Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.334 тестови, а регистрирани се 85 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 60, Битола – 7, Охрид – 4, Неготино – 3, Тетово, Кавадарци и Кочани – по 2, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (85), регистрирани се 19 реинфекции. Регистрирани сe 48 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Битола – 9, Ресен – 2, Охрид, Куманово и Прилеп – по 1. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно…
Повредената жена, која е Афроамериканка, е осомничена дека со помош на маж украла автомобил. KCTV ја идентификуваше како Леона Хејл (26). Таа се уште е жива, но се здобила со тешки повреди и е префрлена во болница каде е во стабилна состојба. Според Државната патрола на Мисури (MSHP), полицајците на полицискиот оддел во Канзас Сити (KCPD) се сретнале со пар осомничени на паркингот на продавницата во петокот. Осомничениот маж, наводно, скокнал од автомобилот и побегнал, но Хејл останала и ги кренала рацете. „Немаше оружје, немаше ништо во раката“, велат сведоците на инцидентот. Според неа, полицијата повеќепати наредила на Хејл да…
Изложбата со наслов „СОВРЕМЕНА СКУЛПТУРА“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе се отвори на 01 јуни во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ , ГТЦ 2 кат, локал 306 во Скопје со почеток во 20 часот. Изложбата се реализира со финасиска поддршка на Министерството за култура на Р.С.Македонија и сите љубители на уметноста може да ја разгелдаат до 10 јуни во работно време на галеријата од 11-18 часот. Оваа година се пријавија и учествуваат 12 уметници, Анѓел Димовски-Чауш, Димитар Илиевски, Душан Ѓеорѓиевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Маја Танева, Марјан Стојаноски, Нела Јанковска, Ненад Тонкин, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски и Слободан…
На 30.05.2022 во СВР Скопје е пријавено дека во каменолом на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, во близина на селото Јаболце, општина Сопиште, товарно возило „ивеко карго” кое претходно било паркирано, се придвижило и удрило во возачот З.С.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.С., констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.
Сообраќајна несреќа пред малку се случи пред Собранието, во центарот на Скопје, а според очевидци се судриле такси возило и автобус. Такси возилото е оштетено, а за повредени лица нема информација. Повеќе детали за сообраќајката се очекуваат во текот на денот од МВР.
АД МЕПСО од Регулаторната комисија за енергетика бара покачувањето на тарифата за пренос на електрична енергија од 68 отсто. Операторот кој набавува струја за покривање на загубите во преносот на електричната енергија, пред претходното поскапување на сметките за електрична енергија пред половина година побара да им се признае зголемување на трошоците од 82,83 отсто според тогашните информации на регулаторот. Државниот електропреносен систем МЕПСО учествува во фактурите за струја со 4,12 отсто. Од таму велат дека корекцијата е единствено решение во услови на се посложена ситуација на пазарот на електрична енергија и дека најголемо влијание има зголемувањето на трошоците за обезбедување…
Зошто се блокира вака битен закон и се одолговлекува неговото донесување кога тоа им штети на над 20 000 тутунопроизвподители кои ги чекаат годинашните субвенции?, прашува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. -Тргнете ја политиката од земјоделството, посебно сега, во услови на криза и војна и сите, едногласно, без секунда одложување, изгласајте ги измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кој на над 20 000 тутунопроизводители треба да им бидат исплатени 1,3 милијарди денари, кажа Николовски. Според Николовски, кој досега неколку пати апелира до Парламентот да ги донесе земјоделските закони без одлагање. -Ваквата блокада е нешто…
При проверка на катакомбите под металуршкиот комбинат Азовстал, руските вооружени сили пронајдоа камион со 152 минирани трупови на украински војници, а целта беше да се обвини Русија за намерно уништување на телата, изјави портпаролот на руското Министерство за Одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков. -При проверка на подземните објекти на металуршката фабрика „Азовстал“ во Мариупол, каде што се сокриле нацистите од украинската формација „Азов“ кои се предале, руската армија пронашла изотермичен камион. Телата на 152 убиени милитанти и војници на вооружените сили на Украина биле складирани во возилото, кое немало систем за ладење“, рече генералот. Како што појасни, при проверка на камионот,…
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски порачува дека никој не може со сигурност да предвиди што ќе се случува зимава на полето на енергетиката. -Порано проблем беше цената, а сега може да се случи она што се случи во Бугарија и Полска – нема гас. Тешко е тоа да се предвиди. Втора работа е дали може да ја издржи нашата економија цената на природниот гас што е сега. Се поставува и прашањето што ќе правиш доколку немаш купувачи на гас. Во моментов цената на гасот на берзата во Холандија е 96,6 евра за мегават…
Во грчкиот град Солун започна снимањето на новиот акционен филм „Tin Soldier“ со Роберт Де Ниро, Џејми Фокс и Скот Иствуд во главните улоги. Според Glow.gr, во средата вечерта пред објектите на ATHEX во Солун биле подигнати кранови и големи рефлектори, а Де Ниро бил забележан како глуми некои од неговите сцени. Филмот, исто така, ќе вклучува сцени во ИМКА (центарот на градот), во Фрагма во Терми (предградие), Халкидона и во студиото Милениум во Терми. Де Ниро и Фокс ќе го посетат и градот Драма, на исток во областа Македонија. Според Екатимерини, филмот ќе вклучува сцени со контролирани експлозии, при…
Директорот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, утринава во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека големиот пожар во фабриката „Пофикс“ во објектот кој се наоѓа во близина на центарот на Тетово, бил навремено локализиран и била спречена голема трагедија. – Ако не го локализиравме, ќе одеше кон силосите со плин со капацитет од повеќе тони и ако дојдеше до експлозија, добар дел од градот ќе го немаше, рече првиот човек на ЦУК. Мерењата кои тој ги добил претпладнево велат дека ПМ честиците се околу 50 и им порача на граѓаните да бидат спокојни, бидејќи како што вели, нема загадување. – Изгоре…
Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел постигнаа договор за ембарго за увоз на руска нафта со бродови до крајот на годината, во рамки на санкциите против Русија поради нападот на Украина. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, нешто пред полноќ објави дека на состанокот во Брисел е постигнат договор за забрана на увоз на руска нафта. „Ова веднаш се однесува на повеќе од две третини од увозот на нафта од Русија, што го прекинува значителен извор на финансирање на руската воена машинерија“, напиша Шарл Мишел на Твитер. Според „Гардијан“, пристигна првата реакција од Русија на одлуката на ЕУ да…