Author: Marija Todorovska
Воведувањето на дигитално евро ќе предизвика значителни трошоци за европските банки, проценети меѓу 18 и 30 милијарди евра, покажува студија на консултантската компанија „ПрајсвотерхаусКуперс“ (PwC), нарачано од три европски асоцијации на кредитниот сектор, јави ДПА.
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана за влез на граѓани од 12 земји стапува на сила в понеделник, минута по полноќ, со цел, како што изјави тој, да се заштити земјата од „странски терористи“.
Владата следната недела ќе донесе одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани.
Богота: Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе, кој беше застрелан во главата за време на митинг во Богота, успешно беше опериран по приемот во болница во критична состојба, соопшти градоначалникот на главниот град, Карлос Фернандо Галан.
Еден официјален претставник на НАСА рече дека набљудувањето на расправијата меѓу Трамп и Маск на социјалните мрежи во четвртокот првично било „забавно“. Но, кога Маск повика на повлекување на Драгон, „тоа стана навистина застрашувачко“.
Париз: Четири лица загинаа во пожар во десеткатница во францускиот град Ремс, за кој се претпоставува дека избувнал поради дефект на батеријата од електричен тротинет, соопштија локалните власти.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска регистрира серија земјотреси со епицентри во Република Грција. Според досегашните податоци, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј епицентар се наоѓа 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML5.2.
Конститутивната седница на Собранието на Косово повторно беше прекината, по 28. пат, откако пратениците не постигнаа договор за тајно гласање за избор на претседател на парламентот. Следното продолжение е закажано за 9 јуни.
Цивилната одбрана на Газа денеска соопшти дека 13 лица се убиени во напади на израелските сили на две одделни места, а шест од нив се убиени во пукотница во близина на центар за помош поддржан од САД на југот од палестинската територија.
Може ли да си замислите кое е тоа лицемерие – Владата отвори телефонски број за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани. Не, ова не е обид за хумор. Ова е апотеоза на цинизмот.
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера, околу 16:20 часот, на регионалниот пат Скопје -Тетово, загина 19-годишна девојка.
