Author: Marija Todorovska

Грчкиот брод со името „Оксигоно“ (симболично име што значи „Кислород“), дел од меѓународната иницијатива „Global Sumud Flotilla“, односно конвојот со хуманитарна и политичка порака, чија цел е да ја пробие израелската блокада кај Појасот Газа, синоќа отплови од грчкиот остров Сирос.

Read More

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави денеска дека би можел да прогласи национална вонредна состојба и да воведе федерална контрола врз главниот град Вашингтон, откако градоначалничката на градот, Муриел Баузер, изјави дека локалната полиција нема да соработува со Службата за имиграција и царина.

Read More

Изет Меџити: Чаир е една од најзелените општини во Град Скопје, на 3 километри го има паркот во Чаир, го има паркот во Топанско Поле, има помали паркови, е опкружен со Гази Баба, опкружен со Кале, значи проблемот не е во маалата Стар Чаир и Топанско Поле каде што има колективни згради. Главниот проблем е во нашите маала кои се со субстандардни услови – со Серава, со Дижонска, со Гази Баба, со Топаана, со Карадак маало – сите овие се со индивидуални куќи и имаат проблем и со паркинзите, и со движењето, значи со тесните улици, и со парковите. Ако…

Read More

Македонската квиз асоцијација (МКА) денеска го организира второто Државно квиз првенство на Македонија кое е отворено за сите љубители на квизот, во индивидуални натпреварувања и во двојки.

Read More

Во врска со пожарот во магацинот за електронски отпад „Ф-групација“ во Трубарево, Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата на РСМ и Државниот инспекторат за животна средина, ја информира јавноста дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните поради пожарот што настана во магацинот за електронски отпад во Трубарево.

Read More

Претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, ја оцени ситуацијата по вчерашниот пожар во Трубарево како сериозна и упати конкретни барања до институциите за итно дејствување. Тој истакна дека ваквите кризни настани бараат одговорна, транспарентна и координирана реакција, а не политички спинови и конфузни пораки, наведува СДСМ во соопштение.

Read More

Јавното обвинителство упатило барање Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата со специјални инструменти да изврши мерења и детекција на хемиска и токсична контаминација на воздухот со гасови и честички кои се ослободуваат од пожарот. Известување со резултатите од првичните мерења е доставено до Обвинителството, а се чекаат и резултати од мерења извршени од надлежните служби од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Read More

Две лица се хоспитализирани и две се амбулантски згрижени на Клиниката за токсикологија како последица од пожарот во складиштето за рециклирање електронски отпад во Трубарево.

Read More