Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забранетата љубовна сага на Јованка и Ертан утревечер пред скопската публика

0
By НОВА ТВ Terziova on June 20, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 20, 2022 14:11

„Balkan Ninnisi“ или „Балканска приказна“, новата турска серија која се снима целосно во Македонија, е драма-комедија и важи за една од најамбициозните продукции за Турција снимена во странство по долги години. Продуцентот на серијата за НоваТВ,  Јалчен Ари вели дека овој проект е создаден, пред сe, да се доближат двете култури, турската со македонската.

Во тек е снимањето на втората епизода, а предвидено е да се снимаат 11.

„Оваа серија се надеваме дека ќе ја достигне и гледаноста на серијата „Долина на волците“. Доколку рејтинзите покажат дека е гледана ќе продолжиме и понатака. Снимањето се одвива во Скопје, но тимот на серијата размислува да продолжи со снимање и низ локациите во Охрид, Битола и другите градови.“, вели тој.

Како што вели Ари, се размислувало серијата да се снима во Турција, но решиле дека гледаноста би била поголема доколку се снима во Македонија.

„Тука има многу значајни места за Турците. Снимањето на една епизода не чини околу 150.000 евра“, вели продуцентот на серијата „Балканска приказна“.

За снимање на оваа серија добивме голема поддршка од македонските институции. Најнапред добивме поддршка од Министерството за култура, од безбедносните служби, полицијата и другите институции како и општините кои ни дадоа дополнителен поттик уште подобро да ја сработиме нашата работа. Тоа е една од причините заради која се одлучивме да го работиме овој проект тука, рече на денешната средба со медиумите режисерот Доан Умит Караџа.

„Balkan Ninnisi“ или Балканска приказна започнува со прикажување на првата епизода на ТРТ1 од утре, 21 јуни со почеток во 19:00 часот по македонско време. Гала промоција на Балканска приказна ќе се одржи и во Скопје, со прикажување на првата епизода од серијата утре, во Куршумли ан во Старата скопска чаршија.

Серијата го привлекува вниманието не само со својата искрена, срдечна и весела приказна, но и со својата маестрална актерска екипа.

Познатиот уметник Ердал Озијаџилар, кој дојде во Скопје по серијата „Елведа Румели“ која се емитуваше пред повеќе години и стана центар на вниманието во Македонија, во серијата го толкува ликот на „Кофтеџи Сулејман“.

Серијата Балканска приказна, во која Ердал Озијаџилар ги дели главните улоги со Озлем Туркад, Емре Беј и Мерих Озтурк, е во продукција на Јалчин Ари и Угур Узунок, а режијата е на Доан Умит Караџа и Волкан Капкин. Освен нив, како актерски имиња се појавуваат и Хакан Бојав, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чиаџи, Џан Колукса, Дениз Ѓуркан, Емине Халил, Сулејман Кара, Ерман Шабан, Каан Тургут, Бурак Рахман.

Во серијата се отсликуваат делови од животот на две семејства, турско и македонско кои живеат од двете страни на реката Вардар, доловувајќи ги шарените културни традиции на два различни народи. Ертан и Јованка главните ликови во серијата, кои образованието го завршиле во странство, се враќаат во
Македонија. Ја бараат среќата, но со тешка борба.

М.Терзиова

 

 

 

 

балканска приказна култура Македонија турска серија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.