Author: НОВА ТВ Terziova

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги поканила сите лидери на парламентарните политички партии во земјата, освен Левица, да ја одбележат 20-годишнината од формирањето на партијата, но претседателот Мицкоски,   лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села и на Движењето Беса, Билал Касами иако ја добиле поканата од ДУИ, нема да учествуваат на прославата. „Сметаме дека не е време за славење, во време кога се сочуваме со кризи, изјави за „Слободен печат“, Димче Арсовски – потпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Друга причина за неучество на Мицкоски на прославата на ДУИ, како што наведуват од ВМРО-ДПМНЕ, е лошто и корумпирано владење на ДУИ и…

Read More

Утрово до 8.30 часот издадени се 1150 кутии диазепам, а оваа бројка до 11 часот се зголемила на 6200 кутии, сподели на својот фејсбук профил докторот Ненад Лазаров . Тој пред неколку месеци објави податок дека во 2020 година биле препишани 1.310.000 рецепти диазепам, 300.000 повеќе од 2015 година. „Нема куќа без диазепам“, посочи докторот во неговиот статус. Под објавите граѓаните коментираат дека сме станале најдепресивна нација.

Read More

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година се склучени 13 337 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е зголемен за 29.8 %. Браковите се склучуваат меѓу 25 до 29-годишна возраст, разводите на 35 до 39 години. Најмногу бракови, 1 981 или 14.9 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец април, 667 или 5.1 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 94.0 % за жените и 93.3 % за мажите. Во втор брак со учество од 6.2 % и во трет брак со учество од 0.6 %, во вкупниот…

Read More

„Денеска, стоејќи пред вас, апелирам до присутните лидери да го искористат своето влијание за да помогнат да се даде стабилност и кредибилитет на европската перспектива на Западниот Балкан. Тоа не може да се постигне без Македонија да ги отвори пристапните преговори што е можно поскоро“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот говор на собирот на Европската Народна Партија – семејство на десните партии каде припаѓа и неговата партија. Во продолжение на својот говор Мицкоски посочи дека ова се тешки времиња за нашиот континент, како и за нашиот глобален систем на демократски вредности. „Сепак, тешките времиња обично го покажуваат…

Read More

Цените од денеска во маркетите ги рушат сите рекорди. Откако Владата ги врати маржите и даноците на основните прехранбени производи килограм брашно за кое граѓаните плаќаа околу 35 денари, денеска се продава за 60 денари, а поскапен е и лебот, кој на полиците во маркетите се продава за 43 денари. Цените се зголеми меѓу 6 и 9 денари. Маржите во малопродажба беа ограничени на 5 отсто кај лебот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло за јадење и сончогледовото масло за јадење, млекото, свежото месо и сувомеснатите производи. Одлуката почна да се применува од 1 март 2022 година, а…

Read More

Од денеска во Грција се укинува задолжителната маска во затворените простори, што воедно беше и последната и единствена Ковид мерка во земјата, откако на почетокот на мај беа укинати голем дел од рестрикциите, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања, јави дописничката на МИА од Атина. Исклучок постои само за болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, односно во автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите, каде што и понатаму ќе биде задолжително носење маска. Во текот на оваа седмица ќе се донесе одлука и за протоколите за бродовите…

Read More

Нема услови за моја посета, изјави денеска претседателот Румен Радев запрашан за неговата претстојна посета на Франција, поврзана со темата Република Северна Македонија, јави репортерот на БГНЕС. БГНЕС вчера објави дека на последниот коалициски совет на 27 мај се разговарало за заедничка посета на претседателот, премиерот и нашиот министер за надворешни работи на Франција. Според членовите на коалицискиот совет, таму се очекувало да биде одобрен предлогот на претседателот Макрон, со што ќе се укине ветото за почеток на преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ. Денеска Радев демантираше дека ќе има негова посета. За зборовите на премиерот Петков дека…

Read More

Ново невреме во Лозово со силен град  и дожд ги поплави селата Милино и Ѓуземелци. Поради наноси од кал не беше прооден и дел од патот меѓу овие села, а струјата неколку часа била во прекин. Ова е трето невреме последнава недела во областа помеѓу патот Велес и Штип. Обилните дождови предизвикаа заматување на водата на ниво на цела општина Лозово, па таа сега не смее да се пие, а од општината ќе побараат цистерни со чиста вода за пиење. Досега се уништени лозови и овошни насади, пластеници, а штети има и кај јачменот и пченицата. Од денеска граѓаните ќе…

Read More

Американски ловци „Ф-35“ слетаа во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Бугарија како продолжение на мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор. Во порака објавена на официјалниот профил на Твитер на Сојузна воздушна команда на НАТО не е наведено за колку авиони станува збор. Кон крајот на мај требаше да заврши мисијата на четирите холандски „Ф-35“ во Бугарија. Но, во соопштението се посочува дека американските ловци се приклучиле на холандската мисија во Бугарија. Бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков, изјави дека има многу процедури кои овозможуваат прекугранично користење на „Air Policing“. Тој додаде дека постојат многу опции и дека Бугарија…

Read More

Во текот на вчерашниот ден (31.05.2022) во прилепско, Министерството за внатрешни работи, поточно полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и СВР Битола – ОВР Прилеп, реализираа акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога, во која беше пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија, преку нашата земја, со крајна цел – Република Грција, а беа запленети околу 86 кг марихуана во вредност од околу 300.000 евра и од слобода е лишено едно лице. Имено, во утринските часови на регионалниот пат Битола-Прилеп, на…

Read More

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) донесе одлука да поднесе иницијативи до Јавното обвинителство за покренување постапки за гонење на одговорните лица на општините Петровец, Сарај, Брвеница и Чаир и на Државното правобранителство, за склучените договори за дело со новинарката Бесмира Ејупи. „Основа за овој предмет се написите кои се појавија во медиумите во однос на исплата на средства по однос на договор за дело на едно лице од повеќе институции, односно како што е познато за новинарката Бесмира Ејупи која по основ на договори за дело добивала средства од четири општини и од една државна институција. Имајќи предвид…

Read More

Како што имавме социјален дијалог за основно и за средно образование, отворен сум за соработка и ја очекувам со репрезентативниот синдикат за високото образование, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во врска со протестот кој за утре е најавен од професори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои бараат потпишување на Колективниот договор и зголемување на платите. Рече дека со ребалансот на буџетот е предвидено повисоки плати да имаат од септември, дека средствата се предвидени и таа постапка е почната од неговата претходничка Мила Царовска. -Во ребалансот на буџетот, и од претходната министерка има почнато постапка, предвидени се…

Read More