недела меѓу претседателското мнозинство и Нупес, вториот круг од законодавните избори оваа недела се најавуваше како неизвесен, за назначувањето на 577 идни пратеници на Националното собрание. Сепак институтите за испитување на јавното мислење велат дека неизлезеноста е масовноа како и во првиот круг (53%) и ќе изнесува околу 54 отсто, јави дописникот на МИА. Една недела на кампања помеѓу двата круга беше кратка и напната. Штом се дознаа резултатите од првиот круг на парламентарните избори, ставајќи ги макронистите и сојузот на левицата рамо до рамо, инвективите пораснаа со иста брзина како и живата во термометрите.…
Демократската унија за интеграција денеска организираше директни партиски избори во 10 партиски ограноци за претседатели и членови на претседателството на ограноците, како и за претседатели и членови на локалните совети. Претседателот да ДУИ Али Ахмети на прес-конференција од партиското седиште во Тетово информираше дела се избрани претседатели и членови на локалните совети во ограноците на Брвеница, Боговиње, Чашка, Долнени, Гостивар, Студеничани, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино. На изборите биле пријавени 10 423 членови во 10 ограноци на ДУИ, од кои гласале 75 отсто. – Овој ден е многу важен за ДУИ. Следните две децении ДУИ ги започнавме со водење на…
Класичен партиски протест, без спектакуларна бројка на присутни, ниту пак неопределени граѓани, со излитени фрази и повторување едно исто од стана на ВМРО-ДПМНЕ, значи ништо ново, оцени денеска во гостување на Сител телевизија, потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев. „Демократско право на опозиција е да протестира. Но, вчерашниот протест би го оценил како слаб, класичен партиски протест, не видов спектакуларна бројка на присутни ниту пак некои неопределени граѓани кои излегуваа од Скопје или градовите. Прилично добар дел од пораките се излитени фрази и се повторување на едно па исто.“ рече Богоев. Богоев додаде дека во услови кога целиот свет се соочува…