Author: Marija Todorovska
Насир Селими: Држава која постојано се задолжува со финансиски средства не е добар потег, особено кога ги позајмува овие ресурси од надворешниот финансиски пазар. Што се однесува до последново задолжувањето, тоа нема врска со задолжување од меѓународниот финансиски пазар, туку од владата на една држава, што стана вообичаена практика на оваа влада (претходното задолжување беше од владата на Унгарија). Исто така за јавноста е доста нејасно под кои услови е добиен кредитот, која е каматата, колку време ќе се користи… Извор: Фронтлајн
Во следните два дена ќе ги посетам Србија, Косово и Северна Македонија и ќе се ангажирам со владите и граѓанското општество за нивниот пат кон ЕУ, објави утрово на Икс високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на официјалниот дел од нејзината работна посета на Белград.
Двајца вработени во израелската амбасада, маж и жена, се застрелани пред Еврејскиот музеј во центарот на Вашингтон.
Додека милиони Американци се борат да ги покријат основните трошоци за живот, 10-те најбогати Американци, и покрај флуктуациите на берзите, заработувале по милијарда долари секој ден и се збогатиле за уште 365 милијарди долари, покажа анализа на „Оксфам“.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни предупредувања за нетранспарентноста на Договорот за новото задолжување од 6 милијарди евра, кое го спроведува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Лизгање на земјиштето на локален пат и мали штети на објекти, предизвика земјотресот со јачина од 6,1 степени што утрово беше регистриран во морскиот дел на околу 60 километри северно од островот Крит, а според грчките сеизмолози нема простор за загриженост.
Вашингтон: Лео Терел од Министерството за правда на САД ја обвини поранешната прва дама Џил Бајден за можна кривична одговорност за „злоупотреба и занемарување на стари лица“.
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Судењето продолжува на 2 јуни со завршини зборови на Обвинителството.
Брисел: Две лица се убиени утрово при насилен инцидент во холандскиот град Хофдорп, соопшти локалната полиција, додавајќи дека при полициската интервенција на место на настанот се повредени и двајца полицајци.
Со скромна, но значајна церемонија, Општина Чаир денес во Паркот „Украина“ ја организираше поставката на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за рефлексија за трагичните последици од војните и неправдите.
Унапредување на регионалната безбедност, зајакнување на подготвеноста на НАТО како и поддршка на одбранбените планови на Алијансата е целта на мултинационалната вежба „Immediate Response 25“ која од 26 мај до 9 јуни ќе се одржи на армискиот полигонот Криволак.
