Author: Marija Todorovska
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јуни се зголемени за 790 денари во споредба со мај, покажуваат податоците што ги изработува Сојузот на синдикати на Македонија.
Обвинетиот Велибор Манев на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го откри идентитетот на лицето кое добило задача од Палевски да го земе и да го уништи или скрие синиот ранец каде бил пиштолот и моторолите користени во двата кривично правни настани.
Kако парче месо што се одбира за скара – вака се чувствуваат дел од жените кога се на интервју за работа.
Утре официјално започнува летото. Утрешниот ден ќе биде најдолгиот ден во годината т.н летен солстициум.
На денешната прес конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, алармираше за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Адвокатот на Палевски бара ослободителна пресуда: Нема конкретен доказ кој ја докажува неговата вина
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште во својот завршен збор во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побара ослободителна пресуда за првообвинетиот Љупчо Палевски, посочувајќи дека Основното јавно обвинителство не ја докажало вмешаноста на Палевски во двата кривично правни настани.
Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“. Обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека Васев побара од судот да се брани од слобода.
Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направил увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија.
Во Италија денеска има 24-часовен генерален штрајк наречен „Црн петок“, кој го прогласија пет синдикати, а главните барања се намалување на буџетските средства за одбрана и пренасочување на парите во здравството, образованието, јавниот превоз и безбедноста на работа.
Дел од американската национална телефонска линија за спречување на самоубиства што се грижи за ЛГБТК млади луѓе вели дека наскоро ќе се затвори, откако администрацијата на Трамп го намали нејзиното финансирање. Администрацијата ја обвини услугата за „радикална родова идеологија“, пренесува Би-би-си.
Tрамвај во југозападниот шведски град Гетеборг излета од шините утрово и се удри во пицерија, при што повредени се седум лица, вклучувајќи го и возачот, соопшти локалната полиција.
Напад од руски беспилотни летала во украинскиот град Одеса во текот на ноќта повреди 14 лица, а еден е загинат, соопштува Канцеларијата на генералниот обвинител.
