Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Русија ќе се обиде да отвори нов фронт против Украина од Молдавија, повикувајќи се на украински воени извори, објави Тајмс. Еден извор вели дека има „број на индикатори“ кои укажуваат на напад во блиска иднина врз поранешната советска држава, која има само 3.250 војници во својата армија. Успешното преземање ќе доведе до преселба на руските трупи во црноморското пристаниште Одеса, во Украина, од запад. Британски Тајмс, додава дека инвазијата врз поранешната советска република би можела да се случи на 9 мај. Според британското издание на Тајмс, тогаш рускиот претседател Владимир Путин може да прогласи признавање на независноста на Придњестровско Молдавска…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во изјава го спореди украинскиот претседател Володимир Зеленски со Адолф Хитлер. Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид денеска го критикуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека го споредил украинскиот претседател Володимир Зеленски со Адолф Хитлер, нарекувајќи ја изјавата „непростлива, срамна и историска грешка“. Лапид рече дека очекува извинување и најави дека ќе го покани рускиот амбасадор во Тел Авив да го изрази својот протест, пренесоа израелските медиуми. „Да се каже дека Хитлер бил Евреин е исто како да се каже дека Евреите сами се убивале. Нацистите ги прогонувале Евреите, само…
ДУИ денеска организира свеченост за отворање на споменикот посветен на борците на УЧК во Слупчане. Споменикот чини 200.000 евра и е висок 20 метри. ДУИ го слави 2 мај како ден на бранителите. Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил објави заедничка фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Изградбата на меморијален споменик е регулирано со закон и одлуката за поставување на споменик ја носи Собранието. Со подигнување на спомен култата во чест на жртвите на ОНА која свечено ќе биде пуштена е прекршен законот за меморијални споменици и спомен обележја, велат експерти од областа на заштитата на…
На 01.05.2022 во 15.17 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот од с.Новаци кон с.Брод, општина Новаци, патничко возило „хјундаи“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Битола, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Љ.Т. и сопатниците Т.Н.(51) и З.Т.(38), двајцата од Битола, додека сопатникот З.С.(50) од Битола се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.
Милијардерот Бил Гејтс предупреди дека постои ризик „многу поголем од пет проценти“ дека светот сè уште не го видел најлошото од пандемијата на ковид. Милијардерот и технолошки магнат рече дека не сака да звучи „мрачно“, но предупреди дека постои ризик од создавање на „уште попренослива и уште пофатална“ варијанта, пренесува Daily Mail. Тој рече дека ризикот од тоа да се случи е „многу над пет проценти“ и дека тоа би значело дека светот допрва треба да го види најлошото од пандемијата. Не е првпат да дава ваква прогноза. Во декември 2021 година, тој ги предупреди своите милиони следбеници на Твитер…
За утре е предвиден почеток на изградбата на гасоводот за течен природен гас во Александрополис, што за регионот треба да донесе подобрена диверзификација во снабдувањето. На инаугурацијата ќе присуствуваат премиерите на Македонија, Грција и Бугарија, Димитар Ковачевски, Киријакос Мицотакис и Кирил Петков и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописничката на МИА од Брисел. Поканет е и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Проектот за гасовод во Александрополис е од клучна важност за ЕУ во момент кога главна цел е независност од рускиот гас. -Проектот ќе понуди нови извори и рути за набавка на природен гас и ќе ја зголеми…
Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, потсети дека Русите снимиле пропагандно видео во кое ги гарантираат животите на сите украински борци кои ќе им се предадат на руските сили. „На снимката покажаа и заробен борец на Азовскиот полк. Потоа го убија и ѝ испратија фотографии од неговото тело на мајка му“, објави Герашенко. На 20 април руското Министерство за одбрана објави видео на кое е прикажан украински ловец. Русите тогаш тврдеа дека пет украински војници им се предале во Мариупол, вклучително и еден со карактеристична тетоважа како што се гледа на на мртвото тело што Герашенко тврди…
Доналд Трамп, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави побара да се направи когнитивен тест за неговиот наследник Џо Бајден. Ова беше изговорено за време на неговиот состанок во Небраска, во Гринвуд, каде што неговиот персонал покажа видео во кое е собрано целото пелтечење и гафови на Бајден, вклучително и сензационалниот гаф од пред неколку дена – кога Бајден на крајот од говорот, се сврте и ја подаде раката напред за да се поздрави со некој што, всушност, не беше присутен на сцената. По неколку моменти збунетост и изгубеност, Бајден излезе од сцената. На крајот од проекцијата на видеото, Трамп се…
„Уште од првиот ден од мандатот, ВМРО-ДПМНЕ очајно и неуспешно се обидува да го дискредитира претседателот Димитар Ковачевски. Лидерството, способноста, решителноста и успехот на Ковачевски во менаџирање на најголемата економско-енергетска криза предизвикаа страв и очај во ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски се плаши од Димитар Ковачевски“, велат денеска од СДСМ. „Од друга страна, и ВМРО – ДПМНЕ и Мицкоски се уште бараат начин да го баранат, да го замаскираат и оправдаат криминалот на Никола Груевски. Наместо да се извинат и оградат од неговите злодела. Бројни судски пресуди како што се предметите Титаник, Тенк, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно каде се изречени…
Украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник, даде одлично интервју каде на прашањето за ескалацијата на конфликтот изјави дека Третата светска војна веќе започнала. „Трета светска војна веќе започна. Нападот на Путин на Украина ги погодува сите. И Германија, иако сè уште не воено, рече тој. Според него, Путин сака империјалистички светски поредок со намален НАТО сојуз, а Полска, Чешка и Словенија повеќе нема да бидат членки“,
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за италијанска телевизија ја нападна Украина и нејзиниот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека „фактот дека тој е Евреин не ги негира нацистичките елементи во неговата земја“. „Верувам дека и Адолф Хитлер имал еврејска крв во себе“, додаде Лавров. „Зеленски може да се залага за мир ако престане да дава наредби на своите нацистички сили кои се граничат со криминал“, додаде рускиот министер за надворешни работи. Лавров посочи дека не планираат вештачки да поставуваат рок за завршување на, како што рече, специјалните воени операции до 9 мај. Во последните недели во западните…
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието, информират од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 17 степени. Утре ќе се задржи…