Author: НОВА ТВ Terziova

Северна Македонија и Соединетите Американски Држави се стратешки партнери и сојузници. Посветени сме на интензивните и блиски контакти помеѓу двете земји, а доказ за тоа е стратешкиот дијалог кој треба да се одржи на почетокот на јуни во Вашингтон, кој претставува уште повисоко ниво на соработка, заклучија министерката Славјанка Петровска и помошник државната секретарка на САД, Карен Донфрид на денешната средба во Министерството. „Соединетите Американски Држави се наш искрен партнер и поддржувач од стекнувањето на независноста до денеска. Нè поддржавте во развојот и реформите во Армијата, а денеска Северна Македонија веќе е во процес на набавка на нови и софистицирани…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратеничко прашање на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека убиецот на странскиот ракометар го убило лице кое, како што рече, било блиско до лидерот на Ковачки. -Тоа го покажуваат сликите – рече Спасовски, алудирајќи на фотографиите што излегоа во јавноста, каде првоосомничениот Анџело Ѓорѓиевски е фотографиран со Христијан Мицкоски. Toj ги отфрли обвинувањата дека го затскривале убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. -Убиството беше решено во најкус рок. За да криете нешто треба да имате мотив? Кој би бил нашиот мотив? – рече Спасовски.

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за италијанскиот сервис РАИ, говореше за предизвиците со кои се соочи земјата во текот на седумнаесет години, како кандидатка за членство во ЕУ, како и за сегашните состојби и регионалните иницијативи за соработка. – Волја на нашиот народ е нашата земја да стане членка на ЕУ поради подобри можности, подобра економија, подобар систем, и се разбира суштинските вредности на демократиите – човековите права и слободи. Тоа е потребно за подобар живот и се разбира, за поголема посветеност на земјата кон развој и демократија во исто време, рече Маричиќ. Како што соопшти Секретаријатот…

Read More

„Јас кажав повеќе пати и пак ќе кажам, уцени не прифаќам. Ова е втор пат како Мицкоски се обидува да ме уценува, а добро знаеме како заврши првиот пат. Неговите себични политички амбиции мене не ме засегаат, туку интересот на граѓаните и државата“, пишува премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил. „Како Влада имаме многу одговорна работа, а тоа е менаџирање на најголемата економска криза по втората светска војна. Ниту се потребни средби за избори, ниту се потребни избори туку одговорно делување на сите политички партии. Потребно е функционално Собрание за носење закони и рационално трошење на буџетот во овие…

Read More

Автомобилската индустрија е во големи проблеми речиси една година поради недостиг на чипови. Иако голем дел од производството е пренасочено кон исплатливи SUV модели, а профитот е ист, ако не и поголем (сите ги покачија цените на новите возила), долгорочните последици ќе се почувствуваат. Помалата продажба значи и тежок опстанок за овластените сервиси во иднина, кои ќе работат со многу помалку возила, пишува Revijahak. ASML е најголемата компанија за производство на литографски машини за правење чипови, а нејзиниот лидер Питер Венинк тврди дека ситуацијата е толку драматична што некои индустриски производители купуваат машини за перење и им отстрануваат чипови и…

Read More

Светска банка прогнозира дека војната во Украина ќе го предизвика најголемиот ценовен шок во последните 5 децении а цените и натаму ќе растат. Војната се очекува да предизвика најголем ценовен шок кај суровините од 1970-тите. Ќе поскапува се, од природен гас до пченица и памук. Цените на енергенсите се очекува да пораснат за повеќе од 50 отсто. Ова ќе ги погоди граѓаните и компаниите. „Зголемувањето на цената „почнува да има многу големи економски и хуманитарни ефекти“. Домаќинствата ширум светот ги чувствуваат трошоците за живот“, рече за Би-Би-Си, Питер Најџел, коавтор на извештајот. Најголем пораст ќе има цената на природниот гас…

Read More

Европската комисија покрена постапка против Унгарија во рамки на новиот механизам според кој користењето средства од европските фондови е условено со почитување на владеењето на правото, пренесува Хина. „Идентификувавме прашања кои би можеле да бидат кршење на владеењето на правото и кои влијаат на буџетот на ЕУ“, рече заменик-претседателката на Комисијата за транспарентност Вера Јурова на прес-конференција. Постапката е започната со испраќање допис кој е официјално предупредување. Во име на Европската комисија го испратил комесарот за буџет Јоханес Хан, но содржината на писмото не е објавена. Според правилата, постапката може да потрае и до девет месеци. Унгарија сега има два…

Read More

Американската политичка елита денеска во црква во Вашингтон се прости од Медлин Олбрајт (1937-2022), првата жена што беше државен секретар на САД. Комеморацијата ја предводеа американскиот претседател Џо Бајден и поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон, кој ја избра Олбрајт за свој највисок дипломат. Околу 1.400 гости се собраа да се простат од Олбрајт, која минатиот месец почина од рак на 84-годишна возраст. На службата присуствуваа и тројца државни секретари кои ја наследија, како и други сегашни и поранешни членови на владата, странски дипломати, пратеници и други кои ја познаваа. Бајден и оддаде почит на Олбрајт, велејќи дека „нејзиното…

Read More

Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва на раскрницата помеѓу булеварите 8-ми септември и Партизански одреди, пишува Скопјеинфо. Во неа учествуваа три автомобили, два со македонски и еден со грчки регистарски таблички. Сообраќајот во овој дел од булеварот се одвива отежнато а има и повредени. Полицијата во моментов врши увид на местото на несреќата.

Read More

И покрај тоа што сум војник и покрај свежите сеќавања од војните на Балканот, онемен сум и бесен, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, при средбата со украинскиот државен врв, меѓу кои беа и претседателот, Володомир Зеленски и првиот човек на Врховната Рада, Руслан Стефанчук. Џафери на состанокот посочи дека е растревожен од бројот на гробови чии леи не ги догледува човековото око, иако, како што кажа, видел само дел во Буча и Ирпин. „Бесен сум на човештвото што дозволи да сме неми сведоци на војна за која што верувавме дека е дел од историјата. Бесен сум што светот нема…

Read More

По состанокот на претседателството на албанските владејачки социјалисти, партискиот лидер и актуелен премиер Еди Рама изјави дека на оваа средба, покрај другото разговарале околу кандидат за нов шеф на државата. Тој информираше дека се наближува процесот за избор на претседател и увери дека кандидатот што ќе го предложи ПС нема да биде од пратеничката група на оваа партија. -Вечерва се собравме за спроведување на одлуките што ги донесовме на конгресот и потоа ќе го свикаме Националното собрание на крајот на првата недела од мај. Како што разговаравме за идентификација на претседателот на републиката, деновите минуваат и процесот се наближува. Да…

Read More

Русија ги отфрли обвинувањата дека го користи природниот гас како алатка за уцена, додавајќи дека е сигурен снабдувач со енергенси. ЕУ ја обвини Русија за уцена откако „Гаспром“ денеска прекина да им испорачува гас на Полска и Бугарија, зашто одбиле да плаќаат за него во рубли. Од членките на Европската Унија само Унгарија прифати да плаќа за рускиот гас во рубли, но држави како Австрија и Германија денеска немаа проблеми со снабдувањето. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, одби да каже колку земји се согласиле да плаќаат за гасот во рубли, повторувајќи дека Русија ја вовела оваа мерка поради санкциите од…

Read More