Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Шпанската метеоролошка служба соопшти дека топлата воздушна маса, која во Шпанија пристигна од Северна Африка, донесе многу високи температури, па денеска се очекува на некои места да биде и 43 степени. Метеоролошката служба АЕМЕТ објави дека најтопло ќе биде во југозападниот и централниот дел на Шпанија. Во градовите како Севиља, Кордоба и Бадахоз се очекуваат температури до 43 степени. Метеоролозите соопштија дека во Мадрид денеска може да биде и до 38 степени, што е значително над просекот за првата половина на јуни, додека 500 километри понатаму, во Барселона, прогнозата е 32 степени.
Матурантите денеска ќе полагаат втор дел од државната матура со тестот од екстерниот испит што го избираат. Од вкупно 15 899 кандидати, 14 320 се пријавиле за англиски јазик. Математика ќе полагаат 1231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика. Првиот испит – Мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски), кој е задолжителен, го полагаа на 4 јуни. Резултатите од двата екстерни испита треба да бидат објавени најдоцна за 30 дена. Тие што нема да ја положат државната матура или…
Вкупно 73 пратеници од блокот на шиитскиот лидер Моктада Садр, најважната формација во ирачкиот Парламент, синоќа поднесоа оставки, со цел да се изврши притисок за формирање влада, што земјата ја нема од парламентарните избори, одржани минатата година. – Без волја ги прифативме барањата за оставки на нашите браќа и сестри, претставници на блокот на Моктада Садр, изјави претседателот на Парламентот, Мохамед ал Халбуси. Според ирачкиот политиколог Хамзех Хадад, Парламентот допрва треба да ги прифати оставките со апсолутно мнозинство. Меѓутоа, ирачкиот Парламент е на годишен одмор до август, па неизвесно е како ќе се одвива состојбата понатаму. Од предвремените парламентарни избори…
Три лица го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа во која се судрија најмалку 12 возила на различни локации во должина на автопатот во југозападниот дел на американската сојузна држава Арканзас, пренесува Ен-би-си њуз. Несреќата се случила во источната трака на автопатот во близина на Франедшип на околу 80 километри од Литл Рок, главниот град на Арканзас. Се почнало со судир на два камиони после што дошло до верижен судир. Локалната полиција соопшти дека сообраќајот се одвивал тешко поради невремето што го зафатило тој регион. https://www.youtube.com/watch?v=pM9UGqfJ1L0&t=32s
Шон Пинер, британски државјанин кој се бореше со украинските сили и беше осуден на смрт денеска пред судот во Доњецк, упати строго предупредување до сите странци кои можеби размислуваат да се приклучат во борбата против руските војници: „Не одете во војна, не навистина не разбирам“. Шон Пинер, неговиот сонародник Ајден Аслин и Мароканецот Садун Ибрахим беа прогласени за виновни за обид за насилно преземање на власта во Народна Република Доњецк. Тие се обвинети и дека биле обучени да вршат терористички активности на територијата на Доњецката Народна Република – држава која беше формално признаена од Русија во февруари. Во ексклузивното интервју…
Со последните измени и дополнувања на Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити, поточно на членот 35, се предвидува скратување на времето предвидено за полагање на вториот практичен дел од возачкиот испит, односно најстресниот дел од возачкиот испит за сите кандидати – градската. Според измените, кои неодамна беа објавени во „Службен весник“, вториот практичен дел од возачкиот испит ќе трае најмалку 15 и не повеќе од 30 минути за категориите А1, А2, А, Б, БЕ и националната категорија Ф. За категориите Ц1, Ц1Е, Ц, ЦЕ, Д1, Д1Е, Д и ДЕ, со новите измени, вториот практичен дел од возачкиот испит…
Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече колонии државите кои не можат сами да носат одлуки и да го обезбедат својот суверенитет. Тој истакна дека таквите земји немаат шанси да преживеат во тешка геополитичка војна. „Светот се менува и тоа брзо. А за да го преземеме водството, не зборувам за глобално лидерство, барем на некој начин, се разбира дека секоја држава, која било нација, која било етничка група мора да си го обезбеди суверенитетот, бидејќи не постои средна компонента, средна држава. Или државата е суверена, или колонија… Нема сега да давам примери за да не навредам никого, но ако една држава…
„Не може во време на војна компаниите да прават исти профити како претходно, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва во емисијата „Вин Вин“. Министерот вели дека по денешните состаноци со трговците на големо и на мало, производители на основните прехрамбени производи, пазарниот инспекторат и Царинската управа, и по сите анализи заклучиле дека основните прехрамбени прозиводи имаат различни маржи кај различни трговци. Трговците бараат за одредени производи маржата да биде 5 осто, а за други 10 отсто. Тоа значи дека ако одреден прозизвод во супермаркет чини 100 денари, максиум да може да биде продаден за 110 денари во друг маркет.…
И покрај заканите од рускиот претседател Владимир Путин, западните земји продолжуваат да и доставуваат на Украина големи количества најсовремено оружје за да може да се соочи со налетот на руската армија. Меѓутоа, проблемот настанал токму поради модерноста на споменатото оружје, бидејќи украинските војници не се обучени да го користат. На помош им дојде неочекуван Google Translate, пишува New York Times. Соединетите Американски Држави и Велика Британија ветија дека ќе и снабдат на Украина напредни ракетни системи за повеќекратно лансирање. Обуката на војниците како да ја користат оваа опрема стана значајна и растечка пречка со која секојдневно се соочува помладиот наредник…
Учениците од земјава добиле алармантни резултати во однос на нивното слабо знаење на тестирањето направено од најголемата меѓународна образовна анкета во светот, ПИСА, објави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на 14 седница одржана во Комисијата за образование, наука и спорт, пишува ТВ21. Пратеникот на АА, Халил Снопче рече дека целиот проблем е настанат како последица на погрешното инвестирање заради политичките влијанија. „Проблемот со квалитетот во образованието на сите нивоа не е толку поради недостиг на инвестирање на апсолутните суми, бидејќи знам дека министерството има проблеми, како и претходното. Имаме неколку обиди, но мислам дека се е последица на…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика Грција да престане да ги вооружува островите во Егејското Море и да ги следи меѓународните договори во изјавата што може да доведе до опасна ескалација меѓу двете соседни земји. Грција треба да „избегнува соништа, изјави и постапки за кои ќе зажали“, рече Ердоган за време на воените вежби на западниот брег на Турција, во кои учествуваа и воените сојузници. „Соберете се. Не се шегувам“, рече Ердоган во изјавата за Атина. Тој тврди дека Грција дозволува воени вежби, вклучително и на НАТО и на трети земји, на острови кои немаат воен статус. Ваквите потези…
Треба добро да се анализира тоа дали е акт на еден човек или акт поттикнат од некој центар, бидејќи не сметам дека е случајно избран тој ден. Не можам да кажам дали е член на некоја конструктура, има судски процес, но луѓето можат да бидат злоупотребени и нивните емоции во вакви случаи, вели македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи за палењето на влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, за што е осомничен пејачот Ламбе Алабаковски. -Мислам дека е тешко баш коинциденција во истиот ден. Не би се осудил да направам оценка лично за извршителот. Не може кривично дело да…