Author: Marija Todorovska

Едно лице е убиено во јужна Франција за време на прославата по синоќешната победа на Пари Сен Жермен над Интер Милано во финалето на Лигата на шампиони, соопшти денеска француската полиција, пренесе ДПА.

Read More

Џабир Дерала: Глобалното влијание на Кина често пригодно се означува како мека моќ – еуфемизам што упатува на дипломатија заснована на економски инвестиции, културна размена и инфраструктурни проекти. Но, во бруталниот контекст на целосната руска агресија врз Украина, оваа карактеризација не е само неточна – туку е крајно опасна и манипулативна. Кина донесе стратешка одлука: да учествува во хибридната војна – не отворено, со тенкови и ракети – туку преку дезинформации, економски спасувачки појаси и пресметан молк. Тоа е форма на не толку тивко, намерно соучесништво во војна против самите темели на глобалниот мир и безбедност. Извор: ЦивилМедиа

Read More

Најмалку 30 лица се убиени во израелски напад врз пункт за испорака на хуманитарна помош управуван од новоформираната Хуманитарната фондација за Газа (GHF), објавија медиумите поврзани со Хамас, пренесе Ал Џезира Арабик.

Read More

 Под мотото „Сечиј живот е вреден !“ денеска првпат во државата ќе се одбележи Националниот ден на правата на животните. Како што соопштија од граѓанското движење „Национален ден на правата на животните – Македонија“ (NARD Македонија), посветено на кревање на свеста за страдањето на животните од човековата рака, одбележувањето е со цел создавање похумана иднина за сите.

Read More

Брисел: Од 1 јули сите јавни места на отворено во Франција, како плажи, паркови, реони околу училиштата, станици и постојки на јавниот превоз и спортски стадиони, ќе бидат „зони без тутун“ во кои ќе биде забрането пушење цигари, најави француската министерка за здравство и семејство Катрин Вотрен.

Read More

Полициските службеници постапуваат согласно законот. Ќе биде процесуирано секое незаконско дејство кое е во делокруг и надлежност на полицијата, рече денеска директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со завчерашниот случај, кога градоначалникот на Чаир со луѓе од Општината истури ѓубре пред Градот Скопје.

Read More