Author: НОВА ТВ Terziova

Конфедерацијата на слободни синдикати го прекина најавениот протест пред Собранието поради, како што велат, притисоци врз членството. На најавениот собир пред протестот во Жена парк во центарот на градот се појавија околу стотина административни работници без транспаренти. Претседателот на КСС Благоја Ралповски изјави дека денеска на вонреден состанок во Синдикатот ќе се одлучува за следните мерки, односно дали ќе се одржат најавените секојдневни едночасовни протести. Претходно КСС најавија дека ќе протестираат се додека не бидат исполнети нивните барања за усогласување на платите со минималната плата.

Read More

Досегашниот ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Азиз Положани денеска ја предаде должноста на неговиот наследник Изет Зеќири на церемонија на која, меѓу другите, присуствуваа и министерите за образование и наука и за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и Адмирим Алити. Министерот Шаќири потенцираше дека со отворањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во 2016 година се реализираше уште една голема идеја во рамки на заложбите за унапредување и проширување на можностите за едукација на сите граѓани, особено на албанската популација во земјата, но и во регионот, затоа што овој Универзитет сé повеќе станува избор и на студенти…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од Софија изјави дека се уште нема решение за отворените прашања, што би било прифатливо и за Бугарија и за Република Северна Македонија. Османи при посетата на главниот град на Бугарија потврди дека преговорите се во тек и повика историските прашања да се препуштат на надлежната Мешовита комисија на двете земји. Запрашан дали Скопје е подготвено да ги вклучи Бугарите во својот Устав пред да се укине ветото, Османи изјави: „Мислам дека сега имаме идеална шанса да постигнеме решение, кое ќе гарантира забрзување на процесот. Не е време да се чека со месеци и…

Read More

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска објави дека „никој не сака избувнување на трета светска војна“, откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров коментираше дека опасноста од нуклеарна војна е реална. „Никој не сака да види избувнување на трета светска војна“, рече на брифинг за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин. Ванг рече дека Кина се надева дека „мирот ќе се одржи“ и дека двете страни „ќе бидат воздржани“ и дека „ќе се избегне предизвикување тешка ситуација во Европа и во светот“. „Треба да размислиме како вителот на геополитичките конфликти повторно се зголеми во Европа,…

Read More

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека очекува одлука од Самостојниот синдикат на вработените во образованието, науката и културата (СОНК) утре да започне наставата во основното и средното образование и оти треба да се разгледа начин за потполно постигнување на планираната наставна програма. Шаќири дополни дека со планираниот колективен договор ќе има исплата на К-15 и ќе се разгледаат можностите за надомест на патните трошоци на сите што патуваат во подалечни подрачја. – Ќе разгледаме секаков вид на можност за менаџирање на ситуацијата заедно со Бирото за развој на образование и со наставниот кадар. Но, за мене…

Read More